На 18.04.2017 година во 14.30 часот во Охрид, Д.К. (51) од Битола, изведувајќи градежни работи во верски објект ул. „Св.Климент Охридски“, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил префлен во болницата „Св.Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид.
повеќе...Tag: свр
Жител од струмичко с. Банско ограбувал во автомобили, куќи, згради и фирми во Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторени седум казнени дела од кои три „тешка кражба”, едно „тешка кражба во обид“ и три дела „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.Ш.(20) од струмичкото село Банско. Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казнените дела ги извршил во згодна прилика во периодот февруари-март оваа година во Струга, користејќи погоден алат и физичка сила. Две казнени дела, пријавениот ги сторил со употреба на подесен предмет со кој ги скршил стаклата на патничките автомобили „Хундаи“, противправно одземајќи 5.000,оо денари и…
повеќе...Кривична пријава за охриѓанецот кој крадел во куќа на ул. „Дејан Војвода“ во Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.И. (22) од Охрид. Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во периодот јануари-март оваа година од куќа на улицата „Дејан Војвода“ сопственост на С.М. од Охрид. Тој, во доцните ноќни саати, со подесен алат насилно ја отстранил заштитната метална решетка од прозорецот во приземјето на куќата но, не успеал да влезе. Потоа, со подесниот алат и насилно, успеал да ја отвори заштитната метална решетка од влезната врата…
повеќе...СВР Охрид со честитка за Велигден
По повод големиот Христијански празник Велигден, до сите православни и католички верници од СВР Охрид упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото Воскресение. „Посакуваме достоинствено и величествено велигденско празнување, нека столбот на нашата вера Велигден ги исполни нашите домови и семејства со здравје, љубов, среќа, со чиста мисла, почит, солидарност и толеранција кон сите наши сограѓани. Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови…
повеќе...Пронајдена исчезнатата охриѓанка
Во врска со настан „исчезнато лице“ опишан во билтен од 12/13.04.2017 година, на 12.04.2017 година во 23.45 часот од страна на полициски службеници од ПС ОН Струмица била пронајдена Б.Б. (28) од Охрид и вратена во својот дом во Охрид.
повеќе...Лице од Неготино измамило двајца охриѓани ветувајќи им работа во Германија
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К. (27) од Неготино. Пријавениот, во периодот февруари-мај 2016 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги довел во заблуда Ј.С. и З.Р. двајцата од Охрид. Тоа го направил со поставување оглас на „Реклама-5” и лажно прикажување на факти дека посредува и нуди вработување во Германија. На телефонските повици, пријавениот лажно се претставувал кажувајќи дека се вика Дарко од Скопје и дека успешно посредува за добивање работа во Германија. По неколку…
повеќе...Кривична пријава за две лица од Кичево кои истепале сограѓанин
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „учество во тепачка“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против И.П. (41) и К.П. (34), двајцата од Кичево. Пријавените, на четврти минатиот месец најнапред вербално, а потоа и физички го нападнале А.С. (51) од Кичево. Настанот се случил околу 15 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Откако го пресретнале во близина на неговиот дом, двајцата пријавени најпрвин започнале вербална расправија со А.С., а потоа физички го нападнале со тупаници задавајќи му повеќе удари по целото тело. Физичкиот напад од…
повеќе...Охриѓанец и скопјанец краделе во повеќе цркви во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д. (33) во Охрид и А.С. (51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба” од кои две во обид. Во периодот од јуни 2016 година до 17.02.2017 година на подрачјето на селата Лескоец, Старо Лескоец, Горно Лакочереј, охридско, пријавените во повеќе наврати со употреба на погоден предмет извршиле тешки кражби во цркивте Свети Илија, Света Петка, Свети Спас, Свети Наум и Свети Тома, од каде одзеле околу 2.000 денари.
повеќе...Ограбени албански државјани на улицата „Крум Точко“ во Охрид
На 06.04.2017 година во 21:40 часот во ПС-ОН Охрид, А.Д.(32) од Тирана- Р.Албанија, пријавил дека истиот ден околу 20:10 часот додека задно со неговите пријатели С.М.(38) и Г.Г.(37) двајцата од Елбасан-Р.Албанија се движеле по ул. „Крум Точко“ биле престретнати од патничко возило „Фолксваген Голф 5“ со непознати регистарски ознаки од кое излегле две непознати машки лица. Според кажување на пријавителот едно од лицата имало елек на кој пишувало полиција, а другото лице било вооружено при што сторителите им кажале да легнат на земја и им извршиле претрес и одзеле две…
повеќе...Кривична пријава за охриѓанец кој нападнал полицаец
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(29) од Охрид за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност”. На 09.03.2017 година, во 17,20 часот, додека полициски службеник превземал мерки за физичко сообраќајно обезбедување на собир на граѓани „За заедничка Македонија” на ул. „Јане Сандански” со Булевар „Туристичка” пристигнал пријавениот, се паркирал и возилото го оставил на коловозната лента, со што го загрозил нормалното одвивање на сообраќајот. Од страна на полицискиот службеник му било дадено наредба да го отстрани возилото и да продолжи со движење, но пријавениот…
повеќе...