Попладнево Охрид го зафати кратко невреме проследено со пороен дожд, град, ветер и грмежи. Како што најавија од УХМР, во попладневните часови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер со услови за појава на град. Според синоптичарите, повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови кон сабота, особено во северните делови од земјата, каде на одредени места се очекува да наврнат повеќе од 25 литри дожд на еден квадратен метар. WebOhrid
повеќе...Tag: време
Македонија денеска во жолта алертна фаза
На територијата на цела Македонија денеска временските услови ќе бидат со многу висока дневна температура, состојба што Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја означува како жолта алертна фаза. Температурата ќе достигне 40 Целзиусови степени. Министерството за здравство вчера апелираше граѓаните од целата земја да ги почитуваат општите препораки за заштита од високата температура: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и консумирањето на храната. На хронично…
повеќе...Утре почнува летото
Летото во Македонија и на северната хемисфера започнува утре во 00 часот 34 минути и 20 секунди. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи зимата. Првиот летен ден e најдолг во годината и во Македонија ќе трае 15 часа и 14 минути. Синоптичарите за утре најавуваат сончево и многу топло време со температути до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8. Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22ри септември во 17 часот и 22 минути, кога календарски започнува есента.
повеќе...Јужновардарскиот регион утре во портокалова фаза, остатокот на земјата во жолта
Министерството за здравство денеска соопшти дека препораките бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години да бидат ослободени од работните обврски утре ќе важат само за Јужновардарскиот регион, односно за Гевгелија, Струмица, Демир Капија, Штип, Радовиш и околните населени места. Препораката, како што велат од министерството е дадена согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, според кој во текот на утрешниот ден во Јужновардарскиот регион се предвидуваат температури од портокалова фаза. Останатиот дел од земјата ќе виде зафатен со температури од жолта (алертна) фаза. „Само…
повеќе...Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ја чистеа зелената алга од кејот и езерото
Поради високиот водостој на езерото големи количини на езерска алга (окрек и реса) беа исфрлени на градскиот кеј, при што екипите на ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на истото. „Отпадот беше натоварен со трактор и тоа во вчерашниот ден поради невремето и ограничениот пристап беше натоварен еден трактор, а денес беа собрани два трактори. Ќе продолжиме и во утрешниот ден со почеток од 5:00 часот, во рамките на можностите кои ке ги дозволи самото време. Во наредните 2-3 месеци нормално е цутење и таложење на езерската алга при што…
повеќе...Утре и задутре локален дожд и грмежи
Утре и во среда ќе има локален дожд со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен и југозападен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина и над 70км/час. Потоа од четврток во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и потопло време, а во источните делови е можна изолирана појава на краткотраен дожд. Извор:Нет Прес
повеќе...Наместо чадор – најлонско ќесе на глава
Деновиве времето е непредвидливо, што би се рекло – знае да заврне дури и кога нема облаци, па затоа, оваа бабичка се решила да патува со најлончето на глава. Покрај најлонот за заштита на патната торба, оваа бабичка на глава си ставила и најлонско ќесе за пазарење. WebOhrid
повеќе...УХМР: Сончево време со температура до 32 степени
Од УХМР информираат дека денес во Македонија времето ќе биде сончево време со мала до умерена облачност со температура до 32 степени. Ќе дува слаб, а во западните делови повремено умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе се движи од 25 до 32 степени. До вторник ќе се задржи стабилно, суво и топло време за овој период од годината. Ќе дува и умерен повремено засилен ветер од југозападен правец, па така на некои места највисоката дневна температура на воздухот ќе го надмине 30-от степен целзусов. Во вторник во вечерните, а особено во…
повеќе...Од вечерва започнува летното сметање на времето
Летното сметање на времето започнува вечерва (27-ми март, недела), кога стрелките на часовникот во 2 часот по полноќ ќе бидат поместени еден час нанапред и ќе биде 3 часот. Летното сметање на времето ќе трае до 30-ти октомври, кога стрелките ќе бидат вратени еден час наназад. Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2016 година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“.
повеќе...Снежна покривка на Галичица
Синоќа беше формирана снежна покривка на Галичица, на која охриѓани можеа да и се восхитуваат ова утро. Денес ќе имаме променливо облачно и посвежо време со подолги сончеви периоди. Метеоролозите најавуваат дека од утре следува период на стабилно време со утрински температури околу нулата, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст. WebOhrid
повеќе...