Попладне повторно дожд, грмежи и град

Времето денеска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност со повеќе сонце во јужните делови од земјата. Попладне нестабилно, особено во северните и источните делови. На места со пороен дожд и  грмежи, а можна е и изолирана појава на град. Ќе дува слаб југозападен, а на местата со пороен дожд повремено засилен ветер. Максималната температура ќе се движи од 23 до 30 степени. Периодот на нестабилно време продолжува се до крајот на рабоната недела. Нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе биде претежно…

повеќе...

За викендов променливо време

За време на викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаби локални врнежи од дожд. Утре ќе дува умерен северен ветер. Во вторник попладне и во среда ќе бидеме под влијание на нов влажен бран. Врнежите од дожд и во наредниот период ќе предизвикаат прекинување на пролетната сеидба, расадувањето на тутунот и на градинарските култури на отворено. Ваквите временски услови се одличен предуслов за појава, развој и ширење на болести и штетници, па им се препорачува на земјоделците да го искористат секој момент…

повеќе...

Од утре освежување: Метеоролозите најавуваат дожд и пониски температури

Под влијание на влажен бран од Медитеранот утре и во петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, во јужните делови проследени со грмежи, се вели во вонредната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи. Пообилни врнежи се очекуваат во ноќта четврток спрема петок, кога се очекува за 12 часа локално да наврнат над 20 литри на метар квадратен. Температурата позначително ќе опадне, во петок ќе се движи од 16 до 22 степена, а потоа ќе биде во благ пораст. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно…

повеќе...

Хидролошка состојба во Македонија – Центар за управување со кризи

Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека зачестените врнежи кои падна на територијата на нашата земја како и на териториите во соседните земји од северната страна чии сливни подрчја ги потхрануваат нашите водни тела, овозможија прираст на водостоите на сите водотеци. „Со оглед на тоа дека речните корита имаат сеуште доволно простор да примаат води, а врнежите не се долготрајни, односно се со прекини и согласно временската прогноза особено спрема тоа какви врнежи и во кои подрачја се очекуваат да наврнат во деновите кои следат, произлегува дека како најранливи подрачја…

повеќе...

Од денес пороен дожд и грмежи

Денес претпладне не очекува сончево време со умерена облачност, а попладне нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 28 степени. Пообилни врнежи ќе има утре, среда , кога на места ќе наврнат над 30 литри на метар квадратен и ќе дува засилен ветер. Потоа до сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд.

повеќе...

За Први мај, локален пороен дожд и грмежи

Утре претпладне ќе биде умерено облачно и топло со сончеви периоди, а околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.  Извесно преодно подобрување на временската состојба со посончево време ќе има во петок. Од сабота попладне се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни проследени со грмежи. Извор: Нет Прес

повеќе...

Облачно и врнежливо време

Времето во Македонија  ќе биде  облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во Охрид времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и со услови за грмежи. Температурата ќе се движи од 9 до 18 степени. И за наредните денови метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд, со максимална температура до 17- от степен.  WebOhrid    

повеќе...

Продолжува дождливото време

Продолжува периодот на променливо облачно време со чести врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално се очекува да наврнат поголеми количини на воден талог, а не е исклучена и изолирана појава на град.  Во Охрид ќе преовладува исто така обачно време со врнежи од дожд и со услови за грмежи. Максималната температура ќе достигне до 19-тиот степен.

повеќе...

Снег на повисоките места, забрана за камиони на Ѓавато и Маврово

Утринава во 07:30ч. воведена е забрана за движење на ТМВ на патните правци Маврово-Дебар, како и на планинскиот премин Ѓавато. Од 08:00ч. воведена е забрана на патниот правец Струга-гр.премин Ќафасан и на планинскиот премин Стража. Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од Македонија има врнежи и остатоци од снег на колозовот.

повеќе...

Од утре посвежо, со грмотевици и дожд

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне со слаб јужен ветар. Максималната температура ќе се движи од 16 до 23 Целзијусови степени. Од утре попладне до петок ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи. Утре во јужните делови ќе има пороен дожд и грмежи. Врнежите на места ќе бидат пообилни (над 25л/м2), особено во среда, кога ќе има позначителен пад на температурата, па на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Постепено…

повеќе...