Голем историски ден за УИНТ „Св.Апостол Павле“- Свечено доделени дипломите на првата генерација на студенти

Во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“- Охрид, денеска Ректорот нз УИНТ, професор д-р Нинослав Марина свечено на околу 30-35 студенти  им ги додели дипломите на првата генерација на студенти на Универзитетот од учебната 2009/2010 година. „Ова е голем историски ден за Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“-Охрид. Денеска дипломираа првата генерација студенти од областа на информатичките науки и технологии. Како што знаеме денеска информатичките технологии се во сите пори од општеството и јас сум позитивен дека без проблеми ќе најдат работа не…

повеќе...

Во понеделник ќе се доделат дипломите на првата генерација на студенти на УИНТ „Св.Апостол Павле“

Во понеделник на 12-ти мај, Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“- Охрид, професор д- р Нинослав Марина свечено ќе им ги додели дипломите на првата генерација на студенти на Универзитетот од учебната 2009/2010 година. Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на УИНТ  со почеток во 12 часот.

повеќе...

Прогласени победниците на Codefest 2014 – програмерскиот маратон на УИНТ „Св.Апостол Павле“

Во текот на изминатиот викенд на УИНТ „Св. Апостол Павле“ се одржа програмерскиот маратон Codefest, студентски натпревар во програмирање кој траеше непрекинати 32 часа. Codefestсе одржа по втор пат, во организација на тимот од студенти на УИНТ „H-Sense“,  со организациска поддршка од страна на Универзитетот, Студентскиот Парламент и Студентскиот технички клуб „SITE“.   130 учесници од цела Македонија поделени во 26 тимови ги „искодираа“ своите креативни и иновативни идеи. На маратонскиот натпревар  беа доделени награди во различни категории: најдобра иновација, најдобра бизнис идеја, најдобра веб апликација, најдобра мобилна апликација, најдобар дизајн…

повеќе...

Маратонците ќе програмираат 32 непрекинати часа на „Codefest 2014“ програмерскиот маратон на УИНТ „Св.Апостол Павле“

Овој викенд на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, по втор пат ќе се одржи програмерскиот маратон „Codefest“. Овој настан, уникатен по својата природа, претставува маратон во програмирање на кој непрекинати 32 часа млади програмери од цела Македонија ќе развиваат креативни и иновативни идеи со добар бизнис потенцијал. „Codefest“ ќе започне во сабота на 5 април, во 9:00 часот наутро, а ќе трае до недела, 6 април до 17:00 часот. Настанот е организиран како идеја и иницијатива на тимот од студенти на Универзитетот за информатички…

повеќе...

Опција повеќе за младите од социјално загрозени семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во соработка со Црвен крст, Охрид, започна со реализација на проектот наменет за лица од социјално загрозените семејства. Во рамките на овој проект, учениците на возраст од 16 до 18 години, од оваа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат. На тој начин се отвора можноста кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при…

повеќе...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и УИНТ „Свети Апостол Павле“ Охрид потпишаa Меморандум за соработка

Претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, д-р Зоран Трајчевски и ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, проф. д-р Нинослав Марина, потпишаa Меморандум за соработка, чијашто цел e развој и унапредување на партнерските односи на двете институции, oрганизирање на заеднички активности како семинари, конференции, работилници; размена на релевантни информации кои се од заеднички интерес; заедничко учество на стручни едукации и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции. Посебно ќе биде ставен акцент на следниве активности…

повеќе...

Златен медал за студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Павел Тасков, студент на Универзитетот за информатички науки и технологии од Охрид освои златен медал на интернационалниот натпревар во роботика -Робомак. Пред сѐ, што претставува Робомак? Робомак е интернационален натпревар во роботика, програмирање и вештачка интелигенција. Тоа е натпревар насочен кон популаризирање на роботиката и новата технологија во роботиката, со цел за малку да ја оживее оваа сцена и да ги поврзе луѓето во ова поле. Во што се состоеше натпреварот, твојата задача и задачата на твојот тим? Целиот натпревар беше поделен во 5 категории, Сумо, Хуманоид, Right Target, Трка…

повеќе...

Codefest 2014 – Програмерски маратон во Охрид по втор пат

И оваа година, како зачеток на една мала традиција, во Охрид по втор пат се организира маратонот за програмирање, Codefest 2014. Овој настан е единствен од својот тип, особено со тоа што е организиран од и за студенти, и опфаќа маратонско програмирање, кое минатата година траеше 24 часа, а за оваа година е најавено да трае 32 непрекинати часови. Овогодинешниот настан се организира под слоганот Celebrating Code (Го прославуваме кодот), и се очекува да биде поголем и уште поуспешен од оној минатата година. За таа цел, Организациското Тело на настанот,…

повеќе...

Објавени резултатите од второто национално рангирање на високообразовните установи

Како и на првото рангирање пред две години, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е прв на ранг-листата на високообразовни установи во Македонија, која за постигнувањата во 2011/2012 и овојпат ја состави Центарот за светска класа универзитети при Универзитетот Џиао Тонг во Шангај. На првите пет места на листата од вкупно 20 високообразовни институции се уште три државни универзитети – „Гоце Делчев“-Штип (второ), „Св. апостол Павле“-Охрид (четврто) и „Св. Климент Охридски“-Битола (петто). Од приватните универзитети, највиско рангиран е Универзитетот на Југоистична Европа-Тетово (второ место). Листата, која денеска ја објави Министерството за…

повеќе...

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу УИНТ „Св.Апостол Павле“ и Центарот за неформално образование „Триаголник“

Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид и Центар за неформално образование „Триаголник“ од Скопје потпишаа Меморандум за соработка, што претставува уште еден чекор во заложбите за комплементарност на формалното и неформалното образование и дава непроценлив придонес во осигурување на доживотното учење кое е основа за креирање на општество базирано на знаење. Оваа соработка оди во прилог на заложбите на Р. Македонија за воведување на концептот на доживотно учење кој претполага дека луѓето, а пред се младите треба уште во текот на нивното образование да се…

повеќе...