Конзервација на фрескоживописот во храмот „Св. Ѓорѓија“ во Струга

Со поддршка на Министерството за култура во тек е конзервацијата и ревитализацијатана фрескоживописот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, споменик на културата од 19 век. Конзервацијата на фрескоживописот која се одвива во неколку фази е од исклучителна важност, особено од иконографски аспект и е дел од програмата на Министерството за култура за заштита на недвижното културно наследство. Како што соопшти Министерството, во рамки на проектот стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците од Охрид во изминатиот период извршија истражувачки работи на фрескоживописот – беа отстранети наталожените нечистотии, а беше…

повеќе...

Интензивни градежни активности на спортските терени во струшко

Струшките села Нерези и Мороишта ќе добијат нови спортски терени до крајот на јули. Ова денеска го констатираше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој изврши увид во градежните работи за изградба на повеќенаменско игралиште во селото Нерези и реконструкција и адаптација на фудбалското игралиште во селото Мороишта. „Динамиката на реализација на двата проекти се одвива согласно утврдените рокови во Програмата на Владата и очекуваме до крајот на јули овие два спортски капацитети да бидат ставени во функција. Струга и струшкиот регион се познати по спортскиот потенцијал,…

повеќе...

Сојузот на борци од Струга ќе одбележи 71 година од формирањето на Првата македонска ударна бригада

Под мотото „Мир-Традиција-Иднина“, во понеделник, 8-ми јуни во Струга ќе биде одбележана 71 година од формирањето на Првата Македонска Пролетерска Народно-Ослободителна Ударна Бригада. Свеченоста ја организира Сојузот на борци од НОАВ 1941-1945 на Македонија-Општински одбор, Струга, со следнава програма: – 11:00 часот-Отворање на свеченоста-Простории на ОО СБМ-Струга – 11:15 часот-Полагање на свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата во Струга – 11:30 часот-Делегација на СБМ ќе положи свежо цвеќе на Споменикот на Првата Македонска Пролетерска Народно-Ослободителна Ударна Бригада во с.Локов(Струшка Малесија) – 11:45 часот-Поздравен збор на Претседателот на Општинскиот одбор на СБМ-Струга…

повеќе...

Велосипедист загина при сообраќајна незгода кај Враништа

Вчера околу 11:00 часот на регионалниот пат Струга-Дебар поточно во с.Враништа случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Волксваген Пасат“ со охридски регистерски ознаки и велосипед управуван од Михаил С. (79) од с.Враништа. Од незгодата Михаил се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош, но околу 17,30 часот истиот им подлегнал на повредите. Од страна на ПС„Струга“ и Ј.О. извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Лице од Албанија на шопинг во Струга со фалш банкнота од 20 евра

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.Џ.(34) од Берат, Република Албанија. На 24-ти минатиот месец, пријавениот во продавница во Струга купил електро опрема и притоа платил со фалсификувана банкнота од 20 евра односно истата ја пуштил во платен промет. Настанот се случил околу 13 часот кога сега пријавениот со други 3 лица од Албанија пристигнал во Струга со намера да купат автомобил. Во продавница за електро опрема лоцирана во градскиот пазар, сега пријавениот купил електро опрема во…

повеќе...

Тешка сообраќајка кај Стража, едно лице загина

Вчера околу 16:10 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево на 2км од „Мавровска раскрсница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Форд Фокус“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Хаки Џ. (51) од с.Чајле и минибус „Мерцедес“ струшки регистарски ознаки управувано од В.Ш.(66) од с.Велешта – Струга, при што на местото на настанот починал возачот на ПМВ Хаки Џ., а со повреди се здобиле сопатниците во минибусот: Ф.Б.(26) од с.Србица – Кичево и Д.Л.(35) од с.Вевчани-Струга. На истите им била укажана лекарска помош во УЦ-Гостивар. Увид извршиле ЈО и увидна екипа…

повеќе...

ЕВН Македонија отвори нова градска читалница во Струга

Во Домот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ЕВН Македонија отвори нова читалница. Оваа донација е продолжение на проектот на ЕВН Македонија за поддршка на македонската литература и творештво и за поттикнување на читачките навики. Еднаш неделно во читалницата ќе се одвиваат едукативни работилници за младата популација на возраст од 6 до 14 години, кои ќе ги спроведува асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој „Паблик“ во соработка со ИНКА, (Иницијатива за независен културен активизам). Интенцијата е преку неконвенционални методи да им се доближи книгата на учениците, притоа тргнувајќи од…

повеќе...

Геодет од Струга заработи кривична пријава

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела “Посебни случаи на фалсификување исправи“ и “Затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Т. (43) од Струга. Пријавениот, од март до ноември 2013 година, во својство на управител на правното лице „ГЕОПРЕМЕР ДООЕЛ увоз-извоз Струга“, спротивно на Законот за катастар на недвижности, го упoтребил службениот печат на фирмата и неовластено издал и потпишал девет геодетски елаборати за посебни намени. Пријавениот неовластено го упoтребил службениот печат и во 2014 година, кога во име на фирмата неовластено издал уште три елаборати…

повеќе...

Претприемништвото задолжителен предмет во образованието

Претприемништвото да се воведе како задолжителен предмет во средните училишта со водедување на пракса и волнтирање во претпремачки компании е една од главните препораки кои произлегоа од завршната конференциа „Креирање Ефективни Можности за Младинско Вработување” која се одржа во Струга од 21 – 24 мај 2015 година. Конферениоата ја реализираше Коалицијата на младински организации СЕГА поддржана ЕРАСМУС+ програмата преку Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, Клучна Акција 3 (Структурен дијалог). На конференцијата свои презентации имаа и Урим Касапи од канцеларијата на УНДП во Македонија, Младен Фрчковски од Министерството…

повеќе...

Државјанин на Косово исчезнал во Струга

На 22.05.2015 година во ПС-Струга, И.Б.(65) од Приштина – Р.Косово, пријавил дека истиот дена околу 09.00 часот во непознат правец се оддалечил неговиот син А.Б.(30) од Приштина – Р.Косово, кој престојувал во Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...