Објавена музичката програма на Вино Скоп 2015

Деветти пат по ред во Скопје од 30-ти септември до 4-ти октомври ќе се одржи фестивалот во чест на виното- Вино Скоп 2015. Покрај големата понуда на вина и деликатеси, пет дена ќе имаме можност да уживаме и во богата музичка програма. Ќе слушнеме шлагери, рок, популарна музика, филхармонија со преработки на светски хитови, реге, ирска музика, џез, блуз, руски традиционални песни, македонски хитови, фолк, етно, ска, самба, труби… За да биде што повесело на Вино Скоп ќе се погрижат: Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Сара Мејс, Миле Кузмановски, Куку Леле,…

повеќе...

Договорени откупните цени за винското грозје

Откупувачите на грозје и лозарите постигнаа договор за минималната откупна цена на килограм винско грозје на денешниот состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство што се одржа под медијаторство на министерот Михаил Цветков. Како што информираат од МЗШВ, договорено е минималната цена за откуп на сортата грозје Вранец со 19 шеќерни единици да биде 13 денари за килограм. Покрај тоа, договорена е и цена од 0,68 денари по шеќерна единица, која ќе се користи при пресметка на откупна цена за сортата Вранец во случај кога производителите на грозје ќе…

повеќе...

Започна фестивалот на „Вино и сирење“

Триесеттина производители на вино и сирење од Македонија и Албанија се дел од фестивалот на „Вино и сирење“ што и годинава како минатата се одржува на плоштадот “Чинар“ во охридската чаршија. Бројни охриѓани но и гости од земјава и странство воодушевени од несекојдневната глетка дегустираа од виното, сирењето и останатите автентични производи за овој регион изложени на 20 унифицирани штандови. Фестивалот за отворен го прогласи заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Со настани од ваков тип покрај што ја збогатуваме туристичката понуда на Охрид , ние настојуваме да укажеме на…

повеќе...

Охрид домаќин на фестивалот на „Вино и сирење“ и ревијата на Олдтајмери

Денес и утре Охрид е домаќин на две меѓународни манифестации, возобновениот фестивал на „Вино и сирење“ и ревијата на Олдтајмери кои ја збогатуваат туристичката понуда на Охрид и стануваат препознатлив белег на градов во лето. Како минатата така и годинава фестивалот на „Вино и сирење“ ќе се одржува на плоштадот Чинар во чаршијата. На 20 унифицирани штандови 27 производители од Македонија и од регионот на Корча, Република Албанија ќе ги изложат , виното , сирењето и други производи автентични за овие предели. „Презентацијата на виното и сирењето и денеска и…

повеќе...

Фестивалот на „Вино и сирење“ 2015 ќе се одржи на 21 и 22 август

На плоштадот „Чинар“ на 21 и 22 август ќе се одржи фестивалот на „Вино и сирење“ 2015. Оваа година покрај локалните производители на вино и сирење, учество ќе земат и производителите од регионот Корча, Република Албанија. Производителите ќе имаат можност своите производи да ги презентираат пред посетителите кои пак ќе имаат прилика да ги почувствуваат вкусовите на домашните вина и сирења. Фестивалот на вино и сирење дава голем придонес за збогатувањето на туристичката понуда на градот во овај период од годината, а и овозможува остварување на директни контакти со претставниците…

повеќе...

Вински туризам: Пет дестинации што мора да ги посетат љубителите на вино

Онлајн магазинот Food and Wine објави листа на пет локации што мора да ги посетат љубителите на вино. Меѓу предлозите на дестинации за вински туризам, се наоѓа и Македонија. Македонија Малечката балканска држава, со 2 милиони жители, произведува висококласно вино уште од времето на Цезар, но има добиено многу малку признанија. Може да престојувате во Попова Кула, винарија со соби за сместување во Демир Карпија и глледајте да ја посетите винаријата Бовин, што е првата винарија формирана од осамостојувањето на Македонија од Југославија, од 1991. година. Орегон Орегон не е…

повеќе...

Писмо: Како треба да изгледа една винска карта?

Веќе неколку месеци со професорката Ангела Василеска, од факултетот за туризам и угостителство од Охрид, работевме на тоа да изнајдеме соодветно идејно решение како треба да изгледа една винска карта. Моменталната состојба во однос на оваа, винска карта, кај нас е очајна. Отвораме листата на пијалоци во рестораните и во некое ќоше ставени неколку вина само името на виното, цената и толку. Ништо повеќе за виното. Виното е многу повеќе од обичен пијалок, и токму за тоа треба да го третираме на посебен начин. Размислувавме како треба да изгледа една…

повеќе...

Поддршка од 35 милиони денари за извоз на флаширано вино и земјоделски преработки

Владата на Република Македонија ја усвои Програмата за финансиска поддршка на маркетингот на земјоделски производи за 2015 година. Основна цел на оваа програма е финансиски да се поддржи пласманот на македонски квалитетни производи на надворешни пазари и тоа преку покривање на дел од трошоците за амбалажа на преработени земјоделски производи наменети за извоз. Со давањето на поддршка за амбалажирање се влијае на зголемување на квалитетот на земјоделските производи, и тоа преку зголемување на додадената вредност на производот и постигнување на повисоки пазарни цени на странските пазари, што ќе обезбеди позитивни…

повеќе...

Бурињата со вино во Пештани кај Петар Толевски и Никола Гугоски

Традиционално, Денот на Рибарите се одбележува и во Пештани. Бурињата кои беа фрлени во Охридското Езеро, годинава, ги фатија 13 годишниот Петар Толевски и 23 годишниот Никола Гугоски. А.Андриоски

повеќе...

Македонија очекува укинување на бариерите за извоз на лекови во Албанија и вино во Србија

Укинувањето на трговските бариери со кои се соочуваат земјите на ЦЕФТА во меѓусебната размена на стоки, беше централна тема на денешната седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА страните во Скопје, со која претседаваше министерот за економија Беким Незири. „Македонија има бариери за извоз на лекови во Албанија и за извоз на вино во Србија. На седницата донесовме заклучок Република Албанија во наредниот период да ја согледа можноста да направи измена на Законот за здравство во делот со кој се регулира увозот на лекови, кој предвидува лековите што се увезуваат да…

повеќе...