По добиеното известување од бугарските ветеринарни власти за појава случај на птичји грип H5N1во регионот на Бургас во понеделникот и официјалната потврда за болеста добиена од Европската комисија во текот на вчерашниот ден, Агенцијата за храна и ветеринарство со цел да се спречи евентуално пренесување на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Македонија, изрече мерка времена забрана за увоз и транзит на живина и диви птици, како и производи и нуспроизводи од живина и диви птици ( вклучително и јајца) по потекло од Бугарија, зона под надзор во радиус од…
повеќе...Tag: ветеринарство
Промовирани 6 летоци наменети за информирање на потрошувачите за означување на одредени прехранбени производи
Шест нови летоци за информирање на потрошувачите за означување на одредени прехранбени производи, во трговскиот центар „Сити мол,” промовира денес Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија. Станува збор за дел од активностите на Агенцијата за едукација и информирање на граѓаните за прашања кои се однесуваат на безбедноста на храната. Како што истакна на промоцијата директорот Зоран Поповски, покрај тоа што ги донесува прописите од областа на безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја спроведува и контролата, а неколку години наназад активно…
повеќе...Агенцијата за храна и ветеринарство го доби ISO 9001:2008 сертификат за управување со квалитет
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија го доби ISO 9001:2008 сертификатот за управување со квалитет, што претставува значаен меѓународен сертификат за управување со квалитетот во организацијата. Придобивките од воведувањето на стандардот ISO 9001:2008 во работењето е од големо значење за Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, бидејќи тоа ќе придонесе институцијата да добие додадена вредност во однос на квалитетот на услугите што ги нуди, а воедно со системска контрола ќе се подобри ефикасноста и ефективноста на работењето се со цел да бидат задоволени потребите и очекувањата…
повеќе...HACCP – ОТ мора да се одржува и да се унапредува
HACCP системот е одамна востановена работа и наместо за него, веќе треба да збруваме за други, понапредни системи на контрола на храната што ги бараат странските пазари, истакна денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. На завршната работилница „Интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти во Република Македонија” во Сојузот на стопански комори, Поповски подвлече дека сите компании го имаат имплементирано HACCP кој е законска обврска, но тоа не е доволно. Системот мора постојано да се одржува за што се неопходни вложувања, особено во човечки ресурси.…
повеќе...Употребата на адитиви во прехранбената индустрија – Строго утврдена во законот за безбедност на храната
Инспектори за храна, официјални ветеринари, производители и трговци со адитиви и претставници од научните институции од земјава, денес и утре ќе разменат искуства за употребата на адитивите во прехранбената индустрија на работилницата „Употреба на адитивите во производството на храна“, организирана од Агенцијата за храна и ветеринарство,со поддршка од инструментот TAIEX на Европската комисија. Како што истакна Ленче Јовановска, раководител на Секторот за храна од неживотинско потекло во Агенцијата за храна и ветеринарство, институционално се следат сите промени во легислативата која се однесува на адитивите, а која целосно е усогласена со…
повеќе...Одржана TAIEX работилница „Спроведување на легислативата на Европската унија за аквакултура“
Во организација на Европската Комисија, преку инструментот за предпристапна помош (TAIEX) и во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, од 1 до 3 декември во Скопје се одржа работилница „Спроведување на легислативата на Европската унија за aквакултура“ на која беше презентирано европското законодавство и искуството на земјите членки на ЕУ во оваа област на која покрај официјалните ветеринари на Агенцијата, учествуваа и претставници од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, од Факултетот за ветеринарсна медицина, од Хидробилошкиот завод од Охрид, како и производители на риба, членки на…
повеќе...Со навремена детекција и дијагностика до поефикасна контрола на вектор преносливите и паразитските болести кај животните
Каква е состојбата во Европа со вектор преносливите и паразитските болести, која е легислативата која ги уредува овие две исклучително важни подрачја кои се програмите за контрола на надзор на овој тип болести и кои се методите за детекција, дијагностика , за превенција, но и за заштита од вектор преносливите и паразитските болести. Ова се дел од темите на тридневната работилница “ Вектор – преносливи и паразитски болести ”која во организација на Европската Комисија, преку инстриментот за предпристапна помош (TAIEX), во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република…
повеќе...Потпишан протокол за меѓусебно признавање и прифаќање на документи издадени од акредитирани лаборатории за храна и храна за животни меѓу БиХ и Република Македонија
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина Борис Тучиќ, денес го потпишаа Протоколот за меѓусебно признавање и прифаќање на документи издадени од акредитирани лаборатории за храна и храна за животни. Протоколот ја продлабочува понатамошната соработка со надлежните служби на Босна и Херцеговина, особено во делот на безбедноста на храната од неживотинско потекло и храната за животни и претставува основа за признавање на резултатите и другите пропратни документи кои ја следат пратката издадени од акредитирани лаборатории. На…
повеќе...Олеснето некомерцијалното движење на домашни миленици (кучиња и мачки) во ЕУ
Почнувајќи од 19 Ноември оваа година, граѓаните на Република Македонија ќе можат да патуваат со своите домашни миленици во државите на Европската Унија без претходно да извршат тест за проверка на имунитетот од извршената вакцинација против беснило. Со тоа за цели три месеци се намалува периодот потребен за комплетирање на документацијата потребна за патување. Имено на 30 Октомври Европската Комисија донесе Регулатива (ЕУ) бр.1160/2014 со која Република Македонија се вклучува на листата на територии и трети земји кои ги исполнуваат условите пропишани од страна на Европската Комисија за контрола на…
повеќе...Лимоните на македонскиот пазар се безбедни
Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија дека се увезени небезбедни лимони од Република Турција. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во Република Македонија, вклучително и на увозот на лимони од Турција со земање на мостри и вршење на лабораториски испитувања. Досега ниту со еден резултат од испитаните мостри цитрусно овошје, вклучително и на лимони кои во државава се…
повеќе...