Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во соработка со ТЕАТАР ЏИНОТ – Велес, во среда 11-ти декември, со почеток во 19:30 часот, ќе се одигра театарската претстава „НОЌИТЕ ВО БЕЛ САТЕН“. Автор на претставата е Братислав Димитров, во режија на Ненад Витанов, а улогите ги играат: Јордан Витанов, Зоран Љутков, Васил Зафирчев, Маја Љутков. Влезот чини 150 денари.
повеќе...Tag: театар
Во сабота театарската претстава „Емигранти“ пред охриѓани
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, Народен Театар Охрид, во сабота, 23 ноември со почеток во 20 часот ќе се игра театарската претстава „ЕМИГРАНТИ“ од Славомир Мрожек во режија на Ирена Стериовска. Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ, Адријана Билаловиќ, Продуцент: Горан Стојаноски, Музика: Стрезо Стаматовски, Музичка изведба: Ѓоко Алоски, Сценографија: Владимир Ѓорески – Рафик, Костимограф: Кристина Мукоска: Затуроска, Дизајн: Номче Џулески, Сценска изведба: Борис Велјаноски, Светло: Зоран Левески. Емигранти е приказна за човекот заглавен во сопствениот апссурд. Вечната потрага за подобар живот ја…
повеќе...„Сон на летната ноќ“ се откажува поради технички проблеми
Театарската претстава „Сон На Летната Ноќ“ од Вилијам Шекспир, во режија на Иван Лео Лемо, во изведба актерите од Народен Театар Охрид, која беше најавена за денес и за утре (сабота 9-ти ноември), се откажува поради технички проблеми.
повеќе...Театарската претстава Госпоѓица Јулија во Центарот за култура
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во соработка со НУ Турски Театар, ќе се прикажува театарската претстава „Госпоѓица Јулија“ во режија на Александар Поповски. Претставата ќе се прикажува во недела 10-ти ноември со почеток во 20:00 часот, а влезот чини 100 денари.
повеќе...„Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир во Центарот за култура
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид на 8-ми ноември (петок) и 9-ти ноември (сабота) со почеток во 20:00 часот ќе се прикажува театарската претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир. Претставата е во режија на Иван Лео Лемо, а во изведба на актерите од Народен Театар Охрид. Влезот чини 100 денари.
повеќе...Вевчанскиот „Жорж Данден“ вечерва во Скопје
Претставата „Жорж Данден“ на Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ од Вевчани, која претходно доживеа неколку успешни изданија низ Македонија, вечерва ќе се прикажува пред скопската публика. Љубителите на театарот од 20 часот во Драмскиот театар ќе уживаат во драмското дело, на текст од Молиер а во режија на Ѓорѓи Ризески, сработено по вевчанскиот рецепт со немирен и нескротлив дух. КУД „Дримкол“ од Вевчани како сериозна културна институција во Македонија достојно и професионално работи на развој и презентација на сценско-уметничките дејности во нашата држава и надвор од неа. Театарската дејност…
повеќе...Со „Браќа Карамазови“ вечерва се спушта завесата на уште едно успешно „Охридско Лето“
Со претставата „Браќа Карамазови“, од македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во изведба на театарот „Марин Држиќ“ од Дубровник, вечерва во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот се спушта завесата на годинешното 53-то издание на „Охридско Лето“. Интересот кај публиката е голем, а картите се распродадени од пред неколку дена. Токму затоа љубителите на театарот ќе можат да ја погледаат исклучително брилјантната претстава и ден по свеченото затворање. Според оценките на стручната јавност ансамблот на театарот „Марин Држиќ“ токму со „Браќа Карамазови“ која премиерно беше претставена…
повеќе...Покрај затворањето на „Охридско Лето“, „Браќа Карамазови“ репризно и на 21 август
Поради голем интерес за театарската претстава БРАЌА КАРАМАЗОВИ, со која на 20 август ќе се спушти завесата на годинешното 53-то издание на фестивалот „Охридско Лето“, истата надвор од фестивалската програмата, ќе се репризира на 21 август. За последното дело на големиот руски писател, Фјодор Михајлович Достоевски, претставата режирана од нашиот најдобар режисер Дејан Пројковски а во изведба на дубровачкиот театар „Марин Држиќ“, на неколку дена пред прикажувањето картите се веќе распродатени. Токму затоа љубителите на театарот ќе можат да ја погледаат претставата ден по свеченото затворање. Најграндиозно дело на Достоевски…
повеќе...Одложена претставата „Ни ваму, ни таму“
Се одложува театарската претстава „Ни ваму, ни таму“ на Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа. Претставата беше закажана за сабота, 17-ти август во Центарот за култура.
повеќе...„Ни ваму, ни таму“ на 17 август во Центарот за култура
„Ни ваму, ни таму“ на 17 август со почеток во 21 часот повторно на репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Театарска претстава на Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски. Упа е современа приказна за една вечна македонска тема – македонското печалбарство. „Ни ваму, ни таму“ претставува еден поинаков, посвеж и многу подуховит осврт на истиот проблем – да се оди НАДВОР или да се врати ДОМА? Се чини дека американска поговорка која вели „Тревата е секогаш позелена во туѓиот двор“, најточно го одразува овој аспект на…
повеќе...