Енергијата која струеше на сцената, постигнатите паралели за тоа како реално се случуваат работите во животот, заситеноста и искуствата беа адут на синоќешната претстава „Јованка Орлеанка“ што ја изведоа актерите од Драма театарот од Габрово, Бугарија. Режисерот Петринел Гочев стави потпис на уште една претстава која не остави ниту еден гледач рамнодушен. Станува збор за уникатна претстава адаптирана за сценографскиот простор на дворот во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ . „Суштинското значење на овој театар е тоа што е жив театар и претставата „Јованка Орлеанка“ ќе биде уникатна за гледачите…
повеќе...Tag: театар
Македонските театри до крајот на годинава ќе остварат неколку значајни гостувања во странство
Во втората половина од годинава, со поддршка од Министерството за култура ќе се реализираат и неколку значајни гостувања на македонските театри во странство … Имено, во септември 2015 година Македонскиот народен театар ќе гостува во Националниот театар во Баку, Азербејџан, со театарската претстава „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ од Едвард Олби, а во режија на Синиша Евтимов. Ова гостување ќе се реализира по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Азербејџан, а ќе придонесе за промовирање и афирмирање на најновата македонска театарска продукција…
повеќе...„Стари времиња“ – премиера на Охридскиот народен театар
Премиерното прикажување на претставата „Стари времиња“ од Харолд, Пинтер, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на Народниот театар од Охрид, ќе се случи вечерва на „Охридско лето“. Претставата ќе се одигра на отворената сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Нобеловецот за литература, Харолд Пинтер, препознатлив по својот исклучително оригинален начин на пишување, често нарекуван од критичарите „Пинтеризам“, со своите лик и дело претставува икона на современата драма. Тој во своите дела секогаш се повикува на минатото, како клучен фактор за последиците и…
повеќе...Стефан Миленковиќ го наполни Антички театар
Некогашното „чудо од дете“ сега веќе светски познат виолинист Стефан Миленковиќ со својот спектакуларен настап на фестивалот „Охридско лето“ синоќа на Антички театар уште еднаш потврди дека е голем миленик на македонската публика. Во очи големиот национален празник во Република Македонија, Илинден, Миленковиќ заедно со својот колега, словенечкиот колега Марко Хатлак, но и со вокалистката Ана Безјак,преку проектот „Танго компас“ претпразнично ги растрепери срцата на оние што и покрај нестабилното време дојдоа да уживаат во неговиот проект и навистина не зажалија. Меѓу публиката синоќа на Антички театар беше и министерката…
повеќе...Актерската игра на Турскиот и Албанскиот театар покажаa зошто овие две установи егзистираат 6,5 децении
Извонредната театарска игра на актерите од Албанскиот и Турскиот национален театар од Скопје докажаа дека со право опстојуваат на македонската театарска сцена цели шест и пол децении. Копродукцискиот драмски проект „Слуга на двајца господари“ на текст од италијанскиот комедиограф Карло Голдони а во режија на Јуџел Ертен на публиката на „Охридско лето“ и ја долови реалната мултилингвална средина. Љубовта и лебот, двете нешта кои во современиот свет добиваат тешки димензии, но се вечно актуелни теми поради што беа предизвик и за режисерот Ертен. „Отсекогаш ми се допаѓаше спојот на јазиците…
повеќе...Државниот секретар Бехиџудин Шехапи го затвори шестдневниот фестивал на театри „Тука фест“ во Струга
Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи, синоќа во Струга се обрати на свеченото затворање на второто издание на фестивалот на театри „Тука фест“. Театарскиот фестивал траеше шест дена и собра познати актери од Албанија, меѓу кои присутни беа и: Маргарита Ѓепа, Роберт Дреника и Ујка Мујо; потоа Тинка Курти и Енвер Петровци од Косово и Бајруш Мијаку и Рафет Абази од Република Македонија. Државниот секретар им посака многу успех и плодна соработка на сите присутни уметници, при што во својот поздравен говор им се заблагодари на директорот на…
повеќе...Поставена првата темелна плоча на објектот на Турскиот театар
Новиот објект на Турскиот театар-Скопје, кој се гради во близина на Железничката станица, до крајот на годинава треба да има завршена карабина. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ја посети локацијата каде што ГП „Бетон“ денеска ја постави првата темелна плоча на зградата во која ќе биде сместен театарот, на површина од 2.600 метри квадратни. „Досега интензивно се работеше на ископ на градежната јама, имаше мал застој зашто беа откриени подземни водина местото на објектот каде што се вршеше испумпување и целосна хидроизолација. По завршување на овој процес, се пристапи кон…
повеќе...Со претстaвата „Со љубовта шегување нема“ започнува младото театарско Охридско лето
Претставата „Со љубовта шегување нема“ од Алфред де Мисе, во режија на Софија Ристевска, а во изведба на Интимен театар од Битола ќе биде прикажана вечерва на фестивалот „Охридско лето“ во рамките на програмата „Младо театрско Охридско лето“ што првпат од годинава стартува како дел од фестивалската програма. Актерската екипа Здравко Стојмиров, Катерина Аневска и Стефанија Милевска во дворот на Основното училиште „Свети Климент Охридски“ ќе прикажат едно уникатно класично уметничко дело деконструирано и направено по мерка на младата режисерка Софија Ристевска. „Бескрајно многу се радуваме што не поканија да…
повеќе...Извонредна театарска игра покажаа актерите од Тел Авив
Танцување, пеење, детски игри. Публиката на „Охридско лето“ синоќа имаше можност да погледне интересна претстава иако темата што беше опфатена во неа се однесуваше на егзодусот на Евреите во Полска. Актерите од Театарот „Камери“ и Националниот театар „Хабима“ од Тел Авив, Израел, за првпат во Македонија, токму преку фестивалот „Охридско лето“ покажаа дека се ѕвезди на театарската сцена. Претставата „Нашиот клас“ што ја одиграа во предворјето на „Света Софија“ има исклучително модерен ракопис. Иако во неа е прикажана приказната за уништувањето на Евреите во едно мало село во Полска, всушност…
повеќе...Целосно истражен античкиот театар во Скупи
Со финaнсиска поддршка од Министерството за култура, а во координација на Управата за заштита на културното наследство, деновиве завршија археолошките истражувања на античкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи, Скопје. Почнувајќи од август 2013 година, истражувањата се реализираа во соработка со Филозофскиот факултет од Скопје и Музејот на град Скопје. За време на истражувањата на Античкиот театар, кој бил изграден за време на Хадријан и кој функционирал до крајот на 4 век, археолозите пронајдоа околу 3000 монети, керамика, бронзени предмети, коскени предмети. Станува збор за пронајдени над 5000 предмети од различни…
повеќе...