Со силен аплауз поздравен настапот на Народниот театар од Битола во Санкт Петербург

Претставата, која е прво режисерско остварување на Цветановски во битолскиот Театар, беше прикажана во преполната сала на реномираниот руски театар, а актерите во оваа камерна дуо-драма, Соња Михајлова и Маријан Ѓоргиевски, неколкупати беа вратени на бис … Со силен аплауз и овации беше поздравен настапот на Народниот театар од Битола кој синоќа во театарот „Достоевски“ во Санкт Петербург во Руската Федерација ја изведе претставата „Последната ноќ“ од Ингмар Вилквист, во режија на Андреј Цветановски. Претставата, која е прво режисерско остварување на Цветановски во битолскиот Театар, беше прикажана во преполната сала…

повеќе...

Професионалните театри сезонава со поголем број на претстави и посетители

Според податоците на Државниот завод за статистика, во сезоната 2014/2015 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 5.6%, а бројот на посетителите е зголемен за 14.3% во однос на сезоната 2013/2014 година. Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 222. Во периодот 2014/2015 година, во однос на периодот 2013/2014 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 4.2%, а бројот на посетителите е намален за 7.1%. Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 20.4%,…

повеќе...

Монографија за 65 години постоење Турски театар-Скопје

Турскиот театар-Скопје денеска ја промовира монографијата „Со сигурни чекори до целта“, во рамки на одбележувањето 65 години од основањето. Директорот на Турскиот театар-Скопје Атила Клинче на денешната промоција рече дека монографијата е продолжение на првата книга промовирана по повод 60 години на Турскиот театар, која е единствена институција на Балканот и во Европа, која што продуцира свои претстави на свој мајчин јазик и веќе 65 години постои на македонската сцена и успешно делува. „Со одбележување на својата годишнина театарот започна на 28 јануари со претставата „Сон на летната ноќ“, потоа со претставата…

повеќе...

Премиера на Албанскиот театар

Албанскиот театар, синоќа на сцената на Македонскиот народен театар премиерно ја изведе Шекспировата трагедија „Магбет“, работена под режисерска палка на гостинката од Бугарија, Диана Добрева. На премиерното претставување Албанскиот театар го прослави и големиот јубилеј 65 – години постоење. На свечениот чин присуствуваа голем број еминенти личности од владиниот врв, меѓу кои министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, државниот секретар Бехиџудин Шехаби, пратеничката Ермира Мехмети, како и голем број личности од македонската и албанската уметничка елита. Претставата која со овој театарски чин прв пат се претставува пред публиката во Македонија беше…

повеќе...

Плакета за министерката Канческа-Милевска од Турски театар-Скопје

По повод 65 години постоење на Турскиот театар-Скопје, членови на ансамблот и директорот Атила Клинче денеска имаа средба со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Разговараа за активностите на оваа национална установа за која се гради нов, современ објект каде што во иднина ќе ги создава и изведува своите претстави. Задоволни од соработката со Министерството за култура, тие и доделија на министерката Канческа-Милевска Плакета на благодарност, за поддршката за развој на нивниот театар – инфраструктурна и кадровска, со оглед дека во последните неколку години ансамблот е подмладен со нови вработувања. Плакетата…

повеќе...

Основци од „Св.Климент Охридски“ учествуваа на Национален фестивал за лица со и без хендикеп во Скопје

Учениците од посебните и редовните паралелки од ОУ „Св. Климент Охридски“ учествуваа на Националниот фестивал за лица со и без хендикеп „ИГРИ БЕЗ МАСКА“- ТЕАТАР БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА 2015 во Драмски театар во Скопје. Овој фестивал за прв пат се одржува кај нас со интенција да прерасне во традиција, а има натпреварувачки карактер. На фестивалот учествуваат групи од цела Македонија, а најдобрите три пртстави во Април ќе се пртстават во Македонскиот Народен Театар и ќе продолжат да се натпреваруваат на национално ниво. „Нашето училиште се претстави со „Легенда за Охрид“ и…

повеќе...

Успешен настап на театарската група при Црвен крст Охрид на Форум театар во Куманово

Театарската група при Црвен крст Охрид синоќа имаше настап на Форум театар во Куманово, во рамки на Проектот „Одржување на ниска преваленца на ХИВ во РМ, одржлив развој“, во организација на Интер Етник Проект ИПГ – Гостивар и Министерство за здравство, со своја театарска претстава „Кажи НЕ на дрогата, кажи ДА на животот“. Вo претставата која е со едукативен карактер, учествувaa 5 млади вoлoнтери на Црвен крст Охрид кои вчера испратија силна порака до кумановската публика, особено младите, да ги согледаат последиците од злоупотребата на дрога и да изберат здрав живот.…

повеќе...

Маестрален настап на кинескиот Национален театар на сцената на МНТ

Со силен аплауз и овации синоќа на сцената на Македонскиот народен театар беше поздравен грандиозниот танцов спектакл „Конфуциј“ во изведба на Националната опера и Театарот за танцова драма од Народна Република Кина. Изведбата на претставата беше проследена од голем број претставници на дипломатскиот кор во нашата земја, меѓу кои министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорот на Народна Република Кина Вен Жен Шун, голем број уметници и љубители на театарот и танцот. На сцената продефилираа околу седумдесетина актери кои пленуваа со маркантноста на костимите и уникатната сценографија и комплетно ја доловија…

повеќе...

Со силен аплауз поздравен настапот на Битолскиот театар во Израел

Со силен аплауз и овации беа поздравени актерите на Народниот театар од Битола кои синоќа во израелскиот град Акре ја изведоа претставата „Среќен крај“ во режија на Благој Мицевски. Претставата која беше прикажана во рамките на 36-тото издание на реномираниот меѓународен театарски фестивал „АККО“, наиде на голем интерес кај многубројната публика, меѓу кои беа и претставници од македонската амбасада во Израел, театарската критика, како и авторот на текстот Иддо Нетанјаху кој не го криеше задоволството од успешниот настап на актерите од Битолскиот театар. Поради огромниот интерес за проследување, претставата „Среќен…

повеќе...

Театарската претстава „Делириум Тременс“ вечерва на Охридско лето

Во колонадите во предворјето на „Св.Софија“ вечерва од 21 часот ќе биде прикажана театарска претстава „Делириум Тременс“. Оваа претстава е дел од проектот „Младо театарско Охридско лето“ што од госдинава е воведено како новина на фестивалот „Охридско лето“. „Трезното пијанство“, на прв поглед и во стриктно формално-логичка смисла, несомнено претставува класичен оксиморон, противречност во поимот, накусо, бесмислица. Според логичкиот закон за исклучување на третото, законот кој беспоговорно заповеда „или/или“, не можеш едновремено да бидеш и трезен и пијан: или си трезен, или си пијан! Но, животот не се управува според…

повеќе...