Димовски: Со новите министри, СДСМ повеќе нема да има алиби за поразот што ги очекува

На денешната 76-тата пленарна седница на Собранието на РМ на која пратениците ги избраа предлозите за нови министри и заменици министри согласно договорот од Пржино за збор се јави, Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски кој истакна дека овој избор на министри и заменици министри е плод на политички договор, но и плод на политичка волја за брзо завршување на политичката криза во Република Македонија. „Како парламентарно мнозинство носиме одговорност само пред граѓаните и без разлика на желбата за власт која што ја има опозицијата, ние носиме одговорност…

повеќе...

Милошоски: Денешниот извештај е тежок пораз за деструктивната политика на СДСМ

Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, одржа прес-конференција, на која истакна: „Почитувани, Република Македонија повторно доби извештај со препорака и тоа е извештај коишто гарантира дека оваа држава има капацитет за успешно да ја задржи препораката. Но, за жал Еврпоскиот совет, не веруваме дека во овој момент има капацитет да постигне едногласност за оваа препорака да ја преточи во одлука за почеток на преговорите. Македонија продолжува напред и покрај сите обиди на СДСМ да ја втурне во политичка криза која што ја креираа пред 9 месеци господинот Зоран Заев и…

повеќе...

Честитка од ОК ВМРО – ДПМНЕ Охрид по повод 7ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид на сите граѓани им го честита денешниот празник 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид. „Денес се присетуваме на херојските подвизи на борците против фашизмот. Ова е денот кога ја искажуваме нашата благодарност кон сите оние борци кои придонесле за ослободувањето на Охрид. Дел од нив, за жал, оваа слобода ја платија прескапо, со положување на сопствените животи. Нивната борба и пожртвуваност како аманет тлеат во секој еден од нас и како завет дека нивните херојства и жртви нема никогаш да бидат заборавени, а слободата за…

повеќе...

Груевски: Главната цел е постигната избори ќе има на 24 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски по завршување на лидерската средба на која беше финализиран Договорот од Пржино, изрази задоволство што разговорите завршија со успех и потенцира дека е важно што е договорно изборите да не се одложуваат и да се одржат на 24 април 2016 година. „Јас сум многу задоволен од она што го договоривме. Наша стратешка цел како партија беше да се бетонира датумот на избори, за што од СДСМ имаше обиди да го одложи, односно бараше да биде одложен, но ние тоа не го дозволивме и…

повеќе...

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на македонската револуционерна борба

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита денешниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. „На денешен ден беше запалена искрата која го разгори огнот за национално ослободување на Mакедонија. Идејата за организирана револуционерна борба беше водилка на илјадници македонски дејци, револуционери и херои. Нивната саможртва го одржа жив до ден денешен нивниот аманет и заклетва за слободна и независна Македонија која секој од нас треба да ја гради и сесрдно да придонесува во нејзиниот напредок. Да ни е честит и вековит празникот! Нека е вековита идејата на организацијата!…

повеќе...

ВМРО-НП со честитка по повод Денот на Македонската револуционерна борба

ВМРО – Народна партија упатува честитки до сите граѓани по повод Денот на Македонската револуционерна борба. „Она што предците се избориле за ние да го живееме денес, не смее да биде заборавено и запоставено. Нивната борба за слобода и нивниот придонес за нашата татковина треба да бидат патоказ и пример за борбеност на еден народ. Придонесот на оние кои ни овозможија да ја живееме сегашноста никогаш нема да биде заборавен. Иако со многу тешкотии, и денес мораме да го продолжиме патот кој тие го започнале. Борбата за слобода продолжува!“ –…

повеќе...

23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

Денот на македонската револуционерна борба или Ден на револуционерната борба е државен празник кој се празнува на 23-ти Октомври во Македонија. Празникот се празнува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници. Овој ден е неработен. Празникот се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. Имено, на 23 Октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на…

повеќе...

Иво Котевски нов директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

На последната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука, функцијата Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ да ја врши Иво Котевски. Тој оваа функција ќе ја преземе од утре, од досегашниот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој ќе продолжи да ја извршува функцијата Координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието на Република Македонија. Иво Котевски зад себе има богато искуство како новинар и уредник во телевизиите Канал 5 и Телма од 1999 година и новинарската работа ја извршувал се до…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Ако од СДСМ сметаат дека охриѓани страдаат од амнезија, многу згрешиле

Во врска со соопштението од СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои: „Ако од СДСМ Охрид сметаат дека граѓаните на Охрид страдаат од амнезија многу згрешиле. Ќе ги потсетиме опозиционерите што значи партизирана администрација и корупциски афери така што ќе зажалат што фрлиле “со свој камен по своја глава”. Недалеку е периодот во кој во Секторот за ТЛЕР раководеше еден врвен експерт кој за општината по сите критериуми донесе рекордно низок број на проекти со кои директно допринесе за депресивниот развојот на Охрид. Еден од “многуте” проекти…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Виртуелниот свет на СДСМ е само нивни и претставува утеха за се она што не може да го постигнат во реалноста

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реагираше Советничката група на ВМРО ДПМНЕ. „Продолжува дезорганизираното и дезориентирано однесување на СДСМ- Охрид. Навистина е тешко човек да извлече некаков логичен заклучок за нивното однесување. Единствено што може да се констатира е дека се работи за обичен политички маркетинг и евтин обид за додворување до граѓаните на Охрид. Незамисливо е да се прават обиди за извртување на вистината и класично манипулирање со јавноста во врска со реализација на проектот, изградба на малото пристаниште во Охрид. Веројатно од СДСМ- Охрид…

повеќе...