Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус пет, а дневната од минус пет до два степена. Во наредните четири дена ќе се задржи претежно стабилно и суво време, со ниски утрински температури. Во петок се очекува постепен пораст на температурите, а позначително затоплување ќе има во деновите од викендот. Извор: Нет Прес
повеќе...Tag: време
УХМР: Се очекува нова снежна покривка од 10 центиметри
Во вечерните часови ќе биде значително постудено и тогаш врнежите ќе бидат од снег кој на планините повремено ќе паѓа со умерен интензитет. Новата вкупна снежна покривка во западните делови од земјата од денес па се до изутрина ќе достигне до 10 см. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утре не очекува променливо облачно и студено во северните и западните делови од земјата со услови да провејува слаб снег. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималните температури во интервал од -9 до -2, а максималните од…
повеќе...Поголем дел од најпроблематичните охридски и струшки населени места добија електрична енергија
Најпроблематичните населени места во охридскиот и струшкиот регион добија електрична енергија. Во текот на ноќта и раните утрински часови нормализирано е снабдувањето во Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, струшко Лескоец, Коњско, Стење и целосно под напон е и селото Мислешево. Екипите на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите кон граничниот премин Ќафасан, заедно со месното население се подигнуваат паднатите столбови во с. Мислодожда. Во Охрид, Струга, Ресен и во повеќе села од овој регион екипите на ЕВН ги санираат помалите прекини на ниско-напонската мрежа. Новиот 10 кВ далекувод…
повеќе...Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Жировница-Дебар-Струга
Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – Дебар е сеуште во тек. Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, со остатоци од снег на коловозите. Поради ниски температури можна е појава на голомразица. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста…
повеќе...Преспанските, струшките и охридските критични населени места добија електрична енергија
Велестово, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Радожда, Долно и Горно Татеши и неколку други населени места во охридскиот, преспанскиот и струшкиор регион добија електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија во доцните ноќни и раните утрински часови ги отстранија дефектите на 35 кВ далекуводи. Сега се работи на санирање на помалите дефекти во ниско напонската мрежа. Екипите се сега стационитрани на три преостанати точки каде треба да се нормализира снабдувањето со електрична енергија. Се работи интензивно на потегот кај Пренков мост, Луково Поле и Жировница. Од утрово на терен во критичните места…
повеќе...Остатоци од снег на дел од патиштата
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Маврово – Дебар – Струга. Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. Поради ниски температури можна е појава…
повеќе...Се очекуваат нови врнежи од снег, но и дожд
Преодниот влажен бран ќе започне како дожд особено во северните делови од земјата, но потоа врнежите ќе бидат од снег. Нема да наврнат поголеми количества, а врнежите ќе престанат до вторник. До петок ќе се задржи многу студено време, особено во утринските часови, а ќе има и појава на снежни наноси и голомразица по патиштата. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено на повисоките места. Од сабота дневните температури насекаде ќе се позитивни и ќе започне да се зголемува облачноста. Извор: Нет Прес
повеќе...Со хеликоптер ќе се евакуираат завеани жители на струшко Ржаново
Со хеликоптер на МВР денеска ќе бидат евакуирани три лица во завеаното со снег струшко село Ржаново, а надлежните институции прават максимални напори за расчистување на патиштата кон отсечените села поради невремето, информира министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по денешниот координативен состанок на Кризниот штаб. Претстои, истакна Јанакиески, уште постуден бран поради што ќе има голомразица на патиштата и е потребна максимална внимателност од возачите. Од 5 часот изутрината веќе е прооден патот Кичево – Охрид. Во текот на ноќта, како што рече Јанакиески, биле ангажирани повеќе од…
повеќе...Охридските улици се целосно чисти по снежното невреме
Охрид има капацитет и успешно се справува со снежното невреме кое го зафати Охрид и неговата околина. Од улиците во градов 90 % се целосно чисти. Исчистени се сите централни градски улици , и се фрлени околу 30 м кубни сол и ризла а дополнителни количини ќе се фрлаат во текот на ноќва. Надлежните служби од општина Охрид 24 часа се на терен и успешно се справуваат со снежното невреме кое го зафати градов и неговата околина. Во расчистувањето од снежната покривка се вклучени 14 работни машини и 3 камиони…
повеќе...Координативен состанок на Кризниот штаб со цел надминување на состојбата предизвикана од обилните паѓања на снег во последните 24 часа
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека Министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески, претседаваше со координативен состанок на Кризниот штаб со цел надминување на состојбата предизвикана од обилните паѓања на снег во последните 24 часа, како и понатамошно координирање. Министерот Јанкиески, апелира на постојана мобилност од страна на надлежните, ги повика и општините максимално да ги искористат расположливите ресурси во вакви ситуации и потенцира доколку им е потребна дополнителна помош на локалните власти тоа да го сторат во координација со ЦУК. На состанокот беше кажано дека до денеска…
повеќе...