Агим Ибраими позајмен во Каљари

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими официјално е нов член на екипата на Каљари. Тој ќе настапува како позајмен играч, но со опција за откуп на неговиот договор на крајот од сезоната. Во изјава за официјалната веб-страна на Каљари, Агим Ибраими изјави дека тој и неговото семејство се пресреќни, како и тоа дека играњето во Серија А е сон од неговото детство.  Оваа недела Ибраими има репрезентативни обврски, како што изјави, едвај чека да почне да тренира и игра со неговите нови соиграчи, по завршувањето на натпреварите на Македонија против Велс и…

повеќе...

Трансфер на Адис Јаховиќ во тимот на Ворскла Полтава

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ потпиша за украинскиот премиерлигаш Ворскла Полтава. Како што истакнуваат од клубот, трансферот на 26-годишниот напаѓач се одолговлекувал цел месец, но во последен момент, пред затворањето на преодниот рок, овој трансфер се реализира. „Јас сум многу среќен, Ворскла е добро организиран тим, тоа се виде од искрениот, сериозен и професионален пристап“, – изјави Јаховиќ, кој потенцираше дека едвај чека да се адаптира на новата средина и да му помогне на клубот во остварувањето на нивните планови за оваа сезона. Јаховиќ ќе му се приклучи на тимот на…

повеќе...

Трансфер на Костовски во Леувен

26 годишниот напаѓач Јован Костовски официјално е член на белгискиот прволигаш ОХ Леувен. Според официјалната веб страна на клубот, Костовски потпишал 3 годишен договор. И покрај тоа што интересот за нашиот напаѓач беше голем, сепак Леувен беше тимот кој ја доби битката за неговиот трансфер. Јован Костовски како играч на Вардар беше најдобар стрелец во домашното првенство минатата сезона, додека пак на почетокот од оваа сезона на 2 натпревари постигна 4 голови за Вардар. Костовски има два настапи за македонската репрезентација. WebOhrid

повеќе...

Нацев и Дробаров ќе печалат во Мексико

Ангел Нацев и Влатко Дробаров се нови засилувања за Мурсиелагос, тим кој настапува во Втората дивизија во Мексико. 23 годишниот напаѓач Ангел Нацев дојде од Турново, а има настапувано и за Брегалница и за Силекс. Влатко Дробаров е играч од одбраната, има 20 години, минатата сезона беше член на Тетекс, а има настапувано и за Напредок, Скопје и Вардар. За „Лилјаците“ во петокот не настапија нашите интернационалци како и третото засилување Цезар Ромеро, поради некомплетна документација за нивните трансфери. Се очекува тие да дебитираат на следниот натпревар, на 17 август,…

повеќе...

Перо Антиќ – првиот македонски кошаркар во НБА лигата

Од синоќа и официјално, Македонија го доби првиот играч кој ќе настапува во најсилната кошаркарска лига во светот – НБА лигата. Капитенот на нашата сениорска репрезентација, Перо Антиќ, кој во минатите две сезони со Олимпијакос ја освојуваше Евролигата, потпиша две-годишен договор со Атланта Хоукс. „Перо е сестран висок играч кој ќе ни даде дополнителен квалитет во рекетот. Тој се вклопува одлично во она што ние како организација сакаме да го изградиме тука и возбудени сме што тој е наш нов играч“, изјави Дени Фери, генералниот менаџер на Хоукс по официјализирањето…

повеќе...

Иван Тричковски позајмен во Беверен

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски кој е член на белгискиот Клуб Бриж, оваа 2013/2014 сезона ќе настапува како позајмен играч во Беверен. Тричковски минатата сезона не доби голема минутажа за Клуб Бриж, беше стартер на 5 средби, а на 14 влезе како замена, при што постигна само еден гол. WebOhrid

повеќе...

Кировски дебитираше за ЦСКА Софија

Христијан Кировски дебитираше за неговиот нов клуб ЦСКА Софија на домашен терен, каде ЦСКА одигра 0:0 против Локомотив Пловдив. Нашиот интернационалец влезе во игра во 61 минута, но до крајот на натпреварот не беше креирана некоја посериозна шанса за гол. Минатата сезона Кировски настапуваше за грчкиот Ираклис. WebOhrid

повеќе...

Трансфер на Остоја Стјепановиќ во Висла Краков

Македонскиот репрезентативец Остоја Стјепановиќ потпиша две-годишен договор со Висла Краков. 28 годишниот играч од средниот ред дебитираше за македонската репрезентација минатата година. Остоја Стјепановиќ претходно настапуваше две сезони во Австрија за екипата на Матерзбург, една сезона помина во Казахстан во екипата на Тараз, а последните две сезони ги бранеше боите на Вардар. Како играч на Вардар, Стјепановиќ минатата (2012) година беше прогласен за домашен фудбалер на годината. WebOhrid

повеќе...

Горан Попов продолжува во ВБА

Горан Попов продолжува уште една сезона со англискиот премиерлигаш Вест Бромвич Албион. Тој е позајмен играч од Динамо Киев, но има добри шанси за целосен договор во Англија. „Среќен сум што сум повторно овде, ќе дадам се од себе за клубот. Минатата сезона дојдов малку покасно, додека чекав да се оствари трансферот. Добро е сега што сум овде пред сезона. Сега е време за подготовки, и ќе се подготвувам заедно со другите. Секогаш е добро кога има конкуренција. Лиам Риџвел е добар играч и имам респект кон него, но секој…

повеќе...

Стефан Ристовски позајмен во Латина

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски следната 2013/2014 сезона ќе игра за Латина, новиот италијански второлигаш. Ова е четвртиот клуб на Ристовски во Италија, каде е пуштен на позајмица откако е член на Парма. Минатата сезона играше за Бари, а и претходно беше позајмуван на тимот на Фросиноне, како и Кротоне. Парма се одлучи да го испрати Ристовски во Латина, со што нашиот репрезентативец би имал шанса да добие поголема минутажа.

повеќе...