Најавен почетокот на Проектот за зајакнување на управувањето на прекуграничните природни богатства на Охридскиот регион

УНЕСКО го најави почетокот на Проектот за Зајакнување на управувањето на прекуграничните културни и природни богатства на Охридскиот Регион. http://whc.unesco.org/en/news/1252 Во оваа иницијатива од самиот почеток беше Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро. „Работите добиваат видливост и нашата цел со овој Проект кој еве започнува е со подрршка на УНЕСКО да ја зајакнеме заштитата на наследството во охридскиот регион и со тоа и самото езеро, и на тоа да се додаде и албанската страна под истиот режим на таа заштита. Фокусот е да обезбедиме интегралност на заштитата, инвентаризација на културното…

повеќе...

Повик за поднесување на предлог-проекти во рамки на Meѓународниот фонд на УНЕСКО за културната разноликост за 2015 година

Министерството за култура – Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија информира дека до 15 април 2015 година заинтересираните национални и јавни институции и здруженија на граѓани можат да поднесат предлог-проекти за реализација на активности од областа на културата во рамки на Meѓународниот фонд на УНЕСКО за културна разноликост за 2015 година, директно на новата интернет-платформа за УНЕСКО. Предлог – проектите треба да бидат во согласност со одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста во културните изразувања. Јасни и прецизни информации можете да најдете на интернет…

повеќе...

Продолжува серијата предавања за штетноста од користење допинг во спортот

Вчера во Скопје се одржа предавање од серијата циклуси од Кампањата на АМС и УНЕСКО за штетноста од користење допинг во спортот. На предавањето тимот предавачи предводен од доктор Илија Стоилов ги информираше ракометарите од Спортската академија за штетноста од користење допинг. „Чистиот спорт подразбира заштита на интегритетот на спортот, заштита на физичкото здравје и менталниот интегритет на спортистите, и обезбедување на еднакви услови за сите натпреварувачи така што резултатите ќе бидат фер рефлексија на природните способности на натпреварувачите, нагласи Стоилов и додаде дека со оваа кампања ќе бидат заштитени и…

повеќе...

Македонското оро „Копачката“ во репрезентативната листа на УНЕСКО

„Пренесувано од генерација на генерација, постојано обновувано како интеракција со природата и историските услови на постоење, како духовно богатство на еден народ, сведочи за неговото опстојување.“ Ова го истакна на прес-конференција министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска по повод ставањето на орото „Копачката“ на листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство. „Сметавме дека преку „Копачката“ можеме пред светот да презентираме дел од нашата богата етнокореолошка традиција, нашето непроценливо фолклорно богатство. Македонските народни танци имаат важно место во македонскиот фолклор и во музичката традиција, и токму затоа, во изминатиот период со…

повеќе...

Започна Проектот за ставање на албанската страна околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО

Во Поградец, Албанија започна со реализација Проектот на ЕУ и УНЕСКО попознат како Проект за ставање на албанската страна на регионот околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО. Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро е нотиран како основа и партнер за проектот во компонентата за зајакнување на прекуграничната соработка клучна за резултатите на Проектот. Утврден е и работен план со кој треба да се исполнат целите на Прооектот до 2017 година. Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат одржа презентација пред претставниците на УНЕСКО во која ги презентираше начинот на воспоставување…

повеќе...

Охрид-Преспа регионот прогласен за прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО

На седницата на Меѓународниот Комитет на УНЕСКО која се одржува во Јонкопинг, Шведска, една од точките беше и прогласувањето на Охрид-Преспа за прекуграничен Биосферен резерват под УНЕСКО, кое прогласување беше едногласно од страна на членките на Комитетот. Носител на номинацијата беше Билатералниот Секретаријат за Охридско Езеро поддржан од МАБ комитетите, Министерствата за животна средина и Националните Комисии на УНЕСКО на Македонија и Албанија. Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат во обраќањето пред УНЕСКО МАБ комитетот истакна дека: „Создавањето на биосферен резерват е сублимат на сите постојни заштитени појаси во регионот и…

повеќе...

Дадена препорака и одобрение до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, да го прогласи македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид-Преспа за Биосферен резерват

Стручниот Комитет на УНЕСКО разгледувајќи ја Номинационата Форма за прогласување на Охрид-Преспа за Биосферен резерват даде ПРЕПОРАКА и ОДОБРЕНИЕ до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, ДА ГО ПРОГЛАСИ  македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид-Преспа за Биосферен резерват заради неговото уникатно значење и вредности кои ги содржи. Стручниот Комитет исто така препорача во моментот штом грчката страна изрази волја да се приклучи кон Биосферниот резерват веднаш да стане дел од Прекуграничниот Биосферен резерват. „Првата вредност на оваа одлука е што Стручниот Комитет на УНЕСКО го одобрува Номинациониот Акт на кој долго…

повеќе...

Комисијата на УНЕСКО била задоволна од Плаошник, но не и од градбите на крајбрежјето

Комисијата на УНЕСКО која во текот на декември минатата година била задоволна од она што го видела на археолошкиот локалитет на Плаошник каде што се гради Свети Климентовиот универзитет. „Ги гледаа проектите. Таму работата не е завршена. Можеби градбите делуваат како цели грамади затоа што сега на нив има само столбови и плочи, но сето тоа ќе се изѕида и ќе се вклопи во амбиентот“, – тврди директорката на Заводот и музеј Охрид Тања Паскали – Бунташеска. Комисијата на УНЕСКО, според неа, не била во вонредна посета на Охрид, туку неа…

повеќе...

Со финансиски средства од Каен ќе се заштитува културното наследство во стариот дел од градот

„Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид“, е проектот со кој Општина Охрид аплицираше и доби средства за негова реализација  во износ од 13 000 евра  од Каен – Долна Нормандија. Проектот е дел од програмата за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Република Македонија и се реализира преку Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија. Носители на проектните активностите ќе бидат општина Охрид  и општина Каен во соработка со Завод и музеј од Охрид. Оваа конкретна соработка меѓу Општина Охрид и Општина Каен е…

повеќе...

Канческа-Милевска се обрати на 37 заседание на Генералната конференција на УНЕСКО

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа се обрати пред учесниците на 37-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, која од 5 до 20 ноември се одржува во Париз. Подвлекувајќи го значењето на УНЕСКО и авторитетот што го поседува, Канческа-Милевска потенцираше дека во Република Македонија, УНЕСКО се препознава како организација која го оправда своето постоење токму со концентрацијата на политики и развојни цели од заеднички интерес, соопшти Министерството за култура. „Горди сме на придонесот што го вложивме во промовирањето и имплементирањето на активностите и иницијативите на Организацијата како на национално, така…

повеќе...