Официјална делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот, Никола Бакрачески присуствуваше на вториот глобален состанок на членките на Европската мрежа на езера што денес се одржа во градот Исео во Италија. На работната средба беше искажано заедничкото задоволство на европските партнери од различни земји, дека Европска мрежа ќе овозможи остварување на поблиска соработка во областа на туризмот, културата, размената на искуства за различни области од секојдневното живење во европските градови кои имаат езера. Основната цел на Европската мрежа на езера, е партнерското учество во различни европски проекти од различни европски…
повеќе...Tag: состанок
Планирачки состанок за засилена прегугранична соработка за управување со водните ресурси од Дримскиот басен
Утре и задутре (19-20 Мај) во Тирана, Албанија ќе се одржи планирачки состанок за обезбедување засилена Прекугранична сорабока за управување со водните ресурси за трите големи езера во Дримскиот Басен, Охридското, Преспанското и Скадарското. Посебна цел е да се обезбеди прекугранична меѓусекторска соработка во Басенот. Состанокот е во рамките на поддршката на Германското друштво за соработка (ГИЗ) и проектот за заштита на биодиверзитетот на трите езера. На планирачкиот состанок, заедничка презентација ќе има Билатералниот секретаријат, а од македонска страна ќе презентира Дејан Пановски кој ќе се осврне на актуелните процеси…
повеќе...Средби на МНР Попоски на министерскиот состанок на НАТО во формат „Решителна Поддршка“
Главните теми во дискусиите ги опфатија последиците од политичката криза врз европските и евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Беше изразено сочувство за загубените животи и повредените во нападите кај Куманово, како и загриженоста од присуство и активност на опасна терористичка група во Република Македонија. Со министерот за надворешни работи на Бугарија се разговараше за безбедносните закани и потребата од отворена соработка меѓу сите земји во регионот, како и за условувањата со меѓудржавен договор кој од бугарска страна е истакнат како предуслов за поддршка на патот кон НАТО и ЕУ. Со…
повеќе...Одржан координативен состанок за успешна туристичка сезона
На денешниот координативен состанок, на кој присуствуваа претставници од општина Охрид, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, Секторот за внатрешни работи, ЈП „Билјанини извори“, претставници од туроператори и туристички агенции како и претставник од Здружението на туристички водичи се расправаше за координирање на активностите во текот на туристичката сезона, по што беа усвоени и заеднички заклучоци. Беше оценето дека безбедноста во Охрид е на беспрекорно ниво. Ова посебно беше потенцирано од претставниците на СВР Охрид кои нагласија дека вообичаено се преземаат сите мерки пред почетокот на туристичката сезона да…
повеќе...Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја негува релацијата со стопанството
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со претставници од Проектот ИМЕ финансиран од „Swisscontact” Швајцарија одржаа средба со претставници од Општина Охрид, туристичкиот кластер, локалната туристичка комора, туристички агенции, туроператори и од представници од хотелиерската асоцијација – ХОТАМ. На состанокот се презентираше 4 – годишната програма од ИМЕ Проектот (Increasing Market Employability) за развивање на Охрид како препознатлива туристичка дестинација која ке ја реализира фондацијата „ Swisscontact „ заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. „Меѓу активностите кои ги реализираме…
повеќе...Ќе се интензивираат и координираат системските мерки на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај
Ќе се интензивираат и координираат системските мерки на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај со републичките и општинските сообраќајни инспектори по патен сообраќај и со овластени лица од секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид. Ова е еден од главните заклучоци на состанокот што на иницијатива на СВР Охрид, денес се одржа со републичките и општинските сообраќајни инспектори по патен сообраќај, овластените лица од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, претставници на такси компании и правните субјекти кои вршат линиски превоз во…
повеќе...Ќе се расправа за актуелните состојби со такси превозот во општина Охрид
Актуелните состојби со такси превозот во општина Охрид, е тема на состанокот што денес, на предлог на СВР Охрид ќе се одржи во салата над противпожарната единица. Целта на оваа средба е договарање на превентивни мерки за подобрување на сообраќајот во Охрид и решавање на одредени прашања поврзани со такси превозот во градот. На состанокот, покрај претставници од неколку служби при СВР Охрид, ќе присуствуваат републички и општински сообраќајни инспектори по патен сообраќај, овластени лица од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, претставници на такси компании…
повеќе...Министерот Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Париз
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска учествуваше на 11-от состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој се одржа во Париз. На собирот се покренаа прашањата за дефинирање на програмата и стратегијата на комисијата за тековната и наредната година, со поставување на нова глобална развојна агенда. Министерот Ивановски во Париз оствари средби со истакнати претставници од светот на информациско-телекомуникациските технологии, со кои размени мислења и идеи за актуелните состојби во ИКТ сферата. Бројките на Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ) покажуваат дека мобилниот широкопојасен интернет е најбрзо…
повеќе...Состанок во СВР Охрид „За спортот заедно“
Во рамките на проектот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија „За спортот заедно“, денес напладне во СВР Охрид ќе се одржи работен состанок помеѓу претставници на полициската станица од општа надлежност Охрид и отсекот за превенција со претставници на спортските клубови, нивни симпатизери и членови на навивачките групи. Главната цел на овој проект е поттикнување на соработката помеѓу полицијата и спортските клубови, симпатизерите и членовите на навивачките групи, од аспект на создавање предуслови за безбедност на спортските натпревари како и градење однос на соработка и доверба. Проектот „За…
повеќе...Одржан состанок помеѓу високи претставници на безбедносни институции на Косово и Царинската управа
Во Царинската управа на Република Македонија се одржа состанок помеѓу високи претставници на безбедносните институции на Косово (полициските служби при Министерството за внатрешни работи, Казнено поправната установа при Министерството за правда, Царинската служба при Министерството за финансии) и претставници на Царинската управа на Република Македонија. Состанокот се одржа во рамки на Проектот “Жените во безбедносните институции на Косово“, поддржан од Амбасадата на Норвешка во Косово. Целта на овој проект е подигање на свеста кај младата женска популација за придонесот на жените во безбедносните институции, како и мотивирање за избор на…
повеќе...