Кајакарски спринт во чест на Илинден

Уште еден од низата спортски настани планирани по повод големиот Македонски празник се одржа на прекрасното Охридско езеро. Имено, викендов во Струга, во организација на Кајакарската федерација на Македонија во соработка со Агенцијата за млади и спорт, како и техничка поддршка на кајакарскиот клуб Дрим од Струга се одржа втората меѓународна кајакарска регата “Илинденски спринт”. Натпреварите започнaa во 09.00 ч со учество на 10-тина клубови од 3 држави Македонија, Србија, Бугарија. Имаше 4 категории (пионери ,кадети, јуниори и сениори) во две дисциплини К1(кајак едносед) и К2(кајак двосед) во машка и…

повеќе...

Заврши четвртото издание на Фестивалот „ДримON“ – ја носи Струга на мапата на креативни градови

Четвртото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“ донесе свежина на струшката културна сцена, каква што одамна недостасуваше. „ДримON“ ја „дигна од мртвите“ и им покажа на стружани и на сите останати посетители дека жед за култура и уметност има, а организаторите, Иницијатива за независен културен активизам (ИНКА) знаат како да понудат вистинска содржина. Најголемите познавачи коментираа дека градот им личи како да е во најубавите времиња од Струшките вечери на поезијата. Публиката, не само што учествуваше како гостин на многубројните содржини, дебати, изложби, работилници, проекции на филмови, театар, концерти…

повеќе...

Претпоследен ден на „ДримON“ – Во Абсентиа Самите да се избориме за вистинска култура во медиумите

Преиспитување на вредносните системи на денешнината, потошувачка наместо мисла и промисла, улогата на медиумите, агресијата на рекламите во капитализмот, и секако, културата, гледана од повеќе аспекти, манипулацијата преку медиумите, концептот „направи сам“, беа клучните сегменти на кои се задржаа учесниците на последната дебата на Фестивалот за процесирање култура „ДримОN“, која се одржа вчеравечер (сабота, 30 јули) пред голем број заинтересирани посетители. Дебатата ја модерираше новинарката и активистка Ана Јовковска, а учесници беа Небојша Вилиќ, Влатко Галевски и Звонко Наумоски, додека публиката, исто така активно се вклучуваше во расправата. Јовковска даде…

повеќе...

Ќерка го пријавила татка си за исчезнат

Вчера во 11:00 часот во ПС Струга, Д.З.(56) од с.Ливада, струшко, пријавила дека на 15ти јули годинава од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот татко М.У.(81) од с.Биџево. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Трет ден на „ДримON“ – Сираци на татковината Книжевното и музичкото (независно) издаваштво – два паралелни универзума

Дебатата на третиот ден на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“, кој се одржа вчера, 29 јули, ги опфати прашањата за независното издаваштво во два сегменти – книжевно и музичко издаваштво. На Летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, публиката имаше можност да чуе и да се вклучи во разговорот кој го модерираше Виолета Качакова, со панелистите Владимир Јанковски, Мирко Попов и Александар Видиновски. Главните точки за коишто се дебатираше беа компарацијата на музичкото и книжевното новинарство, можностите како автор и дистрибуцијата на материјалот. На почетокот на дебатата,…

повеќе...

Втор ден на фестивалот „ДримON“ – „Све(с)т во транзит“

Пронаоѓање на самиот себе си преку внатрешната номадизација, чувството на истоштеност во матичниот културен простор, миграција од нултистепен, културната миграција како носител на новости и можности. Овие точки беа патоказите преку кои се движеше разговорот на дебатата на вториот ден на Фестивалот за процесирање култура, „ДримON“, насловен „Све(с)т во транзит“, кој се одржа вчера, 29 јули во Струга. Професорката Елизабета Шелева ја модерираше исклучително актуелната и интересна дебата и тргна од тезата дека миграциите се, односно ќе бидат револуција на 21 век. Како панелисти беа Искра Гешоска, теоретичарка и уметникот…

повеќе...

„Обојени програм“: Прв пат свириме во Струга, се надеваме на најдоброто

Новосаѓаните „Обојени програм“, кои, за прв пат во своето 30-годишно постоење ќе имаат концерт во Струга, во рамки на фестивалот „ДримON“, соопштуваат дека секогаш кога свират во Македонија ја чувствуваат позитивната атмосфера. Нивниот концерт е утре, 28 јули, на Летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со почеток од 22 часот, а влезот е бесплатен. „Ова ќе биде наш прв настап во Струга, па во таа смисла тоа за нас е многу важен и се надевам дека сите заедно ќе имаме убаво дружење“ – изјавува Бранислав Бабиќ – Кебра,…

повеќе...

УСАИД го поддржува четвртото издание на Фестивалот „ДримON“ во Струга

Четвртото издание на Фестивалот за процесирање култура, „ДримON“, организиран од Иницијативата за независен културен активизам (ИНКА) и овозможен со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД ќе се одржи во Струга од 27 до 31 јули. Фестивалот, кој годинава повикува „Крени уши“, ќе се одвива во и околу Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, ќе понуди сцена за изразување различни прогресивни погледи, ќе разгледува поинакви пристапи на активизам и ќе инспирира критична демократска мисла на граѓаните. „ДримON“ ќе понуди засолниште од хипокризија, дискриминација, културна деградација и сите видови вируси…

повеќе...

Дебата во рамки на „ДримОн“ во Струга: Каде е културата во медиумите?

Дебата што ја разгледува присустноста на културата во медиумите ќе го отвори претпоследниот ден на четвртото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“, кој ќе се одржи од 27 до 31 јули во Струга. Тематскиот ден е насловен „Во Абсентија“, а интерактивната дебата носи наслов „Отсуството на културата и уметноста во медиумите“. Дебатата е закажана за сабота, 30 јули од 19.30 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Модераторка е новинарката и активистка Ана Јовковска, а панелисти се Звонко Наумоски, Небојша Вилиќ и Влатко Галевски. „Од постојана политизираност до доминантно…

повеќе...

Инфраструктурни проекти и нови инвестиции за Радожда

Решавањето на проблемот со фекалната канализација е најголем приоритет за жителите на струшкото село Радожда. Проблемот му го посочија на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски при синоќешната посета на ова населено место на која беше придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски. За финансирање на овој проект, според Груевски, решението ќе се бара преку ИПАРД фондовите на Европската унија. Доколку не се обезбедат на овој начин прашањето со изградба на кракот кај Радожба од колекторскиот систем…

повеќе...