Продолжува посетата на премиерот Груевски на Турција

Премиерот Никола Груевски заедно со владината делегација во чиј состав се и министрите без ресор за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески и Фуркан Чако, како и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Климент Шекеровски ја продолжува посетата на Република Турција. Според агендата ќе учествува на бизнис форуми во Анкара, Адана и Мерсин. Премиерот Груевски во Анкара се сретна со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и со својот колега, турскиот премиер Ахмет Давитоглу. Претходно Груевски учествуваше на бизнис форуми во градот Ескишехир, индустриската област…

повеќе...

Премиерот Груевски во работна посета на Турција

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски од денеска ќе престојува во неколкудневна посета на Република Турција која е значаен економски и трговски партнер на Македонија. Во рамки на посетата предвидено е да се одржат повеќе бизнис форуми на кои ќе бидат презентирани поволностите што им се нудат на странските инвеститори, а ќе бидат остварени и средби со државниот врв. За денеска е најавен бизнис форум во индустриската област Коџаели и градот Измит каде владината делегација пред турските бизнисмени ќе ги претстави поволните услови што ги нуди Македонија за водење…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со турскиот претседател Ердоган и со премиерот Давутоглу

Учеството на претседателот на Република Македонија на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Турција, беше можност за претседателот Иванов да оствари неформални средби со негови колеги. На средбите со новиот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и со новиот премиер, Ахмед Давутоглу, претседателот Иванов им го честиташе преземањето на новите функции. Во разговорите беше нагласено взаемното задоволство што двете земји традиционално негуваат исклучително пријателски односи, кои се на ниво на стратешко партнерство. Взаемен заклучок е дека во наредниот период во фокусот на соработката треба да бидат економијата и инвестициите. На…

повеќе...

Експлозија на цистерна со гас во Турција, најмалку 66 повредени

Најмалку 66 луѓе се повредени откако се превртела и експродирала цистерна со гас во Југоисточна Турција, јави Анадолија, пренесе МИА. Несреќата се случи вчера, а од експлозијата и пожарот беа зафатени и два автобуси и други превозни средства на патот во близина на градот Лиџе, на околу 150 километри северно од Дијабекир.  Околу 20 повредени се во тешка здраствена состојба. Извор: Нет Прес

повеќе...

Репортажи и фотографии за Охрид после промотивната тура „Охрид 2014“

Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира  промотивна тура „Охрид 2014“. На промотивната тура, која се одржа во Охрид од 4 до 6 април 2014 година, присуствуваа претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово кои остварија директни средби со туроператорите и хотелските субјекти од Охрид. Во состав на турата, посетени беа најзначајните културни и туристички локалитети на градот и руралните средини, а пред туристичките субјекти беа претставени и можностите за развој на алтернативниот туризам. Целта на…

повеќе...

Димовски се сретна со претставници од турското Mинистерство за шумарство и водостопанство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Скопје се сретна со тим од експерти–инженери од Министерството за шумарство и водостопанство на Република Турција. Оваа средба е резултат на минатогодишната посета на министерот Димовски на Анкара и средбата со министерот Вејсел Ероглу, на која е договорено експертски тим од турското Министерство за шумарство и водостопанство да и понуди стручна помош на Република Македонија во областа на наводнувањето со проектирање на мини хидроакумулации. Министерот Димовски на средбата истакна дека изградбата на овие мали хидроакумулации претставува голема помош за индивидуалните…

повеќе...

Делегација на училиштето Конак Мерсинли од Измир во посета на Охрид

Во месец декември минатата година во Измир, Турција беше потпишана спогодба за соработка помеѓу ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и техничкото училиште Конак „Мерсинли“ од Измир, Република Турција. Во договорот се издвојува меѓународната соработка, развивање на пријателството, унапредување и модернизација на наставата и образовниот процес од двете страни, ширење на пораката за мир и солидарност, како и промоција на културните вредности и традиции. Како резултат на интензивната соработка, овие денови во посета на Охрид и ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ е делегација од училиштето во Измир, Турција предводена од директорот на училиштето Енвер Туркоглу.…

повеќе...

Сарачини ги претстави можностите за инвестирање во Македонија на самит во Бурса

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска престојува во работна посета на Бурса, Република Турција, каде учествува на вториот по ред Меѓународен економски самит на балканските земји, што се организира под покровителство на Владата на Република Турција. Пред присутните вицепремиери на Турција и Косово, министри за економија од земјите во регионот, како и околу 800 бизнисмени од регионот, министерот Сарачини ги презентираше економските состојби во Македонија и можностите за инвестирање, ставајќи акцент на поволната бизнис клима, реформите кои континуирано се спроведуваат со цел привлекување инвестиции и поволностите кои се нудат Технолошко-индустриските…

повеќе...

Охрид беше претставен на истанбулскиот туристички саем

Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР во соработка со кластерот за туризам „ЕДЕН“ и Туристичката агенција „Кошукавак“ од Турција, се претставија на меѓународниот саем за туризам во Истанбул – ЕМИТ 2014, кој се одржа од 30 јануари до 02 февруари. Претставник од кластерот за туризам „ЕДЕН“ беше извршниот координатор Ружди Муфти. Со над 200 илјади посетители од 70 земји од светот и над 4500 излагачи, Истанбулскиот саем претставува една од најголемите манифестации од ваков вид во светот, на кој се промовираше целокупната туристичка понуда на Охрид.

повеќе...

Утре – неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во РМ

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 21 декември (сабота), Денот на наставата на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија.  Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита Денот на наставата на турски јазик.

повеќе...