Притворен охриѓанецот кој опожари возило на ул. „Климентов Универзитет“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Р.(30) од Охрид за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ а од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. На 31.03.2017 година околу 01:00 часот во Охрид на ул. „Климентов Универзитет“, пред куќа сопственост на Н.Д. (42), од непознати причини опожарено било ПМВ „Волксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, негова сопственост, по преземени мерки утврдено е дека сторител е П.Р.

повеќе...

Пронајдена дрога кај жител од Вевчани

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 17 годишно лице од с.Вевчани, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суостанции и прекурсорси”. На 13.11.2016 година, во 17,30 часот, од страна на полициски службеници, на ул. „Васил Стефоски” при преглед на пријавениот пронајдена е кеса со 5,1 грама марихуана и нож.

повеќе...

Кривична пријава за лице од Лабуништа поради измама

НККР Струга поднесе кривична пријава против С.Ќ.(51) од с.Лабуништа, за сторено кривично дело „измама“. Во текот на јули 2016 година, пријавениот со цел за себе да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда три лица со лажно прикажажување на факти и можности дека за одреден паричен надомест може да им обезбеди државјанство за Р Чешка. По ова лицата му исплатиле по 3.500 евра или вкупно 10.500 евра а остатокот од парите се договориле да му бидат исплатени после 120 дена откако ќе им ги обезбеди документите. По одредено време откако…

повеќе...

Охриѓанец крадел велосипеди, апарати за домаќинство и дел од покуќнина

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. Во периодот од 26 јануари до 09 март 2017 година, на ул. „Дејан Војвода” во куќа сопственост на С.М., пријавениот насилно влегол и одзел неколку велосипеди, повеќе апарати за домаќинство и дел од покуќнината со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 250.000 денари.

повеќе...

Опожарено возило во Охрид

СВР Охрид презема мерки за расветлување на сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“ и пронаоѓање на сторител кој предизвикал опожарување на патничко моторно возило марка „Голф“ со охридски регистарски таблици. Казненото дело е сторено на ден 31 март оваа година околу 01 часот на улицата „Климентов Универзитет“ во Охрид. Од извршениот увид на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното стакло, задната клупа, задното седиште, кровот и задниот лев трепкач. Пожарот е…

повеќе...

Кривична пријава за кичевчанец поради неовластено навлегување во компјутерски систем

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(29) од кичевското село Грешница. Пријавениот, во текот на oктомври, ноември и декември 2016 година со намера да стекне со противправна имотна корист, во 11 наврати неовластено навлегол во електронски систем на Мастер кард во сопственост на Е.Џ. од Кичево. На тој начин предизвикал невистинит резултат при електронската обработка и преносот на податоците, по што извршил трансфер на парични средства во износ од 137.000 денари кои…

повеќе...

Кривична за инвеститор кој без одобрение изградил куќа во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т. (47) од Охрид. Пријавениот, како инвеститор, без одобрение за градба и спротивно на законот за градење издадено од надлежен орган, бесправно изградил семејна куќа од П+1 кат на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид. Во текот на февруари оваа година, овластен градежен инспектор од одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, извршил инспекциски надзор и со записник потврдил дека се работи за бесправно изграден објект, спротивно на Законот за градење.

повеќе...

Едукација и обука на полициските службеници во СВР Охрид

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи согласно своите надлежности и согласно приоритетите, целите и мерките од Втората национална стратегија 2015-2020, денес и утре во Охрид ја организираат првата од серијата дводневна работилница за надлежните лица од МВР на која преку размена на искуство, знаење и информации ќе се анализираат состојбите со безбедноста на патниот сообраќај на локално ниво, начините на работа и ќе се дефинира пристап, методи и мерки како актуелната состојба може да се подобри односно да се намали бројот на загинати…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец кој упатувал сериозни закани кон неговата сопруга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И. (38) од Охрид. Пријавениот, подолг период ја загрозувал сигурноста на неговата сопруга, со која не живеел во заедница, упатувајќи и сериозни закани дека ќе нападне врз нејзиниот живот. Тоа го правел со испраќање пораки со навредлива и заканителна содржина како и со често одење на нејзиното работно место. На 25-ти минатиот месец, пријавениот А.И. по серија упатени СМС пораки со закани, отишол на нејзиното работно место и пред присутните колеги отпочнал…

повеќе...

Кривична пријава за 27 годишна охриѓанка поради давање лажен исказ

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање лажен исказ“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К. (26) ОД Охрид. Пријавената, на петти јануари оваа година, во Отсекот за управни работи при СВР Охрид, во управна постапка дала лажен писмен исказ дека пред околу една година, ја загубила својата возачка дозвола. Тоа го направила иако знаела дека возачката дозвола како јавна исправа, претходно ја употребила во Република Италија за замена на македонската и добивање на италијанска возачка дозвола. Врз основа на овој писмен исказ даден во управна постапка,…

повеќе...