Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.Ш. (41) од струшкото село Октиси. Тој, казненото дело го сторил на 26-ти минатиот месец во 23 часот и 45 минути, кога, со намера да се стекне со противправна имотна корист, насилно влегол во продавница-железарија „Етко 2015“ во струшкото село Октиси. Пријавениот, со употреба на подесен алат извршил обивање на бравата од влезната врата на продавницата а потоа со физичка сила успеал да ја отвори вратата. Одкако влегол во продавницата, И.Ш.…
повеќе...Tag: свр
Кривична пријава за жител од Косел поради кражба на дрва и пустошење шуми
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва“ и „пустошење шуми“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М. (37) од охридското село Косел. Пријавениот, во изминатиов периодот од годинава, во атарот на ресенското село Лева Река, без одобрение за сеча, нелегално извршил сеча и одзел 2,5 метри просторни дабови дрва сопственост на Република Македонија. Дополнително, пријавениот З.М. противправно извршил сеча и присвоил уште 0,4 метри просторно дабово дрво. Пријавениот, спротивно на одредбите на Законот за шуми, без одобрение, со моторна пила и секира извршил сеча на…
повеќе...Двајца охриѓани претепале и ограбиле старец
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д. (25) од Охрид и Г.Д. (18) од с.Горно Лакочереј поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво. На 24.02.2017 година околу 16.50 часот во с. Лакочереј, додека Т.Д. (83) седел во хаварисано возило, дошле пријавените ја отвориле вратата од возилото и почнале да го удираат по главата нанесувајќи му телесни повреди, по што му одзеле околу 19.000 денари. Од страна на судија на претходна постапка на А.Д. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
повеќе...Жител од Лескоец заработи кривична поради фалсификување пари
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.Р. (34) од охридското село Лескоец. На 11-ти минатиот месец, пријавениот, во продавницата „Балкопром“ во струшката населба Плитишта, во оптек пуштил фалсификувана банкнота од 1000 денари со сериски број БА3427637. Н.Р. со лажната банкнота купил цигари и ја напуштил продавницата а вработената се посомневала во банкнотата и веднаш го пријавила настанот. По преземање на потребните оперативни мерки, полициските службеници го утврдија идентитет на сторителот, набрзо го пронајдоа и го лишија…
повеќе...Битолчанец неовластено употребил платежна картичка од охриѓанец
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Т. (31) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 02.01.2017 година во околу 12.29 часот пријавениот во два наврати неовластено употребил платежна картичка, сопственост на С.Т. (49) од Охрид, а живее во Битола, но поради недоволно средства на истата, не успеал да подигне пари.
повеќе...Кривична за управител во струшки хотел поради неиздавање фактури и фискални сметки
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „даночно затајување“, полициската станица од Струга, поднесе кривична пријава против К.Ш. (58) од струшкото село Ложани како и против Трговско друштво за угостителство, трговија и услуги „Шуми 81“ што стопанисувало со хотелот „Бисер“-Струга. Во текот на 2016 година, пријавениот К.Ш. како управител на ДООЕЛ „Шуми 81“, за извршените услуги за свадби, крштевки и други свечености во хотелот „Бисер“, не изготвувал соодветни фактури и не издавал фискални сметки и не ги регистрирал во книговодството на фирмата.…
повеќе...Кривична за жител од Дебар поради пустошење шуми и кражба на дрва
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „пустошење шуми“ и “кражба на дрва“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Н.К. (36) од Дебар. Пријавениот, во периодот од 20 до 22 јануари оваа година во атарот на селото Бомово поточно кај „Бомовските гробишта“, без одобрение за сеча, нелегално извршил сеча и одзел шест дабови дрва сопственост на Република Македонија во количина од 3,37 метри просторни со што направил штета во вредност од 23.590 денари. Во периодот од 23 јануари до 27 јануари оваа година, пријавениот исто така…
повеќе...Кривична за две лица од Лабуништа поради кражба на струшка златарница
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.М. (31) и М.Ш. (20) двајцата од струшкото село Лабуништа. Пријавените, казненото дело го извршиле на 13 јануари оваа година во златарница „Енко-Голденко“ лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Струга. По претходен меѓусебен договор, пријавените пред полноќ пристигнале пред златарницата каде со помош на цврст предмет, насилно ја отвориле влезната врата влегле во внатрешноста на златарницата извршиле пребарување и од излог противправно одзеле три сребрени белегзии по што го напуштиле местото…
повеќе...Кривична пријава за охриѓанец поради поседување дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ж. (22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 04.06.2016 година во 19.50 часот од страна на полициски службеници било забележано како пријавениот од предниот дел од неговата маица фрлил сина полиетиленска кеса со опојна дрога марихуана со нето маса од 28,3 грама, по што се дал во бегство. Откако пријавениот бил сопрен од полициските службеници во истиот момент од задниот десен џеб фрлил една кутија…
повеќе...Кривична пријава за 23 годишен охриѓанец кој се обидел да ограби маркет
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Т. (23) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид”. На 14.02.2017 година пријавениот околу 11:35 часот влегол во маркет на ул. „Галичица“ и со закана со нож од вработената го побарал дневниот промет. Во тој момент вработената почнала да ја довикува нејзината колешка која била во магацинот, по што пријавениот го напуштил маркетот и побегнал.
повеќе...