Нови 165 војници на Република Македонија на доброволно служење воен рок во Армијата

Армијата на Република Македонија им посака добредојде на новите војници кои денес положија свечена заклетва во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ – Велес. 165 војници на Република Македонија меѓу кои 12 жени во наредните три месеци ќе бидат обучувани од инструктори од Центарот за индивидуална обука во Велес, кои ќе се запознаат со основната воена обука и воедно тие ќе претставуваат база за понатамошниот избор на професионални војници. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски имаше свое обраќање на денешната свеченост при што на новите граѓани кои ја потпишаа денешната заклетва им…

повеќе...

Единица со исклучителен капацитет, мотивираност и посветеност – свечено одбележан денот на Полкот за специјални операции

„Вие заедно со сите припадници на Армијата на Република Македонија сте темелот на сувереноста и територијалниот интегритет на Република Македонија. Тоа е голема обврска и патриотска должност која граѓаните на Република Македонија неизмерно ја ценат. Вие сте подготвени да извршувате најсложени задачи демонстрирајќи највисоки капацитети и затоа ве охрабрувам да останете подготвени и мотивирани како и досега,“ им порача министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на припадниците на Полкот за специјални операции на свеченоста по повод Денот на Полкот во касарната „Илинден“. Министерот Јолевски пред припадниците на Баталјонот…

повеќе...

Голем интерес на огласот за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија

Над 1.000 граѓани на Република Македонија се пријавија на конкурсот за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија, покажуваат податоците од подрачните единици на Министерството за одбрана. Во рамки на пријавените има граѓани од повеќе етнички заедници, но што е исто исклучително значајно има и припаднички на понежниот пол. Во следните денови Министерството за одбрана врши проверка на доставената документација, по што лицата за кои е утврдено дека ги исполнуваат условите согласно Огласот за прием на професионални војници, по претходен план ќе бидат повикувани на психолошки тестирања, општообразовни…

повеќе...

Македонските мировници ја завршија ИСАФ, продолжуваат со „Одлучна поддршка“

Во Домот на АРМ во Скопје денеска свечено беше одбележано завршувањето на 12-годишната мировна мисија ИСАФ и почетокот на мисијата „Одлучна поддршка“ на припадниците на АРМ во Авагнистан и тоа преку обука, советување и асистенција на авганистанските безбедносни сили. Почнувајќи од 2002 година во рамките на турскиот контингент, во коалиција од 50 – тина земји НАТО сојузници и партнери, АРМ со околу 3 илјади македонски мировници во мисијата ИСАФ, значително придонесе за зачувувањето на мирот и изградбата на поразвиена демократија и поголема безбедност во Авганистан. Од друга страна, македонските мировници…

повеќе...

Министерството за одбрана ги повикува младите граѓани на Република Македонија да се пријават на огласот за професионални војници

Министерството за одбрана на Република Македонија ги повикува сите млади граѓани на Република Македонија да се пријават на објавениот оглас за професионални војници и со тоа да ја искористат можноста да бидат дел од Армијата на Република Македонија. Процесот на селекција ќе се одвива во рамки на максимална транспарентност која вклучува четири фази т.е. поднесување на документи, медицински прегледи, психофизички тестови и процес на специјална селекција. Целта на сите тестови е да се продолжи со традиционалното ангажирање на професионални војници со развиени психофизички способности и високи морални и етички стандарди.…

повеќе...

Македонските мировници го продолжуваат придонесот кон глобалниот мир и безбедност

„Ние сме горди што Армијата на Република Македонија во Авганистан, во рамките на новата мисија „Одлучна поддршка“ испраќа одлично обучени војници, кои поставените задачи ќе ги извршат со највисок квалитет, со што даваме несомнен придонес кон светскиот мир и стабилност“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на денешното свечено испраќање на дел од македонскиот контингент во рамките на новата мисија на НАТО алијансата во Авганистан. Министерот Јолевски додаде дека Македонија досега има добиено највисоки оцени за нејзиното учество во меѓународните мировни мисии, а резултат на тоа е…

повеќе...

Комеморација и положување венец во спомен на починатите британски војници

Денес, делегација на Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот, Зоран Јолевски, положи венец со свежо цвеќе на британските воени гробишта во Скопје, во спомен на починатите британски војници од Првата светска војна. На Комеморацијата на британските воени гробишта присуствуваше и делегација од Армијата на Република Македонија, како и претставници на странските амбасади и одбранбените аташеи во Република Македонија. Церемонијата на британските воени гробишта каде се наоѓаат гробовите на 117 војници, е во спомен на загинатите во Првата светска војна и претставува потсетник за трагедијата на сите луѓе,…

повеќе...

Промовирани 34 питомци од 14-та класа во потпоручници, двајца поручници од родот авијација

Триесет и четири питомци од 14. класа на Воената академија денеска во скопската касарна „Гоце Делчев“ беа промовирани во чин потпоручник, а двајца од родот авијација во чин поручници. На свеченоста присуствуваа претседателот и Врховен командант на АРМ Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески кои им ги доделија наградите на најдобро рангираните во класата според покажаниот успех, Ненад Дубљевиќ, Илија Сребренов и Елеонора Науновска. Во рамки на оваа класа, 28 питомци се од Република Македонија, додека шест се од Црна…

повеќе...

Ненадоместлива загуба за МВР – четворица врвни професионалци трагично ги загубија животите

„Синоќа се соочивме со едни од најцрните и најтешки моменти во историјата на Министерството за внатрешни работи.  Загубивме четворица наши искусни колеги, кои со своето знаење, дух и професионализам, оставија длабок печат врз нас и врз работењето на Министерството. Тие беа и ќе останат пример како се сака својата земја и како се работи во полза на граѓаните. Дозволете да им изразам најдлабоко сочуство на семејствата на: 1. Драги Мицев роден 1969 година во Струмица, началник – пилот на хелихоптерската единица со работен стаж од 34 години.  2. Марјан Трајковиќ роден…

повеќе...

Македонските „Тигри“ ќе помагаат на терен во Србија

Со одлука на Владата на Р. Македонија, Министерството за внатрешни работи утринава испрати една чета составена од 15 припадници на Единицата за специјални задачи „Тигар“, обучени за спасување во вонредни околности. Освен нив, согласно владината одлука, на српските власти ќе им биде ставен на располагање и еден полициски хелихоптер МИ 17, како и персоналот од седуммина вработени во хелихоптерската единица кои го опслужуваат воздухопловот. Според предвидениот план, 24-те полициски службеници треба да слетаат на аеродромот во Белград, од каде што ќе бидат ставени на располагање на српскиот кризен штаб, а…

повеќе...