Денеска во Општина Охрид официјално беше промовирана Брошурата „Инвестирајте во Охрид“ целосно изработена и подготвена од вработените од Секторот за туризам и локален економски развој и стручните служби во Општина Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески, задоволен од изработеното во брошурата рече дека таа е прво создадена брошура за инвестирање во една локална самоуправа и ја објасни суштината за нејзиното создавање. „Брошурата „Инвестирајте во Охрид“ на потенцијалните инвеститори во општинава ќе им овозможи на едно место да добијат брз и ефикасен преглед на потенцијалните можности за инвестирање во Охрид, на локалитетите, на…
повеќе...Tag: туризам
Охрид беше претставен на истанбулскиот туристички саем
Општина Охрид преку Секторот за ТЛЕР во соработка со кластерот за туризам „ЕДЕН“ и Туристичката агенција „Кошукавак“ од Турција, се претставија на меѓународниот саем за туризам во Истанбул – ЕМИТ 2014, кој се одржа од 30 јануари до 02 февруари. Претставник од кластерот за туризам „ЕДЕН“ беше извршниот координатор Ружди Муфти. Со над 200 илјади посетители од 70 земји од светот и над 4500 излагачи, Истанбулскиот саем претставува една од најголемите манифестации од ваков вид во светот, на кој се промовираше целокупната туристичка понуда на Охрид.
повеќе...Охрид за Водици ќе биде центар во областа на културата, туризмот и медиумите
Во Куќата на Уранија во Охрид денеска беше отворена Втората меѓународна конференција за културно наследство, туризам и медиуми. Конференцијата ја отвори професор доктор Рубин Земон од Институтот за социо-културна антропологија на Македонија, кој истакна дека овој настан кој ја собира научната јавност за Водици во Охрид ќе продолжи и во иднина. „Одзивот на учесниците е задоволувачки. Имаме 61 учесник од 12 земји, 49 реферати, што е завидна бројка. Важно е што научници од Европа и пошироко доаѓаа во Охрид да презентираат научни сознанија од нивните истражувања во врска со заштитата…
повеќе...Намален бројот на туристи во ноември минатата година
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2013 година изнесува 34 113, а бројот на ноќевањата изнесува 79 025. Бројот на туристите во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, е намален за 1.9%, а бројот на ноќевањата е намален за 1.9%. Бројот на домашните туристи во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, е намален за 7.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1.8%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, е намален…
повеќе...Над милион патници на македонските аеродроми во 2013-та
Над милиони патници минатата година ги користеле услугите на македонските аеродроми што претставува зголемување за 17, 4 проценти во споредба со 2012 година. „Во Република Македонија е надминат бројот од милион патници. Во 2013 година имавме вкупно еден милион 59 илјади 588 патници. Тоа е добар пораст, можеби најдобар во регионот. Ќе беше уште поголем, но поради временските услови во декември имавме мал пад“, изјави денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, давајќи отчет за сработеното во изминатата година. Во текот на минатата година реализирани се и…
повеќе...За шест отсто зголемен вкупниот број на туристи во земјата
За првите десет месеци од 2013 година, согласно податоците од Државниот завод за статистика, има значително подобрување на целокупната туристичка ситуација во Република Македонија, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини. Доколку се земе вкупниот број на туристи во Македонија за првите десет месеци лани, како што рече Сарачини, можеме да констатираме дека имаме раст за шест проценти. „Ако се погледне бројот на странски туристи тогаш можеме да констатираме дека имаме зголемување на 15 отсто во однос на истиот период за 2012 година“, изјави министерот. Тој додаде дека ова е добар…
повеќе...Распишана објава за изградба на туристичка развојна зона во Дојран
Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на државно градежно неизградено земјиште во месноста Карач, Стар Дојран за изградба на туристичка развојна зона. Станува збор за градежна парцела со површина од 19,5 хектари на која е дадена можност за изграденост од 50 отсто и максимална висина на објектите до 25 метри. Огласот за отуѓување е објавен вчера во дневните весници, а туристичката развојна зона е понудена и на повеќето туристички саеми на потенцијални странски инвеститори. Почетната цена на наддавање ќе биде 61 денар по метар квадратен, а заинтересираните…
повеќе...Охрид беше претставен на туристичкиот саем во Измир
Општина Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој за првпат учествуваше нa Меѓународниот саем за туризам во Измир, Република Турција. Во соработка со претседателот на кластерот за туризам „ЕДЕН“ Ружди Муфти и Туристичката агенција „ КОШУКАВАК“ од Турција беше промовирана туристичката понуда на Охрид и неговата околина како и поширокиот регион. Статистичките податоци покажуваат дека постојано се зголемува бројот на гости од Република Турција кои го посетиле Охрид. Од почетокот на годинава до крајот на месец јули Охрид го посетиле над 12 000 турски туристи, податок кој укажува…
повеќе...Во Општина Охрид се презентираа јапонски искуства за развој на туризмот
Јапонски искуства ќе се користат во унапредувањето на македонскиот туризам, беше заклучено по денешната презентација што се одржа во општинската зграда, во организација на Општина Охрид, Македонско Јапонската Алумни Асоцијација и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. „Целта на денешнава презентација беше да се пренесат знаењата и искуствата стекнати во Јапонија на две теми :едната е развој на еко туризмот, односно какви се искуствата од Јапонија за развој на овој вид туризам кај нас и нормално што од тоа би можело да се искористи во државава. Другата тема е…
повеќе...Заложбата на Локалната самоуправа е проширување на туристичката понуда вон летниот период
Со цел унапредување на угостителската и туристичката дејност во Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески и стручните служби на Локалната самоуправа денеска остварија средба со угостителите од Охрид. „Иницијативата за свикување на ваква средба произлегува од потребата сите заедно да надминеме некои слабости кои според анкетите и евалуацијата на туристичката сезона за 2013 година ги спроведе Секторот ТЛЕР заедно со Факултетот за туризам и угостителсво кои преку презентација имаме можност да ги согледаме денеска“, – рече градоначалникот Бакрачески. Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, заедно со Факултетот за…
повеќе...