Одржана конститутивна седница на Претседателството на ОпО на СБ – Охрид и Дебрца

Претседателството на ОпО на СБ – Охрид и Дебрца, ја одржа својата конститутивна седница во нов состав. Како што информираат, на седницата биле усвоени повеќе работни документи, направен е осврт на работата во изминатите 6 месеци и трасиран е патот во остварувањето на целите и задачите во наредниот период, согласно статутарните определби и програмските насоки. „Претседателството оцени дека живееме и работиме во тешки и сложени општествени, економски и безбедносни состојби. СБ на Македонија како непартиска, невладина, патриотска, мултиетничка и единствена организација на учесниците во НОАВМ 1941-1945 година, низ која се изборени…

повеќе...

Заврши седницата посветена на советнички прашања

На денешната седница на Советот на општина Охрид, посветена на советничките прашања, беа поставени мноштво прашања за реализацијата на тековните и идните активности на Локалната самоуправа, поврзани пред се со проектите од комуналната сфера, урбанизмот, капиталните инвестиции, образованието и другите јавни дејности, работата на јавните претпријатија како и прашања поврзани со другите области од функционирањето на локалната власт. На прашањата на советниците, со прецизни податоци и факти, одговараше градоначалникот Никола Бакрачески, при што потенцираше дека оваа Локална самоуправа работи законито, транспарентно и отчетно и дека резултатите од таквата работа ги…

повеќе...

Свикана четириесет и втората седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ четириесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 08.07.2015 година (среда) со почеток во 11,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Во кој дел од Изборната програма на градоначалникот стои дека планира да ја задолжува општината?

Советничката група на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На денешната 29-та седница на советот на општината Дебрца, по предлог на градоначалникот на општината на дневен ред беше ставена одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Дебрца, со која се предвидува задолжување на општината со подзаем од Министерството за финансии, а во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светска Банка, во висина од 15.122.835 денари (248.000 евра), за финансирање на изградбата на фекална канализација за село Лешани, прва фаза од…

повеќе...

Македонија во фокусот на разговорите на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ

Актуелната политичка состојба во Република Македонија е во фокусот на разговорите на денешниот Совет за надворешни работи на Европската унија во Луксембург. Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ќе разговараат за случувањата во нашата земја со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, а потоа и со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун. Денешните заклучоци што ќе ги донесе Советот на ЕУ, во четврток и петок треба да бидат потврдени од шефовите на држави и влади на ЕУ на Самитот на Европскиот совет во Брисел.

повеќе...

Обраќање на министерот Попоски на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се обрати на редовниот состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена. Даде кус осврт на актуелните состојби во Република Македонија, со фокус на последните разговори во Брисел. „Стратегиска цел за целосно интегрирање на Република Македонија во евро-атлантските структури која има широка поддршка во македонското општество бара сериозен и конструктивен политички ангажман. Република Македонија демонстрираше капацитет за дијалог во кој сите политички чинители треба да се однесуваат одговорно со цел да се надминат актуелните предизвици“, подвлече Попоски. Осврнувајќи се на долгогодишната успешна соработка со…

повеќе...

Заврши четириесет и првата седница на Советот на општина Охрид

Денешната седница започна доста мирно, со усвојување на повеќе предлог одлуки за инфраструктурни зафати на поширокото подрачје на општина Охрид и одлуки кои се однесуваа на субвенции за комунални трошоци и отштета за земјоделците погодени од невремето. Едногласно поминаа и точките од дневниот ред, кои се однесуваа на промена на летниот режим на сообраќај, општинскиот линиски превоз и продолженото работно време за угостителските објекти. Бурен тек седницата доби на десеттата точка од дневниот ред, која се однесуваше на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост…

повеќе...

Свикана четириесет и првата седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ четириесет и првата седница на Советот на општина Охрид на ден 11.06.2015 година (четврток) со почеток во 11,30 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В…

повеќе...

Средствата од продажбата на неизградено градежно земјиште ќе бидат наменети за отплата на наследени долгови и за развојни програми

Приходите од продажба на неизграденото градежно земјиште на кое е предвидена изградба на автобуска станица и дом за стари лица ќе бидат наменети за враќање на наследени долгови и за реализација на развојни програми и проекти, рече градоначалникот Никола Бакрачески кој објасни зошто е неопходен ребаланс на буџетот. „По основ на овие приходи, ние треба да направиме ребаланс на буџетот во расходната стапка по кој основ понатака ќе ги предвидуваме расходите. Претпоставувам дека на опозицијата им смета , доброто остварување и реализација на буџетот посебно во приходната стапка и секако…

повеќе...

Заврши четириесетата седница на Советот на Општина Охрид

Советот на општина Охрид, на денешната седница ја усвои информацијата за содржината и текстот на договорот по Одлуката на Советот на општина Охрид за избор на приватен партнер за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавно осветлување на општина Охрид и даде согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „ Билјанини Извори“. На седницата беа усвоени измените и дополнувањата на Програмата за спорт за 2015 година, измените…

повеќе...