Вечерва околу 21 часот врнежите од дожд преминаа во врнежи од снег. За неколку минути водените улици беа прекриени со снежна покривка. Снежните врнежи се очекува да продолжат и во текот на ноќта, што може да предизвикаат отежнато одвивање на сообраќајот, а можни се проблеми и со напојувањето со електрична енергија. WebOhrid
повеќе...Tag: време
Градоначалникот Бакрачески будно ја следи состојбата со поплавените подрачја
Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески од рано утрово е на терен со цел да утврди со какви последици се соочуваат охриѓани и мештаните од приградските населби по дводневното невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег што го зафатија охридскиот регион. По дојава од Кризниот штаб, градоначалникот заедно со својот тим на лице место ги констатираше последиците од поплавените предели во населбата Даљан на улица „Сатеска“ на пресекот на улиците „Дејан Војвода“ и „Стив Наумов“ и на ул. „Аџи Мустафа“ во населбата Воска. По извршениот увид, по налог…
повеќе...Во вечерните часови се очекува излевање на водата од реката Брегалница
Денеска се оддржа состанок на Координативното тело на кој се разгледуваше состoјбата во кризните пордачја по вчерашните врнежи. Поради зголемување на нивото на водата во браната Калиманци, во вечерните часови се очекува излевање на водата од реката Брегалница. Како критични точки се утврдени сите наслени места што се по течението на реката Брегалница и тоа во: Виница, Чешиново- Облешево, Кочани, Карбинци и во Штип. Се апелира до сите жители од овие населени места да бидат претпазливи, да ги осигураат вредните предменти на сигурни места и физички да ги обезбедат своите…
повеќе...Нов снег во Охрид
Интензивни врнежи од снег попладнево го зафатија Охрид. Снегот формира снежна покривка и го отежнa сообраќајот. Според информациите од УХМР, во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 40 л/м2 дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува зголемување на снежната покривка. Исто така ќе дува засилен повремено силен југозападен ветер кој на места ќе достигнува брзина над 80 км/час. Потоа продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините снег со послаб интензитет. WebOhrid
повеќе...Се очекува нов ударен влажен бран со поројни дождови и грмотевици
Денеска Координативното тело за справување со кризи ја разгледуваше состојбата за најавите за обилни врнежи што се очекуваат за време на викендот. Според информациите од УХМР, новиот бран на врнежи се очекува да започне денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет, а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2. Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час. Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во…
повеќе...Од утре нов јужен бран од дождови се очекува да ја зафати Македонија
Координативното тело за справување со кризи ја разгледуваше состојбата со најавите за нов бран на обилни врнежи што се очекуваат за време на викендот. На Координативнотот тело иста така се разгледуваа и превентивните мерки што треба да ги преземат сите надлежни институции. Според информациите од УХМР, нов јужен бран од дождови ќе ја зафати територијата на Република Македонија во петок попладне. Утре ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари и над 80км/час. Попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои во западните…
повеќе...Слаб снег провејува на сите планински премини во западниот и југозападниот дел од Републиката
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува на сите планински премини во западниот и југозападниот дел од Републиката кој во моментов не се задржува на коловозите. Појава на магла со видливост до 50 метри има на Маврово и Стража. Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш –Штип…
повеќе...Магла на превоите Стража, Пресека, Ѓавато, Плетвар и во Маврово
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно влажни коловози. Поради појава на магла намалена е видливоста на планинските премини Стража, Плетвар, Пресека, Ѓавато и Маврово до 150 метри. Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш –Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир…
повеќе...Координативното тело ја разгледа состојбата со поплавените подрачја како и најавите за дестабилизација на времето
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заседаваше на состанокот на Координативното тело за спречување со кризи во проширен состав, на кој се разгледуваше состојбата со поплавените подрачја како и најавите за дестабилизација на временските услови. Според информациите од УХМР, нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија. Се очекува врнежите да бидат со поголем интензитет од тие во изминатиот викенд. Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба. На координативниот состанок беа утврдени следниве…
повеќе...Нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија
Синоќа, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заседаваше на состанокот на Координативното тело за спречување со кризи во проширен состав, на кој се разгледуваше состојбата со поплавените подрачја како и најавите за дестабилизација на временските услови. Според информациите од УХМР, нов јужен бран ќе ја зафати територијата на Република Македонија. Се очекува врнежите да бидат со поголем интензитет од тие во изминатиот викенд. Дополнително се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите со што се подигнува алармантноста со хидролошката состојба. На координативниот состанок беа утврдени следниве…
повеќе...