Германската GES ќе инвестира во Македонија, 200 нови работни места

Двесте нови работни места ќе бидат отворени со инвестицијата на германската компанија German Electro-Mechatronic Systems (GES) која денеска во Владата го потпиша договорот за реализација. Компанијата ќе инвестира 15 милиони евра во изградба на производствен погон и административна зграда кои ќе се протегаат на површина од 15.000 метри квадратни во ТИРЗ Бунарџик. Ќе се произведуваат соларни панели и лед-светилки со врвна германска технологија која компанијата сега ја применува во нивниот производствен погон во Југоисточна Кина. Планирано е изградбата на фабриката да започне кон крајот на февруари или најдоцна на почетокот…

повеќе...

Потпишан договор за рестартирање на „Порцеланка“, 1.000 нови вработувања

Владата на Република Македонија и индиската групација БРГ денеска во Велес потпишаа договор за реализација на инвестиција во која ќе биде рестартирана поранешна „Порцеланка“. Инвестицијата е вредна околу 31 милион евра, а планирани се илјада нови вработувања што ќе бидат реализирани низ повеќегодишен план. На потпишувањето на договорот во Велес присуствуваше и премиерот Никола Груевски. Тој истакна дека групацијата БРГ е една од најголемите и најбрзорастечки светски компании во производството на производи од челик и оти со влезот на оваа компанија во Македонија ќе се врати во живот „Порцеланка“. „Новата…

повеќе...

Груевски: Со владина поддршка набавени 2.000 трактори и уште 8.000 други земјоделски машини

Со досегашната владина поддршка преку проектот „50:50“, во Македонија се набавени 10.000 парчиња земјоделска механизација од кои 2.000 трактори и 8.000 други видови машини, рече денеска премиерот Никола Груевски. Во земјоделските задруги, како што изјави Груевски по потпишувањето на Договорот за рестартирање на „Порцеланка“ во Велес, тој принцип беше „90:10“ зашто Владата сакаше да даде голема поддршка за формирањето на земјоделските задруги. Таму, 90 отсто инвестираше државата, а 10 проценти земјоделците. Според него, се работи за голема инвестиција од околу 15 милиони евра. „Видовме дека тоа многу им помогна на…

повеќе...

Средби на премиерот Груевски со Сешн и Берсин во Вашингтон

Во рамките на еднодневната посета на Соединетите Американски Држави, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, оствари средби со Пити Сешн, претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, и со  Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност. Претседателот на Владата Груевски, во Конгресот на САД, оствари средба со Пити Сешн, кој е претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, еден од највлијателните конгресни комитети, кој ги уредува сите прашања во врска со процедурите, потребите, правилата и останатите аспекти за усвојување на американските закони. Сешн е еден од највлијателните американски конгресмени од…

повеќе...

Нова браунд филд инвестиција, фабрика за чипс во битолско Кравари

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска во битолското село Кравари ја пушти во работа новоотворената фабрика за производство на чипс, браунд филд инвестиција на Горданчо Мирчевски наш иселеник кој се врати од Австралија. „Инвестицијата на нашиот сограѓанин Горданчо Мирчевски во родниот крај е типичен пример за голем број Македонци кои ниту далечината, ниту времето, ниту пак стандардите на високо развиените земји не ги одделија од својата татковина. Македонија во своето поблиско и подалечно минато беше изложена на голем одлив на население. Многумина заминаа, но никогаш не заборавија…

повеќе...

Груевски: Марина ќе се гради, веќе е почната процедурата

Марина во Охрид ќе се гради и веќе е објавен конкурс за идејно решение за две локации, информира денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на охридскиот регион. Едната локација, појасни тој, е на пристаништето, а другата е кај каналот на Армијата на Република Македонија. Откако ќе се добијат идејни решенија ќе се одлучи на која локација ќе се гради марината. „Има луѓе што сметаат дека треба на едното место, а други кај другото па затоа јавниот повик е да се изработи идејно решение за двете места.…

повеќе...

Премиерот Груевски во посета на Охрид

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска престојуваше во работна посета на Охрид. Заедно со министерот за здравство ги посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, чија целосна реконтрукција и проширување е во тек, како и Општата болница во Охрид која од неодамна доби нова опрема за рано дијагностицирање канцер на дојка. „Реконструкцијата на болницата „Свети Еразмо е инвестиција на Владата односно Министерството за здравство вредна 215 милиони денари. Се работи за темелна реконструкција на објектот, а во еден дел и доградба, односно ставање во употреба на нови пет…

повеќе...

Груевски: Откупот на тутун тече одлично со реална цена

Откупот на тутун тече одлично. Според информациите од терен постигната е реална цена околу 187 денари плус 60 денари субвенција по откупен килограм, истакна денеска премиерот Никола Груевски. По посетата на охридскиот регион одговарајќи на новинарски прашања тој информира дека досега се откупени околу 8,5 милиони килограми тутун. „Откупот тече релативно во најдобар ред. Сите октупни претпријатија што имаат лиценца вршат откуп, а инспекциите се на терен. Државата бурно ќе го следи процесот особено во делот на добивање реална цена за тутунот и реално вреднување на трудот на тутунопроизводителите. Засега…

повеќе...

Нови 30 книги од „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“

Нови 30 дела од проектот на Владата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ беа претставени денеска, со кои досега се преведени и промовирани сто од планираните 366 дела. На денешната, петта промоција од почетокот на овој проект, беа промовирани девет наслови од историографијата, 11 филозофски дела на познати светски мислители и 10 наслови од психологија и психоанализа, а најголем број од нив првпат добиваат превод на македонски јазик. Меѓу преведените книги од областа на историјата се наслови од Мајкл Енголд, Дејан Ѓокиќ, Оливер Шмит, Ева Ане Франц,…

повеќе...

Груевски: Растот на извозот покажува дека економијата се движи во добар правец

Премиерот Никола Груевски очекува годинава да продолжи растот на извозот со исто или поголемо темпо од минатогодишното кога беше забележан раст од 11 проценти. Според него, растот на извозот покажува дека економијата се движи во добар правец, а Владата, како што нагласи, продолжува со поддршка на стопанството. „Растот на извозот од 11 проценти за првите 11 месеци од минатата година е сериозен, а комбинирано со растот на индустриското производство говорат дека економијата задржува позитивен правец. Зголемениот извоз е резултат на зголемена економска активност на компаниите, а тука мошне значаен удел…

повеќе...