Беи Дао го претстави своето творештво во црквата „Света Софија во Охрид

Добитникот на „Златниот венец“ на 54. Струшки вечери на поезијата кинескиот поет Беи Дао, синоќа имаше свое претставување во црквата „Света Софија“ во Охрид. Говорејќи за неговото минато, пред присутните во храмот, тој истакна дека животот си го гледа низ долг и темен тунел, на чиј крај е неговото детство. „Бегање од часови уште од мала возраст, читање, фаќање штурци и медитации во глад. Пекинг е градот каде сум роден и израснат. Културната Револуција изби во 1966 година, војната кога имав само 17 години. Ниту основно училиште не завршив, и…

повеќе...

Заев: Специјален обвинител до 15-ти септември или бомбите ќе продолжат во јавноста

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес беше во посета на Струга. Тој  во изјава за медиумите рече: „На крајот на летната сезона, на пазарен ден, јас, генералниот секретар, членовите на Извршниот одбор, пратеничката група, општинското раководство, членови на Централниот одбор, сме во посета на Струга. Мултиетничка Струга ја видовме и по чаршијата, ја видовме и по пазарот, ја видовме и овде покрај плажата, насекаде по било кој дел од секојдневието на Струга, можеме да заклучиме дека народот наш живее заедно. Единствено заедно ја гледа иднината на оваа наша земја, ама…

повеќе...

„Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева добитник на наградата „Браќа Миладиновци“

Книгата „Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка на македонски јазик објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата за 2015 година. Претседателот на жири-комисијата, професорот Зоран Анчевски на денешната прес-конференција, во образложението рече дка авторката недвосмислено покажува дека е поет во вистинска смисла на зборот. Во исто време, додаде, не претендира нејзината поезија да се одликува со длабока симболика или пак со изнасилен излив кој не дозволува нејзината поезија да биде само неконтролиран излив на емоции. „Во книгата Танчева…

повеќе...

Утре ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2015 на СВП

Утре на прес-конференција ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2015 година на 54-те Струшките вечери на поезијата. Наградата се доделува за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу два фестивали. Во потесен избор се книгите „Киноутро“ на Јовица Ивановски, „Слики“ Гордана Михајлова-Бошнаковска, „Се случува вечноста“ на Радован Павловски“, „Година без лето“ од Вилоета Танчева-Златева и „Премостување на мигот“ на Тодор Чаловски. Во рамките на фестивалот авторите на петте книги што влегоа во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ вчера го претставија своето творештво, а најдобрата книга…

повеќе...

Украдена камера на МВР во село Вишни, струшко

Ноќта помеѓу средата и четвртокот над с.Вишни-Струга, поточно над црквата Св.Никола, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на камера сопственост на МВР на РМ. Имено, сторителот со употреба на подесен предмет (моторна пила), го пресекол дрвото на кое била поставена камера, ја одзел и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

повеќе...

„Струшки вечери на поезијата“ на охридски начин, вечерва пред Центарот за култура во Охрид

Струшките вечери на поезијата 2015, вечерва продолжуваат со поетско читање и пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со почеток во 21:00 часот.

повеќе...

Полициската станица од Струга со низа безбедносни мерки за СВП

Во врска со одржувањето на културната манифестација „Струшки вечери на поезијата“, полициската станица од Струга, презема низа неопходни мерки со цел безбедно одвивање на планираните програмски активности. Безбедносните мерки се насочени кон оперативно покривање, сообраќајно и физичко обезбедување на објектите и местата каде се планирани активностите а ќе бидат во функција на непречено одвивање на овие значајни културни средби. Во таа насока, на 29-ти и 30-ти август, во централното градско подрачје ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот со привремено ограничено движење на моторни и друг вид на возила по…

повеќе...

Почнаа 54. Струшки вечери на поезијата

Со традиционалното читање на Константиновата Т’га за југ, поетско послание на познатиот сириско-либански поет со светска слава Адонис, кој се обрати во име на сите поети учесници и лауреати на „Златниот венец“ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата синоќа почна 54. издание на Струшките вечери на поезијата. Претходно во Паркот на поезијата беше засадено дрвце во чест на лауреатот, добитникот на највисокото признание „Златен венец“, кинескиот поет Беи Дао. На свеченото отворање присуствуваа министерката за култура на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска, државниот секретар во Министерството за култура…

повеќе...

Стефоски: Поезијата на Беи Дао е достојна за „Златниот венец“ на СВП

Поезијата на годинашниот лауреат на 54. Струшки вечери Беи Дао ги содржи сите предуслови за да биде наградена со признанието „Златниот венец“, истакна директорот на фестивалот Мите Стефоски денеска на прес-конференција. „Имаме исклучителна прилика повторно да се навратиме на кинеската поезија преку вториот лауреат после Лу Јоан, овој пат со поет со сосема различна поетика. Навистина е чест на македонски да биде претставено творештвото на еден од најзначајните претставници на т.н загадочна школа на поезијата. Една група кинески поети кои во 70-тите почнуваат со трагање по нов поетски јазик во…

повеќе...

Кривична пријава за лице од струшко поради кражба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.В.(37) од струшкото село Поум. Пријавениот, без соодветна документација за сеча на дрва организирал, пресекол и одзел туѓа шума во количина од 10 метри просторни, со што се стекнал со противправна имотна корист од 24.000,оо денари. Тој ангажирал три лица албански државјани за сеча на дрва од шумски терен во подрачјето на селото Поум на земјиште кое не е негова сопственост. Тие требало бесправно односно без одобрение да ги сечат дрвата а…

повеќе...