Градоначалникот Бакрачески во посета на Трпејца

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денес беше во посета на  туристичката  населба Трпејца –  македонското  „Сен тропе“ , при што заедно со  месното население и  угостителите ги согледуваа начините со  кои може да се подобри животот на мештани  како  и подобрување на услугите кои се  нудат  на гостите, со цел да се подобри остатокот од годинашнава летна  туристичка  сезона,  а со тоа и секоја наредна  да биде подобра од претходната. Во пријатна атмосфера, мештаните му приоѓаа на градоначалникот Бакрачески  кој љубезно ги слушаше нивните барања и секојдневните проблеми кои ги…

повеќе...

Втор ден „На зајдисонце“- денес резервиран за творештвото на Анета Вршкоска Јованоска

Во рамките на манифестацијата „ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ“ Културно – забавната манифестација во Трпејца „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ која започна на 20ти, а ќе трае до 28 овој месец вториот ден е резервиран за творештвото на Анета Вршкоска Јованоска. Активностите ќе започнат во 16:00 часот со работилница за изработка на креации на бисерните камчиеа од брегот на Трпејца кои потоа ќе бидат продавани, а дел од средствата ќе бидат наменети во хуманитарни цели во Црвен крст Охрид. Центалниот настан преку мултимедијален перформанс ќе започне во 20:00 часот во месноста наречена „Кај бунарот“.…

повеќе...

Започна третото издание „На зајдисонце“ во Трпејца

Од вчеравечер Трпејца пулсира со третото издание на културно – забавната манифестација НА ЗАЈДИСОНЦЕ. На отворената сцена „Кај бунарот“ во присуство на неколлку стотици гости и жители од Трпејца во името на покровителот Општина Охрид и во името на градоначалникот Никола Бакрачески манифестацијата ја отвори претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска. „Се радувам со фактот што локалната самоуправа  е покровител на една ваква манифестација која е доказ за потребата од дисперзирање на културата и во другите средини освен големите градови и дека е  таа добредојдена, со радост и…

повеќе...

Од недела „На зајдисонце“ во Трпејца

Од 20 до 28 јули Трпејца ќе биде домаќин на Културно – забавната манифестација „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“. Со својот ненаметлив концепт и бесплатните приредби и активности интересни за сите генерации таа е широко прифатена во јавноста, а оценките се повеќе од позитивни. .  По чинот на Свеченото отворање на летната сцена „Кај бунарот“ ќе биде промовирана химната на манифестацијата „ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ“ во изведба на „Распеани ѓерданчиња“. Истата вечер ќе биде отворена изложбата под наслов: „Далеку,а блиску“ од авторите Рома и Лука Фрашчек од Полска. Младите сопружници фотографиите од Трпејца,…

повеќе...

Проекти за заштита на Охридското Езеро од отпадните води

Центарот за развој на Југозападниот плански регион го презентира договорот за финансирање на четири регионални проекти  со вкупна вредност од околу 50 илјади евра што го потпиша со Германското техничко друштво за меѓународна соработка. Проектите се однесуваат на третман и одведување отпадните води во речиси целиот југозападен регион, а првите два, како што нагласи директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска, ќе го заштитат Охридското Езеро од отпадните води во Трпејца и на потегот од Радожда до Калишта, што всушност ќе значи заокружување на колекторскиот систем…

повеќе...

Советникот Сашо Донев на свечената литургија во с.Трпејца

Советникот Сашо Донев, денеска присуствуваше на свечената литургија по повод празникот Преподобен Теофил Исповедник (Струмички); Светите маченици Евлампиј и Евлампија, и тригодишнината од осветувањето на параклисот посветен на  Св. Јован Крстител. Параклисот посветен на Св. Јован Крстител беше осветен пред 3 години на 23 Октомври 2011 година и важи за едно од најсветите места за трпејчани. Каде што за време големиот христијански празник Водици се одржуваат верските обреди и се фрла Светиот Крст во водите на Охридското Езеро.

повеќе...

Заврши мини летото „На зајдисонце“ во Трпејца

Со изложба на етнолошки предмети сопственост на семејства од Трпејца синоќа беше заокружено второто издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“. Мини – летото се одржуваше под покровителство на Општина Охрид, а го организираше здружението „За Трпејца со љубов“ во соработка со Месната заедница од село Трпејца.Во терминот од 20 до 28 јули на отворено беа одржани редица културни и забавни настани чија цел беше да го привлечат вниманието на трпејчани, но уште повеќе на туристите . Понудените содржини како вовед во развојот на алтернативниот туризам се покажаа интересни…

повеќе...

Аплаузи на отворена сцена за манифестацијата „На зајдисонце“

Шесттиот ден од културно-забавното лето „На зајдисонце“ за трпејчани и туристите донесе нови и интересни содржини. Здружението „За Трпејца со љубов“ во соработка со Националниот парк „Галичица“ денеска организираше прошетка и промоција на планинската патека Чоколско. Според Огнен Достиноски од Националниот парк „Галичица“ патеката Чоколско е уште една понуда плус во алтернативниот туризам и шанса за привлекување гости кои се вљубеници во природата и нејзините убавини. Чоколско е токму тоа, рече Достиноски со една прошетка се гледа синилото на езерото, а ако го кренете погледот кон планината Галичица ќе ја…

повеќе...

Омаж во чест на уметникот Димитар Кондовски

Синоќа во Трпејца во рамките на второто издание на манифестацијата НА ЗАЈДИСОНЦЕ се одржа Омаж посветен на покојниот македонски уметник – сликарот Димитар Кондовски.  Човекот кој прв од уметниците им ја откри Трпејца на луѓето од негов ков. По повод 20 годишнината од неговата смрт беше прикажан ТВ портретот посветен за него,  своевремено снимен за Македонската телевизија, а веднаш потоа беше отворена изложбата на фотографии дело на неговиот син Филип Кондовски.  Димитар Кондовски  роден е 1927 год. во Прилеп. Завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Бил член на групите…

повеќе...

Отворено второто издание на Културно забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца

Од вчера под генерално покровителство на Општина Охрид и во организација на Здружението за промоција и развој „За Трпејца со љубов“, по втрпат, започна трпејчкото културно соарè наречено „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“. Оваа година манифестацијата ја отвори  ансамблот „Билјана Јуниор“. Беше отворена и изложба на дела од Мајкл Клос, академски сликар од македонско потекло кој живее и работи во Канада. Проследуваме десетина фотографии од свеченото отворање, од пред преполнетиот мал плоштад „КАЈ БУНАРОТ“. WebOhrid / фото: Дим Дон

повеќе...