Во рамки на проектот за меѓународна соработка и унапредување на односите меѓу учениците, професорите и родителите, во неколку дневна работна посета на Измир Р. Турција е директорот на ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, Јане Цаноски. Директорот Цаноски оствари работна средба со директорот на техничкото и индустриско средно училиште „Мерсинли“, Енвер Туркоглу при што беше потпишан договор за меѓусебна соработка. Согласно потпишаното во наредниот период двете училишта се обврзаа да работат на зацврстување на меѓусебниот мир и братство како и промоција на културните вредности и модернизација на наставно образовниот процес.
повеќе...Tag: турција
Ристовски на меѓународната конференција за вклученост на сите деца во образованието
Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска во Истанбул се обрати на Меѓународната министерска конференција – „Вклученост на сите деца во квалитетно образование“, што ја организираат Владата на Република Турција и Регионалната Канцеларија на УНИЦЕФ за Централна и Источна Европа. Министерот Ристовски, како што соопшти МОН, ја потенцирал важноста која македонската Влада му ја придава на образованието, како еден од своите стратешки приоритети и притоа посочил на клучните реформи и активности кои се спроведуваат како одговор на предизвиците со кои се соочува земјата во оваа сфера. „Реформирањето на образовниот…
повеќе...Продолжува интересот на турските компании за вложувања во Охрид
На барање на Озгур Торт, извршен директор на МИГРОС Групацијата од Република Турција, градоначалникот Никола Бакрачески оствари работна средба на која присуствуваа и претседателот на Управниот одбор, Булент Озаудинли и директорот на РАМСТОР – Македонија, Ибрахим Кесемен. Средбата претставува продолжение на континуирано добрите релации со турките бизнисмени и нивниот интерес за вложување во Охрид. Како што беше најавено уште при отворањето на првиот супермаркет на РАМСТОР во Охрид, на денешната средба посебен интерес беше изразен за изградба на два модерни шопинг центри, во кои би се вработиле над 100 охриѓани.…
повеќе...Охрид беше претставен на туристичкиот саем во Измир
Општина Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој за првпат учествуваше нa Меѓународниот саем за туризам во Измир, Република Турција. Во соработка со претседателот на кластерот за туризам „ЕДЕН“ Ружди Муфти и Туристичката агенција „ КОШУКАВАК“ од Турција беше промовирана туристичката понуда на Охрид и неговата околина како и поширокиот регион. Статистичките податоци покажуваат дека постојано се зголемува бројот на гости од Република Турција кои го посетиле Охрид. Од почетокот на годинава до крајот на месец јули Охрид го посетиле над 12 000 турски туристи, податок кој укажува…
повеќе...Мешовитиот парламентарен комитет – уште еден мост за продолжување на соработката помеѓу Македонија и Турција
Македонија и Турција се повеќе од пријателски земји, кои треба да ги разменуваат искуства, да учат една од друга, заеднички да работат со цел да се приклучат кон големото европско семејство – беа согласни присутните на средбата меѓу Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европската унија и Делегација од Парламентот на Република Турција. Беше истакнато дека Мешовитиот парламентарен комитет е само уште еден мост за продолжување на успешната соработка меѓу Македонија и Турција, која дополнително треба да се интензивира, особено во областа на економијата, трговската размена и образованието, како и да…
повеќе...Македонија и Турција потпишаа Договор за соработка во областа труд и вработување
Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и турскиот министер за труд и социјална сигурност Фарук Челик денеска во Анкара потпишаа Договор за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето. Овој Договор претставува продолжување и натамошно унапредување на соработката меѓу Македонија и Турција во областа труд и социјално осигурување. Министерот Спасов по потпишувањето истакнал дека на овој начин ќе се воспостави соработка во креирањето и имплементирањето на политиките во областа труд, вработување и социјална сигурност со што, како што посочил, ќе се обезбеди создавање подобри услови за…
повеќе...Министерот Тодоров потпиша заеднички Меморандум со Флоренс Најтингел од Турција
Министерот за здравство, Никола Тодоров, потпиша заеднички меморандум за разбирање и соработка во областа на здравството со д-р Хакан Таракчиоглу, интернационален маркет менаџер на реномираната турска клиничка болница Флоренс Најтингел. Целта е допрецизирање на активностите за организирање едукација на докторите и другите здравствени работници во оваа реномирана здравствена установа, што се реализира во рамки на Програмата за професионална едукација на докторите од Република Македонија. Со овој Меморандурандум се дефинира континуираната медицинска едукација во следните 5 години, со акцент на доедукација на кадар и организирање стручни обуки за доктори и останат…
повеќе...Нови контакти и можности за воспоставување на соработка помеѓу Охрид и Јалова
Делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, во рамките на неколкудневниот престој во збратимениот град Јалова, Р. Турција оствари средба со градоначалникот на Јалова, Јакуп Кочал. На средбата беа разгледувани потенцијалните можности за отпочнување на заедничка соработка во делот на туризмот, особено банскиот туризам. Стана збор и за интензивирање на стопанската соработка, односно остварување на поблиски контакти помеѓу бизнис секторите од овие два града. Градоначалникот Бакрачески ги презентираше поволностите кои ги нуди Владата на РМ за потенцијалните странски инвеститори…
повеќе...Учество на делегација на Собранието на Македонија на 22 годишна сесија на ПС на ОБСЕ
Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав д-р Ана Павловска Данева, шеф на Делегацијата и г. Џеват Адеми, заменик-член на Делегацијата учествува на 22. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува од 28 јуни до 3 јули 2013 година во Истанбул, Република Турција. На сесијата, чија главна тема за дискусија е: „Хелсинки + 40“ учествуваат повеќе од 250 пратеници од 55 парламенти членки на ПС на ОБСЕ. На инаугуративната седница на членовите на ПС на ОБСЕ им се…
повеќе...