Во Струга обука од концептот „Општина по мерка на граѓаните“

Фондација „Отворено општество“ – Македонија во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“ денеска и утре во Струга организира обука за претставници од граѓански организации на тема „Мониторинг на акциски планови“. Концептот е имплементиран во партнерство со Општина Струга. Обуката има цел да им понуди на претставниците на граѓанските организации алатки за надзор на имплементацијата на локалните стратегии и акциски планови за образование, млади, социјална заштита и за соработка со невладиниот сектор во Општина Струга. По завршувањето на обуката, во текот на март годинава, Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија…

повеќе...

Кривична за жител од Радолишта поради бесправно градење

Полициската Станица Струга поднесе кривична пријава против Р.Б. (36) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во текот на јануари 2016 година на катастарска парцела во катастарска општина Струга, на објект индивидуална стамбена куќа, изградил доградба и надградба со габарити спротивно на издаденото одобрение за градба од надлежните институции. Од страна на градежен инспектор на општина Струга составен е записник и донесено е решение за усогласување на градбата согласно одобрението.

повеќе...

Кривична пријава за стружанец кој нелегално градел

ПС Струга поднесе кривична пријава против Г.А. (55) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот во текот на декември 2015 година, на катастарска парцела во катастарска општина Струга, како закупец на деловен простор бурекџилница од времен карактер, поставил метална конструкција за настрешница без одобрение за градба. Од страна на градежен инспектор на општина Струга составен е записник и донесено е решение за отстранување на градбата.

повеќе...

Кривична пријава за директорот на „Проаква“ – Струга, во ресторани потрошил 98.000 евра

ПС Струга поднесе кривична пријава против В.К. (36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, во текот на 2013, 2014 и 2015 година, во својство на директор во МЈП „Проаква“-Струга, со несовесно работење и трошење на средствата за угостителски услуги, на јавното претпријатие му нанел вкупна материјална штета од 6.001.442 денари. Пријавениот парите ги исплаќал исклучиво за користење на угостителски услуги претежно од ресторани од Струга. По извршениот увид во книговодствената и правната служба како и во финасиските картици на ЈП…

повеќе...

Стружанец заврши на токсикологија

Вчера во 06.44 часот во Полициската станца – Струга од интерното одделение на Медицинскиот центар Струга било пријавено дека на одделението било донесено затруено лице кое не е контактибилно. По преземени мерки било констатирано дека се работи за М.С. (33) од Струга. Поради сериозноста на здравствената состојба, истиот бил пренесен во Клиничкиот Центар Скопје – Оддел за токсикологија, каде е задржан за понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

повеќе...

Три години забрана за влез во РМ за лице од Албанија поради извршени тешки кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.П. (24) од Либражд – Република Албанија. На 27ми јануари оваа година, пријавениот, со уште едно лице од Албанија, во близина на граничниот премин „Ќафасан“ илегално ја преминале државната граница и во населба Теферич од еден автосервис одзеле патничко моторно возило марка „БМВ- 320Д“, кое незаклучено и со клучевите на брава било оставено на поправка. Двајцата, со возилото се упатиле во селото Велешта каде, А.П. повторно…

повеќе...

Непознат сторител украл пари од казино во Струга

Вчера околу 04.10 часот во Струга на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ во казино „Тhe Slots“ непознат сторител извршил тешка кражба при што од касата одзел 194,367 денари. Имено, сторителот со алат ја отворил влезната врата од помошната просторија, потоа се упатил кон главниот влез каде се разминал со вработените, влегол внатре и од касата ги одзел парите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Енергетска ефикасност – значен дел од одржливиот развој на општините

Општините играат значајна улога во промоција на енергетската ефикасност преку развивање и имплементирање на стратегии кои ја подобруваат енергетската ефикасност во објектите и активностите кои се во нивна надлежност. На тој начин, покрај финансиски заштеди, обезбедуваат одржлив развој и намалување на влијанието врз животната средина. Заради тоа на воведувањето на енергетска ефикасност не треба да се гледа исклучиво како законска обврска, туку како можност за долгорочен економски и одржлив развој. Ова беше речено на седмата од серијата работилници за претставување на резултатите од проектот на Светска банка „Промоција на енергетска…

повеќе...

Во Струга ќе се одржи промоција на енергетска ефикаснот на општините од југозападниот регион

Консалтинг за стратешки развој во соработка со Светска банка и Агенцијата за енергетика на Република Македонија организира работилница за претставување на резултатите од проектот „Промоција на енергетска ефикасност на општините во Македонија“. Работилницата ќе се одржи утре, со почеток во 10.30 часот во хотел Дрим, Струга. Во изминатите 18 месеци, преку грант финансиран од Светска банка, 8 општини во Република Македонија (Радовиш, Старо Нагоричане, Новаци, Кавадарци, Пехчево, Брвеница, Лозово и Росоман) добија техничка поддршка за изработка на различни документи кои се важни за енергетска ефикасност на општината (програми, акциски планови,…

повеќе...

Спасовски: Од јануари зголемена е ефикасноста на полицијата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги посети полициските станици во Дебар, Струга и Охрид. Во состав на планот за посети на полициските станици, со цел на терен да се запознае со состојбите како и да ги слушне потребите и проблемите на полицајците.

повеќе...