За првпат годинава ОУ „Живко Чинго“ патронатот ќе го одржи во Центарот за култура

Течат последните подготовки за одбележување на патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти. Учениците заедно со нивните наставници денес екипата на WebOhrid ги затекна како ги вежбаат точките со кои ќе настапат на свечената приредба која ќе се одржи во четврток, на 20 март. „Приредбата ќе започне со почеток во 19 часот. Годинава, темата ќе биде „Звуците на мојата  татковина“. Ќе има хор, рецитал, сега во последно се оди на модерни патронати, сепак она што си е класично е  0на што вреди. Инаку хорот интензивно се подготвува, а исто така…

повеќе...

Гимназијалците – победници на турнирот во ракомет во Велгошти

Денес во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти екипи од средните училишта од Охрид играа турнир во ракомет. Гимназијалците победија и во машка и во женска конкуренција. Во двете финалиња беа постигнати следните резултати: ·ж·  ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски 2:8 ОСУ „Св.Климент Охридски“ ·м·  ОСУ „Св.Климент Охридски“ 9:6 ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Настанот беше организиран од Сојузот на училишен спорт – Охрид. Ангелче Андриоски

повеќе...

Спортски ден во Велгошти по повод роденденот на Тодор Александров

По повод роденденот на Тодор Александров, денеска во Спортската сала во Велгошти која го носи неговото име, се одржа спортски турнир, именуван како „Спортски Ден“. На него учествуваа 300 ученици од сите основни училишта од општина Охрид, како и ученици од основните училишта од општина Дебарца и општина Вевчани. Настанот имаше натпреварувачки карактер. „По повод роденденот на Тодор Александров организиравме спортски настан, кој е регионален натпревар од сите основни училишта од општините Охрид, Дебарца, Вевчани. Имаме награди, медали, пехари, дипломи. Се надеваме дека овој ден ќе прерасне во една традиција…

повеќе...

Спортски ден во Велгошти ќе се одржи по повод роденденот на Тодор Александров

По повод 4 март, роденденот на Тодор Александров, во  салата која го носи неговото име во село Велгошти, ќе се одржи спортски ден. Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер. На него ќе учествуваат 300 ученици од сите основни и средни училишта од општина Охрид, учениците од основните училишта од општина Дебарца и општина Вевчани. Почетокот на натпреварите е закажан за 9:30 часот. Спортскиот ден е во организација на ОУ „Живко Чинго“, а се реализира со поддршка на Локалната самоуправа. „Се надеваме дека овој ден ќе премине во традиција и дека…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ спроведе акција на влезот од Велгошти

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ продолжува со акциите кои имаат цел за почист и поубав Охрид. Во текот на вчерашниот ден екипите на претпријатието го чистеа, односно го уредуваа влезот од Велгошти, покрај ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Од претпријатието велат дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина. А.А/WebOhrid

повеќе...

Нови санитарни јазли и енергетски ефикасна фасада во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Во рамки на работната посета во Охридско струшкиот регион, министерот Спиро Ристовски, заедно со секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески на лице место согледуваа до каде се започнатите градежните активности околу санација на санитарните јазли во Основното училиште „Живко Чинго“ како и реконструкцијата на фасадниот дел од училиштето. „На крајот на  месец март или  почетокот на април  Основното училиште „Живко Чинго“ ќе добие комплетно нови санитарни јазли  и енергетска ефикасна фасада“, истакна Министерот  Ристовски. Министерството за образование веќе има издвоено 6 милиони денари за реконструкција на кровот и на санитарните…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески посветен и на селата, утре во работна посета во Рача, Коњско и Велгошти

Утре, во 10 и 30 часот, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески заедно со директорот на Агенцијата за патишта Љупчо Ѓоргиески, ќе ги посетат селата во Рача и Коњско, каде во 2014 година  ќе се реализираат проекти. Во 12.00 часот, градоначалникот  Бакрачески заедно со министерот  за образование и наука, Спиро Ристовски ќе го посетат училиштето „Живко Чинго“ во с. Велгошти, каде во тек е негова санација.

повеќе...

Започна со работа тенискиот клуб „Охрид“ во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти

Викендов во спортската сала „Тодор Александров“ во с.Велгошти започна со работа тенискиот клуб „Охрид“ предводен од професионалниот тренер (ИТФ сертификат) Крстески Мичо.  Термините за тренинг се следни: – сабота   14:15 часот – недела  13:15 часот Се покануваат сите заинтересирани да дојдат во спортската сала поради формирање на групи кои ќе отпочнат со тренинзи. Бидете и Вие дел од оваа програма, за да заедно ја креираме нашата спортска иднина како наш најголем амбасадор на меѓународен план. Нека овде се родат новиот Ѓоковиќ, Надал, Федерер, Шарапова, Радванска, Лисицки и останатите врвни…

повеќе...

Лице од Ресен точело бензин во Охрид со фалсификувана банкнота

СВР Охрид поднесе известување против Ф.Е.(56) од Ресен, за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 01.12.2013 година, во 21:50 часот, на бензинската пумпа на АД „Макпетрол“ во с.Велгошти, охридско пријавениот при точење бензин во возило на вработениот на пумпата му платил со фалсификувана банкнота од 500 денари.

повеќе...

Шапкароски Игор е среќниот фаќач на светиот крст во Велгошти

Денеска во Велгошти на празникот Водици се собраа голем број на верници. За разлика од лани оваа година, чесниот крст беше фрлен во базенот покасно околу 08:30 часот. Базенот е изграден за Водици пред повеќе години. По чесниот крст во базенот скокнаа голем број на млади Велгоштани. Најсрекен од сите беше младиот Шапкароски Игор -Цапе. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот цела година ќе го следи среќа, здравје и благосостојба. Извор: Velgosti.com

повеќе...