Охрид домаќин на Меѓународна Лидерска академија за млади жени

Во Охрид ќе се одржи втората меѓународна Лидерска академија за млади жени организирана од страна на Сороптимист Македонија. Иницијативата за формирање Сороптимист клуб во Струга, започна во 2010 година после Студиската посета на Катерина Василеска во САД. Василевска таму имаше средба со претставничките на Сороптимист од Њујорк кои ја поврзаа со Европската Сороптимист Федерација. Со голема поддршка од Тони Филедкок од Холандија, клубот се формираше во октомври 2012 година. Меѓу 2010 и 2012 година, група жени од Струга помогнаа за поставувањето на темелите на клубот преку организирање разни активности за…

повеќе...

Лице од Долна Белица со нож нападнало стружанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ф.Р.(50) од струшкото село Долна Белица. Тој, на седми овој месец, со нож го нападнал Љ.Д. (79) од Струга нанесувајќи му тешки телесни повреди-посекотина на врат во должина од околу 16 сантиметри. Настанот се случил во 20 часот и 30 минути на улицата „ЈНА“ во Струга, каде сега пријавениот, во видно алкохолизирана состојба, го забележал Љ.Д. кој со тапан најавувал дека е време за вечера според муслиманскиот рамазански пост. Тука,…

повеќе...

Струга повторно ќе биде во центарот на вниманието на ракометна Европа

Со одржувањето на 43-от меѓународен турнир во ракомет „Струга 2015”, во периодот од 12 до 15 август оваа година, градот Струга повторно ќе биде во центарот на вниманието на ракометна Европа, а со тоа Република Македонија уште еднаш ќе се најде на светската ракометна карта, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески на денешната прес конференција и дополни дека АМС продолжува финансиски да ги поддржува ваквите манифестации. Агенцијата за млади годинава од својот буџет одвои 500.000 илјади денари во насока на поддршка и организација на овој турнир,…

повеќе...

Стружанец прободен со нож

Вчера околу 20,40 часот во Медицински Центар-Струга Оддел Хирургија, бил донесен Д.Л.(1936) од Струга, со повреди во пределот на левата страна на вратот (посекотини) нанесени од остар предмет. Од преземените мерки постојат сомненање дека сторител е Р.Ф.(50) од с.Долна Белица-Струга. Истиот е приведен во Полициската Станица Струга и по целосно расистување на случајот ќе му биде поднесена содветна пријава.

повеќе...

Охрид и Струга: Социјална правда сега!

Иницијативата „Социјална правда сега“ го продолжува својот карван во Охрид и Струга. Вести за социјална (не)правда во својот град, охриѓани ќе имаат можност да ги гледаат во живо на централниот плоштад,  денеска со почеток во 20:30 часот, а стружани утре пред хотелот Белград со почеток во 20:30 часот. ЦИВИЛ – Центар за слобода заедно со Македонската платформа против сиромаштијата ја поведоа иницијативата со цел да се разоткрие тешката социјална положба во Македонија, посебно на локално ниво. Цивил Медиа и во овие два града ќе продолжи да продуцира видео прилози кои…

повеќе...

Конкурс за ангажирање лица при организација на ЕП за кошаркари до 16 години во Охрид и Струга

Европското првенство за кошаркарки до 16 години во Охрид и Струга ќе се одржи од 13 до 23 август, а ќе настапуваат 20 репрезентации меѓу кои и Македонија. Ќе бидат избрани вкупно 57 лица, од кои 19 задолжени за гостинските репрезентации, 6 одговорни лица во хотелите на десковите за информации, а останатите лица ќе бидат ангажирани во спортските сали. Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со наслов „За конкурс за ЕП во Охрид и Струга“. При испраќањето, задолжително е да се избере позицијата…

повеќе...

Замина првата група деца на бесплатен одмор во Струга

Првата група деца од семејства од социјален ризик денеска заминаа на бесплатен летен одмор во Струга. Во рамки на проектот на Владата, што го реализира од 2012 година, годинава ќе заминат 2.000 деца на бесплатен летен одмор. За одморот да помине во најдобар ред ќе се грижат волонтери на Црвениот крст на Република Македонија. „Продолжуваме со реализација на проектот. Денеска ја испраќаме првата група од 100-тина деца од Скопје и Куманово. И на секои седум дена се до крајот на август ќе се реализира овој преокт со што ќе се…

повеќе...

Во Струга ќе се одржи семинар за ракометни тренери

На 14 и 15 Август во Струга ќе се одржи семинар за ракометни тренери како еден од задолжителните за тренерска лиценца за натпреварувачка сезона 2015/16. Семинар за ракометни тренери Струга 2015

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанка поради узурпација на недвижност

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против В.К.В.(44) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“. Во текот на 2015 година пријавената во катастарска општина Мислешево узурпирала 599 метри квадратни државно земјиште лоцирано покрај магистралниот пат Охрид-Ќафасан, притоа оградувајќи го и со насипување на песок, со што овозможила пристап од магистралниот пат до имотот, кое подоцна го изнајмувала како паркинг простор.

повеќе...

Јавен повик за вклучување на месните заедници од охридско-струшкиот регион во голема акција за чистење на крајбрежјето на 21-ви јуни

Активистите на граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ ги повикуваат месните заедници од охридско-струшкиот регион да се вклучат во заедничка голема акција за чистење на охридското крајбрежје на 21-ви јуни  – првиот ден од летото и Денот на езерото. „Нашите волонтери ќе чистат во реонот на Студенчишко Блато, но сметаме дека сите плажи кои се користат во текот на летната туристичка сезона треба да бидат цел на оваа акција. Од таа причина ги каниме локалните месни заедници да ни се приклучат така што ќе ги активираат своите жители за чистење на плажите во…

повеќе...