Се прават последните подготовки во пресрет на утрешниот ден за кога од УХМР се најавуваат нови снежни врнежи, но со помал интензитет. Прва цел е сите села во Република Македонија да бидат проодни, а тоа се прави со помош на општините и Дирекцијата за заштита и спасување. Во меѓувреме, екипите од ЕВН работат на отстранување на дефектите за сите села да добијат струја, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски по денешниот состанок на Координативното тело на Кризниот штаб. Согласно акцискиот план, појасни тој, се очекува денеска најголем дел…
повеќе...Tag: струја
Општина Дебрца, Вевчани, Велешта и други критични места добија електирчна енергија
Екипите на ЕВН Македонија санираа поголем број на дефекти настанати од интензивните снежни врнежи и силнот ветер по што состојбата со електро снабдувањето во кризните региони полека се нормализира. Доцна попладнето отстранети се дефектите на двете 35 Кв врски од Струга кон Суво поле од каде што со електричната енергија се напојуваат Вевчани, Велешта и околните села. Отстранет е и дефектот на 35 кВ трафостаница од каде со електрична енергија се напојува Лабуништа и нормализирано е снабдувањето на повеке населени места на тој потег.Во охридскиот регион состојбата е нормализира. Оспособени…
повеќе...Царинарница Битола се уште работи отежнато
Од Царинската управа информираат дека поради прекин во снабдувањето со електрична енергија и интернет врските, како и големите наноси снег и денес, 2 јануари 2015 година работата на повеќе гранични царински испостави на територијата на Царинарница Битола се одвива во отежнати услови. Поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија, прекин на телефонската и интернет врската, како и недорасчистените наноси од снег на патишатата, работата во царинската испостава Ќафасан се одвива крајно отежнато, посебно на отсекот за стоково царинење. Иста е ситуацијата и во царинската испостава Стење. Во отежнати услови поради нерасчистените…
повеќе...Состојбата во Македонија по обилните врнежи од снег и снабдувањето со електрична енергија
Пресек на состојбите за снабдувањето со електрична енергија до 08:00 часот. Во општина Охрид без напојување со електрична енергија се селата: Опеница, Завој, Куратица, Речица, Плаќе и Свињишта. Во општина Дебрца екипи на ЕВН прават напори да ги приклучат селата кои гравитираат во оваа општина во дистрибутивната мрежа. Во општина Струга селата кои гравитираат во повисоките планински предели како што се Пискупштина, Нерези, Безево, Дренок, Вишни, Г.Белица, Мали Влај, Јабланица, Боровец, селата од Малесијата, Мислодежда, Брчево, Богојци се работи на отстранување на дефектот и овие села да добијат електрично напојување.…
повеќе...Жителите на Куратица, Вапила и Ливоишта петти ден се без струја – Утре ќе протестираат пред ЕВН
Жителите на Куратица, Вапила и Ливоишта веќе петти ден се без електрично напојување. Тие, поради револт кон ЕВН, утре во 12:00 часот организираат протест. „Ги повикуваме сите да го подржат протестот, да се изврши притисок кон неодговорното однесување на ЕВН. Поаѓањето од Куратица е утре во 11:00 часот, оттаму тргнува Бале Турс и останатите возила, кој ќе доаѓа од Охрид да биде во 11:45 наспроти Охридска банка (поранешен први мај).“– велат од Месната заедница од Куратица.
повеќе...Електрична енергија, природен гас, јаглен и нафтени продукти, септември 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 579 405 МWh електрична енергија, 3.307 мил. nm3 природен гас, 482 522 тони јаглен и 75 363 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66.5% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96.4% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.
повеќе...Решен проблемот со електричната енергија во ОУ „Григор Прличев“
Општина Охрид, утрово ги подмири обврските на ОУ „Григор Прличев“ кон ЕВН- Македонија за потрошена електрична енергија во износ од 813.439. 00 денари. Струјата во училиштето е веќе вклучена а тоа значи дека наставата продолжува да се реализира во нормални услови, учениците ќе учат во топли и светли простории. Инаку, на вчерашната вонредна седница која беше свикана по иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески, со одлука на градските советници, општина Охрид се обврза да го исплати долгот кон ЕВН Македонија што училиштето го има за потрошена електрична енергија. Во изминативе денови…
повеќе...Наскоро конечна разврска на проблемот со електричната енергија во ОУ „Григор Прличев“
„Можно е уште во текот на овој ден , да има конечна разврска и надминување на проблемот со струја во основното училиште “Григор Прличев“,“ најави денес охридскиот градоначалник Никола Бакрачески кој потенцира дека Локалната власт е во постојани преговори со доверителите кои ја имаат блокирано сметката на Основното училиште „ Григор Прличев“ по што веднаш потоа ќе биде платен долгот кон ЕВН и училиштето ќе добие електрична енергија. „Денеска претпладне имавме работни средби и состаноци со доверителите, со нив работни состаноци имаме и во текот на попладнево. Ги разгледуваме сите…
повеќе...Општина Охрид деноноќно работи на решавање на проблемот со исклучената струја во ОУ „Григор Прличев“
Локалната самоуправа со несмален интензитет многу посветено и макотрпно продолжува да работи на решавање на проблемот со исклучената струја во Основното училиште „Григор Прличев “ , и очекува многу наскоро надминување на истиот . По вчерашното детално елаборирање за проблемот од страна на градоначалникот Никола Бакрачески кој објасни дека истиот е резултат на застарени обврски и игнорантскиот однос на поранешното локално раководство кон долгогодишниот имотно- правен спор со кој се соочува ОУ “Григор Прличев“ поради што за енормно висок износ е блокирана неговата сметка , денес секретарот Димитар Спасески објасни…
повеќе...ЈП „Билјанини Извори“ интензивно преговара за вклучување на електрична енергија
„Јавното претпријатие ЈП „ Билјанини извори“ со поддршка на Локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески, води интензивни преговори со ЕВН за начинот на плаќање на заостанатиот наследен долг и вклучување на напојувањето со електрична енергија“ – изјави денеска директорот на претпријатието Ристе Мишев. Тој објасни дека голем дел од наследените долгови од претходното раководство ,кое недомаќински работело се сервисирани, сметката е одблокирана уште на почетокот на летото и дека е уверен за брзо решавање на проблемот со исклучената електрична енергија. „Јавното претпријатие „Билјанини извори“ нема плаќано фактури за електрична енергија…
повеќе...