Непознат сторител пукал во куќа во Велешта

Вчера во 08.15 часот во ПС-Струга Д.Б. (54) од с. Велешта, струшко, телефонски пријавил дека непознат сторител истиот ден околу 03.30 часот, од патничко возило во движење испукал неколку проектили од огнено оружје во правец на неговата куќа. На местото на настанот подигнати се траги и доказен материјал предадени на вештачење. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Стружанец лажно посредувал за работа во Германија и „заработил“ над илјада евра

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (31) од Струга. Во текот на ноември 2015 година, пријавениот со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на неговиот пријател И.М. од Струга лажно му прикажал факти и го довел во заблуда, кажувајќи му дека познава луѓе од Скопје кои за одреден паричен надомест ќе му обезбедат работно место во Германија. Притоа, пријавениот побарал, и од И.М. во периодот ноември 2015-јануари 2016 година, добил вкупно 66.920,оо денари. Тој не…

повеќе...

Пронајдена противтенковска мина кај струшкото село Биџево

Вчера околу 13.00 часот во Полициската станица Струга М.К. (48) од с.Биџево, струшко, пријавил дека при расчистување на канал во с.Бичево повлекол подземен кабел при што на површината на водата се појавила непозната експлозивна направа. Од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување утврдено е дека се работи за противтенковска мина од непознато потекло и истата е подигната за понатамошна постапка.

повеќе...

Струшката полиција поднесе кривична пријава за скопјанец поради измама

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.А.(44) од скопското село Сарај. Во врска со кривичните дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, во пријавата, опфатени се и Б.Д (54) од Велес и Ф.А.(43) од Желино. Во текот на ноември минатата година, првопријавениот М.А. од лице од струшкото село Франгово купил патничко моторно возило „Митсубиши Пајеро“. Купопродажбата била со усмен договор за сума од 9000 евра, со дадена сообраќајна дозвола но без полномошно за управување и…

повеќе...

Охриѓанец починал во казино во Струга

Вчера околу 22:50 часот во Полициската станица Струга вработена во казино „Слот“ во Струга, пријавила дека Ј.М.(54) од Охрид, играјќи на еден од апаратите наеднаш паднал на подот во безсознание. Истиот со возило на итна медицинска помош пренесен во Медицинскиот центар-Струга каде што е констатирана смрт без траги на насилство.

повеќе...

Непознат сторител подметнал пожар пред дом на стружанец

Синоќа во 01,45 часот во Полициската станица Струга Д.У.(40) од Струга пријавил предизвикување општа опасност извршено од страна на непознат сторител. Имено, околу 01,40 часот сторителот предизвикал пожар со фрлање на запалива течност пред вратата на домот на Д.У. при што пожарот се проширил и во внатрешниот дел. Од страна на присутните во домот пожарот е изгаснат при што мајката на Д.У., М.У. се здобила со изгореници во десната нога. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

повеќе...

Соработка на ОСУ „Св.Климент Охридски” со Американското катче – Струга

Во рамките на долгогодишната соработка со Американското катче од Струга, неодамна во гимназиската библиотека се одржа презентација на можностите кои ги нуди оваа организација. На презентацијата присуствуваа голем број ученици од прва и втора година кои беа информирани за локацијата на катчето како би го посетиле, изнајмиле еден од бројните наслови на книги, материјали за подготовка за TOEFL тестирањето и учестувале на конверзациски часови на разни за нив интересни теми каде често за дебатите се повикани експерти од различни области на кои англискиот им е мајчин јазик. Презентацијата и гостувањето…

повеќе...

Стружанец пронашол оружје во атарот на селото Ливада

Вчера околу 15.00 часот во полициската станица, Струга А.Џ. (43) од с. Ново село, струшко, пријавил дека на место кај ниви во атар на с.Ливада, струшко пронашол една рамка за автоматска пушка-оштетена, 14 куршуми калибар 7.62мм непознато производство, четири оштетени чаури и три зрна од проектил. Истите од страна на ОКТ-Струга се подигнати за понатамошна постапка.

повеќе...

Реновирано основното училиште „Мурат Лабуништа“ во Лабуништа

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, министерот за економија Беким Незири, министерот за локална самоуправа Лирим Шабани и пратеници од регионот, денеска го посетија основното училиште „Мурат Лабуништа“ во с. Лабуништа, општина Струга, каде што во тек е реконструкција на старите и дотраени прозорци. „Инвестицијата е на Министерството за образование и наука во висина од 100.000 евра и со неа се врши замена на старите и дотраени прозорци. Се надевам дека оваа инвестиција ќе ги подобри условите и квалитетот на образованието во училиштето, а истовремено ќе придонесе за намалување…

повеќе...

Стружанецот Костески ново засилување во редовите на Макс Струмица

Стружанецот Крсте Костески е новото засилување на ракометниот клуб Макс Струмица. Тој во претходните две и пол години бранеше за РК Охрид 2013, а претходно настапуваше и за РК Струга. Костески играше и за младинската репрезентација на Македонија. Имено, екипата на Макс Струмица учествува во СЕХА лигата, каде моментално лидер е Вардар. Костески ќе има можност да дебитира за „Рисовите“ на 3 февруари кога неговиот тим гостува во Белорусија против тимот на Мешков Брест. Во ексклузивна изјава за WebOhrid, Костески искажа задоволство што се наоѓа во тим со поголема амбиција,…

повеќе...