Скопјанец нападнал девојка во влез од зграда во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „задоволување полови страсти пред друг на јавни места“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.П. (25) од Скопје. Пријавениот, казненото дело го сторил на 28-ми јуни оваа година во 10 часот и 45 минути во влез од зграда на булевар „Туристичка“ во Охрид. Половото дејство на јавно место, пријавениот го извршил откако во влезот од зградата забележал девојка која била во близина на поштенските сандачиња по што и се приближил и започнал да ја допира. Таа го оттурнала сторителот, а набрзо…

повеќе...

Жител од Исланд заработи кривична поради „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.О. (22) од Исланд поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ во обид. На 20.04.2017 година пријавениот неовластено навлегол во е-маил комуникација, изготвил фалсификувана фактура и со менување на лажни банкарски податоци, создал услови паричните средства во износ од 4.725 евра уплатени од страна на Т.Д. (45) од Охрид, наместо да бидат пристигнати на сметката на неговиот деловен партнер од Р.Србија, биле уплатени на банкарската сметка на пријавениот.

повеќе...

Стружанец украл пари во куќа на ул. „Кузман Јосифоски Питу“

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Д.М. (31) од Струга поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во периодот од 08 до 14.07.2017 година во куќа на ул. „Кузман Јосифоски Питу“ во Струга, сопственост на С.Л. (59), пријавениот со оригинален клуч, пронајден под чергата пред влезната врата, влегол внатре и одзел 700 евра, 5.500 денари и 22 американски долари.

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец кој со нож и секира ја повредил мајка си

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.С.(43) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил на седми мај оваа година околу 21:00 часот во семејната куќа на улицата.,,Даме Груев” во Охрид каде, во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со неговата мајка барајќи и пари. Откако оштетената му одговорила дека нема пари, пријавениот земал нож во рацете и крајно агресивен и упатил сериозни закани по нејзиниот живот. Потоа го отфрлил ножот и земал секира по што, физички ја нападнал ударајќи…

повеќе...

Ограбен маркет во Охрид

На 07.07.2017 година околу 04:20 часот во Охрид на ул.„Димитар Влахов“ во маркет „Теди“, непознато маскирано лице со закана со пиштол извршило разбојништво врз вработената, при што одзело сума на пари од околу 60.000 денари од дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

повеќе...

СВР Охрид нема упатено препораки за напуштање на домовите, да не се шират лажни информации

Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска учествуваше на координативниот состанок на Кризниот штаб, Локалната самоуправа и претставници од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје. Како дел од Кризниот штаб, СВР Охрид презема мерки што се делокруг на работа на полициските службеници, а во овие моменти ги прима и насочува граѓаните кои сакаат да пријават оштетувања од земјотресите и ги советува граѓаните согласно дадените насоки од експертите од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при…

повеќе...

Во Охрид реализиран проектот „Улогата на полицијата во демократизацијата на општеството“

„Улогата на полицијата во демократизацијата на општеството“, е насловот на проектот што викендов во Охрид се реализираше во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Оддел Македонија. На денешните завршни сесии, ќе биде извршена презентација на тема „Односот на полицијата со јавноста на ниво на локална заедница“-дефинирање на основните поими и осврт на законската рамка во Република Македонија како и осврт на полициската организација и нејзиниот однос со јавноста во Република Македонија. Меѓу другите, во рамките на проектот беа направени и осврти по темите „Основни човекови права и слободи“, „Предизвици на…

повеќе...

Спасен давеник кај Пештани

Вчера околу 14:00 часот во Охрид на плажа во Пештани, од водите на Охридското езеро со знаци на живот бил изваден К.К. (37) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ-Охрид од каде било добиено известување дека истиот се наоѓа во животна опасност. Поради сериозноста на здравствената состојба вчера К.К. бил пренесен од Охридската Општа Болница во „Карил“ при Клиничкиот центар “Мајка Тереза“.

повеќе...

Охриѓанка украла велосипед на бул. „Македонски просветители“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К. (41) од Охрид. На втори мај годинава, во времето од од 11:30 до 12:00 часот, со цел да се стекне со противправна имотна корист, пријавената на булеварот „Македонски просветители“ во близина на „Македонска Пошта“, забележала, а потоа и одзела женски велосипед марка „Drag glide” бела боја. Пријавената А.К. со извршување на казненото дело „кражба“ се стекнала со противправна имотна корист во висина околу 19.000,оо денари.

повеќе...

Жител од гостиварско Дебреште крадел низ Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени 12 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од гостиварското село Дебреште. Пријавениот, казнените дела ги сторил во текот на мај оваа година на подрачјето на Охрид. Користејќи подесен алат и прибор, но и физичка сила, Џ.И. успевал да влезе во менувачници, агенции за недвижности, земјоделски аптеки, во канцелариите на наплатните служби од Јавните претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“, во самопослуги, сувенирници, работилници и фризерски салони. Со извршувањето на казнените дела „тешка кражба“, пријавениот се стекнал со вкупна противправна…

повеќе...