ВМРО ДПМНЕ реализира огромен број капитални проекти во патната инфраструктура, а во наредниот период ќе се продолжи со уште подинамично темпо за реализиција на започнатите, но и на нови проекти. Во програмата РЕАЛНО укажуваме и многу нови проекти за инфрастуктурата, за реконструкција и изградба на локални патишта за градот Охрид кој се од големо значење за нашите граѓани. Ова денес го истакна претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за пратеник во ИЕ 5 Д-р Љубен Арнаудов, кој беше на средба со жителите на Пештани. „ВМРО ДПМНЕ изминативе години…
повеќе...Tag: вмро
ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска да даде значајни одговори кои и ги должи на целокупната македонска јавност
Во врска со денешната прес-конференција на носителката на кандидатската листа во изборна единица 5, Радмила Шекеринска, реакција испрати ОК ВМРО-ДПМНЕ, во која стои: „Еден од главните црни ликови во историјата на македонската политичка сцена, госпоѓата Радмила Шеќеринска очигледно повеќе од потребно е да го согледа и преиспита своето политичко милје и да даде значајни одговори кои ги должи на целокупната македонска јавност. Г-ѓа Радмила Шеќеринска, Ве повикуваме, токму приликата на Вашата посета во град Охрид да ја искористите и да дадете одговори на сите оние конфузни политики и ставови на…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Советниците на СДСМ во Советот на Општина Охрид треба да им се извинат на граѓаните и во најмала рака да ги повлечат своите мандати
ОК на ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение до медиумите, во врска со присуството на советниците на СДСМ во Општина Охрид на прес-конференцијата од Радмила Шекеринска, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 5. „ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид најостро реагира врз начинот на кој советниците од СДСМ и нивната коалиција во Советот на Општина Охрид ги напуштија своите места се со цел присуство на партиски агенди и пресови. Ваквиот пристап на советниците на СДСМ и нивната коалиција уште еднаш ја потврдува тезата дека токму кај нив функциите кои ги…
повеќе...Домазетоски: Ќе донесеме нов закон за Безбедност на сообраќајот на патиштата по европски терк
Во просториите на ОК на ВМРО-НП Охрид, кандидатот за пратеник во ИЕ 5 од коалицијата ВМРО за Македонија, Рајко Домазетоски денес одржа прес-конференција. „Сакам да ја запознаам пошироката јавност за еден невиден преседан што од почетокот на месец јануари се случува во Република Македонија, со најновите измени во Законот за безбедност во патниот сообраќај нешто што засега илјадници граѓани во оваа држава ( пред се млади луѓе ), одредби од законот, кој што се противуставни, противречни и контрадикторни, нејасни и крајно неприфатливи за една голема популација на граѓани – граѓани од…
повеќе...Василевски: Гасоводот е значаен проект за Македонија, но историски за градот Охрид
Гасоводот е значаен проект за Република Македонија, но историски за градот Охрид. Затоа една од клучните цели на ВМРО ДПМНЕ е воведување на природен гас како нов енергенс директно достапен во домаќинставата, индустријата, малите и средните претпријатија, негова употреба во комуналните дејности образовните, социјалните дејности, здравствените установи, но и овозможување на негова достапност во секој дом во Република Македонија. Ова го истакна на денешната прес-конференција кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5 Д-р Сашо Василевски. „За петтата изборна единица најзначајна е изградбата на магистралниот гасовод Битола-Ресен-Охрид-Струга и магистралниот…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ заборава дека спроведовме реформи во основното, средното и високото образование
Во врска со прес конференцијата на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ во која стои: „Кога СДСМ говорат за проектите во образованието очигледно забораваат дека ВМРО ДПМНЕ спроведе реформи во основното, средното и високото образование. Имплементиравме концепт на бесплатно образование каде што седма година има бесплатни учебници во основното и средното образование. Бесплатен превоз за учениците, бесплатен интернет, наставни програми Кембриџ, и многу други. Имплементација на програмата, интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, изучување на македонскиот јазик за деца на иселениците, проект безбедни училишта, изготвивме…
повеќе...Арнаудов: Програмата „Реално“ е најсоодветно четиво за сите области вклучувајќи ги водените басени во Македонија
Особено е значајна тематиката која ја опфаќа внатрешната пловидба. Република Македонија и тоа како е богата со водни ресурси, но за одржување во оптек на водените басени потребни се значајни проекти кои денес може да ги согледаме како наведени во програмата РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ. Ова го истакна на денешната прес-конференција претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за пратеник во ИЕ 5 Др. Љубен Арнаудов. Тој наброи само неколку проекти кои се директно поврзани со градот Охрид. „Брод за чистење на езерското дно, одржување на пловни патишта, поставување сигнализација на пловни патишта…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Охридската јавност конечно ги виде лицата и ги слушна гласовите на СДСМ
Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која стои: „Охридската јавност конечно ги виде лицата и ги слушна гласовите на СДСМ во градот Охрид најверојатно разбудени од длабок зимски сон. Но целокупната јавност наместо да слушне конкретни проекти со издржани стратегии за нивна реализација согледаа само од ракав извадени реченици. Токму преку ваквите пресови на СДСМ може РЕАЛНО да се согледа разликата помеѓу она што тие го ветуваат, а ВМРО ДПМНЕ веќе го реализира. Потенцираме дека ВМРО ДПМНЕ е сериозна…
повеќе...Каневчев: Морално право и обврска ни е да го вратиме сјајот и да ги обелиме четирите свети букви на историското В М Р О
Во просториите на ОК на ВМРО-НП Охрид денес се одржа прес-конференција, на која говореше кандидатот за пратеник од Коалицијата „ВМРО за Македонија“ во ИЗ5 Владимир Каневчев. „Чест ми е што сум овде како претставник на Коалицијата ВМРО за Македонија, коалиција која и беше неопходна на Македонија. Оваа коалиција е предводник од искусни луѓе, политичари кои беа столбот и младата прогресивна сила во раните 90 години и цврсто застанаа на патот за суверена и независна Македонија. Лидерите на коалицијата ВМРО за Македонија се искусни луѓе кои поминаа повеќе политички премрежја во 25 годишниот период…
повеќе...Милошоски: За набавка на медицински апарати предвидени 33 милиони евра
Во програмата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидени се вкупно 33 милиони евра за набавка на најсовремени медицински апарати и опрема за здравствените установи низ Македонија. Тоа денеска во Охрид го истакна Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“ во петтата изборна единица. „За здравствените установи во рамки на Петтата изборна единица предвидена е набавка на 930 медицински апарати, со вкупна вредност од 6,5 милиони евра, од кои три милиони евра за охридските болници и установи“, изјави Милошоски. Тој најави и целосна обнова и…
повеќе...