Министерска конференција во Виена

„Џихадизмот, преку радикалниот екстремизам и тероризмот, претставуваат сериозна безбедносна закана за сите земји од светот, вклучувајќи не и сите нас. Поради тоа, сите ние треба да соработуваме и преку соодветни мерки за навремена превенција и одговор, да ги спречиме можните безбедносни проблеми кои овие групи би ги направиле во нашите земји“. Ова, меѓу другото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето денешно обраќање на министерската Конференција што во организација на австриските министерства за внатрешни и надворешни работи се одржува во Виена, а на тема “Справување со џихадизмот…

повеќе...

Премиерот Груевски присуствуваше на завршниот состанок на Централно-европската иницијатива

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски  во Виена присуствуваше на завршниот состанок од австриското претседавање со Централно-европската иницијатива. На истиот овој форум Република Македонија го презема претседавањето со иницијативата од страна на досегашниот претседавач Република Австрија. Притоа премиерот Груевски пред шефовите на влади кои што беа присутни на Централно-европската иницијатива ги истакна политичките и економските приоритети на македонското претседателство и го претстави нацрт календарот на активности врз основа на кој што ќе се врши реализација на целите и приоритетите. „Ги истакнав приоритетите на нашето претседавање во наредната година,…

повеќе...

Премиерот Груевски ќе присуствува на Виенскиот економски форум на состанокот на Централно-европската иницијатива

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски денеска (понеделник, 24.11.2014 година) присуствуваше и се обрати на Виенскиот економски форум. Виенскиот економски форум е еден од најреномираните и најеминентни политичко економски настани кои што се одржуваат на европскиот континент, а на овогодишниот настан покрај македонскиот премиер присуствуваат и претседателот на Република Австрија г-дин Хајнц Фишер, австрискиот премиер г-дин Вернер Фајман, албанскиот премиер г-дин Еди Рама, црногорскиот премиер г-дин Мило Ѓукановиќ, вицепремиерот на Бугарија г-дин Томислав Дончев, претседателот на Европската банка за обнова и развој, г-дин Сума Чакрабарти и поголем…

повеќе...

Современата македонска ликовна уметност претставена во Виена

Во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Виена, синоќа пред бројни посетители, љубители на уметноста, претставници на македонската заедница и дипломатскиот кор, беше претставена изложбата „Мејд ин Маседониа-Бриколаж“, активност која се одржува во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура во Австрија“. Изложбата ја отворија директорката на Музејот на современата уметноста, Елиза Шулевска и амбасадорот на Република Македонија во Австрија, д-р Ѓорги Филипов кои ја истакнаа важноста на ова големо ликовно претставување на современата македонска уметност во австриската престолнина. Директорката на МСУ, Шулевска пред присутните потенцираше дека изложбата претставува…

повеќе...

Бурен аплауз за актерите на Драмскиот театар во Виена

Со бурен аплауз и со овации беа испратени актерите на Драмскиот театар, кои во престижниот театар „Акцент“ во Виена, со претставата „Последните Македонци“ во режија на Сашо Миленковски, ја отворија манифестацијата „Денови на македонската култура во Австрија“, која се одржува во рамките на прославата на 20-годишнината од дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Австрија … Претставата „Последните Македонци“ беше изведена пред повеќе од 300 посетители, меѓу кои и директорот на Драмскиот театар Роберт Вељановски; амбасадорот на РМ во Виена, д-р Ѓорѓи Филипов; Роберт Петрески, заменик-секретар на Македонската културна заедница…

повеќе...

Заменик претседателката на СДСМ во Виена на конференција на ОБСЕ

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска и утре учествува на Конференцијата за родова еднаквост во Виена. На покана на организаторите ОБСЕ/ОДИХР и Швајцарското претседателствување со ОБСЕ, Шекеринска ќе ја отвори темата за „Учество на жените во политиката“. Денеска заменик претседателката Шекеринска имаше и средба со Г-дин Јан Кикерт, политичкиот директор на МНР на Австрија, на којашто се разговараше за состојбите во Македонија и предлозите на СДСМ за излез од усложнетата политичка криза во земјава.

повеќе...