Кривична за директор на МЈП „Проаква“ Струга поради злоупотреба на службената положба и овластување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службената положба и овластувања“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.К. (35) од Струга. Пријавениот, во периодот од јуни до септември оваа година, во својство на директор на МЈП „Проаква“-Струга во неколку наврати, со неизвршување на својата службена должност, не организирал благовремена набавка на хлор и други заштитни хемиски препарати за тековното чистење на водите од изворите што се користат за градскиот водовод за Струга и околните населби. Во текот на август годинава, во полициската станица во…

повеќе...

Пронајдена дрога кај стружанец

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Е.С. (25) од Струга за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 13-ти август годинава околу 21.20 часот во Струга на ул. „15 Корпус“ од страна на полициски службеници бил извршен преглед на пријавениот при што му се пронајдени 0,13 грама наркотична дрога – марихуана.

повеќе...

Обуки за регистрација и паушално оданочување на земјоделците

Среда, 04.11.2015 – Петок, 27.11.2015, Струга, Могила, Добрушево, Куманово, с.Света, Новаци, с.Подмочани, с.Грнчари, Скопје, Валандово, Босилово, с.Бучин, Гостивар, Виница, Берово, Свети Николе, Василево, Штип, Гевгелија и Богданци. Период: Од 4 до 27 Ноември 2015 година Локација: Струга, Могила, Добрушево, Куманово, с.Света, Новаци, с.Подмочани, с.Грнчари, Скопје, Валандово, Босилово, с.Бучин, Гостивар, Виница, Берово, Свети Николе, Василево, Штип, Гевгелија и Богданци. Организатор: Управа за јавни приходи – Даночна академија Учество на обуката: Со регистрација, односно најава на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките се без финансиски надоместок.…

повеќе...

Кривична за жител од Октиси кој украл две камери од џамија во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Д. (40) од струшкото село Октиси. Со намера да изврши кражба, на 10-ти октомври оваа година околу 14 часот, пријавениот се упатил во џамијата-Теќе „Алвети Хасан Баба,“ во Струга. Најнапред направил обиколка на џамијата по што, искористил погоден момент и со тргање, насилно извадил две камери поставени на sидовите од џамијата со што предизвикал материјална штета од 18.000,оо денари. Потоа брзо избегал од местото по што со украдените камери се упатил према…

повеќе...

Осма едукативна работилница во Струга од втората фаза на проектот „е-Engagement“

Утре во Струга ќе се одржи осмата едукативна работилница од проектот “е-ENGAGEMENT”, организиран од страна на Младински Сојуз со поддршка на фондацијата е-Македонија, заедно со локалните партнери од Струга, Еврофорум. „Минатата есен организиравме четири успешни работилници во четири градови низ Македонија, овој пат организираме 12 еднодневни работилници во 12 градови (Гостивар, Кавадарци, Куманово, Крушево, Струга, Вевчани, Струмица, Гевгелија, Св. Николе, Делчево, Кратово и Штип), со иста главна цел, односно, зајакнување и охрабрување на младите луѓе за користење на дигиталните вештини, нови идеи и алатки кои ќе им овозможат да бидат што…

повеќе...

Пронајдена дрога во стан на турски студент во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.Х.(30) од Измир Република Турција. На 25-ти август годинава, по добиена согласност од сопственикот, извршен е претрес во стан во Струга што пријавениот привремено под закуп го користел. Притоа, во една од собите пронајдено е најлонско кесе со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 2,81 грама. Пријавениот К.Х. кој е студент на еден Меѓународниот универзитет во Струга,…

повеќе...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода на патот Струга – Подмоље

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 19 часот и 54 минути се случи на регионалниот пат Струга-Подмоље. Од силината на ударот и здобиените повреди на лице место починал Ајнур Ц. (29) од Кичево. На местото на настанот, смртта е констатирана од доктор од брзата помош во Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди фрактура на лева клучна коска и фрактура на три ребра на лева страна се здобил возачот на возилото М.М (28) од Кичево. Тој со возило на брза помош е пренесен во…

повеќе...

Саем и во Струга: Можностите за нови вработувања патуваат низ Македонија

Откако започна и вториот караван за новите саеми за вработување низ Македонија, и ги посети Прилеп и Велес, од страна на граѓаните се забележаа позитивни критики за шансите кои ги добиваат за време на овие настани. За разлика од стандарната форма на интервјуирање со потенцијалните кадри, на саемите секој има можност директно и на неутрална локација да се запознае со своите идни работодавачи и во поопуштена атмосфера да ги дознае сите детали за начинот на аплицирање и условите според кои одредена компанија или организација ги одбира своите идни вработени. Денес…

повеќе...

Можности за вработување и во Струга: Стружани во потрага по нови работни места

Финансиската состојба на граѓаните се здобива со градација на позитивен тренд на раст, благодарејќи на новиот караван за саеми за вработување низ Македонија, кој на 30-ти септември започна во Прилеп, по реализираниот успешен прв караван кој за прв пат од тој вид се претстави на македонската јавност минатата година. Илјадници граѓани пронајдоа шанса за нови работни места, со подобри услови кои се поклопуваат со очекувањата на активните баратели на работа. Саемите за вработување се уникатен вид на барање на нови соодветни кадри и за работодавачите низ државата, кои сакаат да…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески гостин на Конгресот на педијатрите

Повеќе од 600 лекари од Македонија, како и гости од регионот, од државите на ЕУ и експерти од САД и Канада учествуваат на шестиот Конгрес на педијатрите на Република Македонија што вчера започна во хотелот „ Изгрев“ во Струга. Конгресот го отвори Маја Иванова, сопругата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, која е и покровител на овој значаен научен собир, а учесниците ги поздравија проф. д-р Аспазија Софијанова, претседател на Здружението на педијатрите на Македонија и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. „Дозволете ми да почнам со благодарност кон мојата…

повеќе...