Акции за заштита на рибите во ревирот река Црн Дрим 1

Во тек е мрестот на топловодните риби во река Црн Дрим. ЗРСК Пастрмка од Струга како концесионер на рибите во „риболовен ревир река Црн Дрим 1“ во тесна соработка со Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид спроведуваат секојдневни акции за заштита на рибите кои се мрестат. Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и сл., затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против истите се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар…

повеќе...

Измени и дополнувања на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка кои ќе се применуваат од 1 мај

Денес, Мешовитата комисија на ЕУ-ЕФТА за заеднични транзит донесе одлука за изменување и дополнување на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка од 20 мај 1987 година со која се пропишува заедничката транзитна постапка помеѓу договорните страни на Конвенцијата. Измените и дополнувањата на Конвенцијата се вршат со цел да се обезбеди непречено функционирање на трговијата помеѓу договорните страни на Конвенцијата и со цел истата да биде поефикасна и побрза. Истовремено, со измените се врши усогласување на највисок можен степен на Конвенцијата и нејзините додатоци, и во поглед на суштината и во поглед…

повеќе...

Нови правила (и казни) за сите медиуми од денот на распишување на изборите

Од денот на распишување на изборите, што според најавите на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, најверојатно ќе се случи на 15 април, за медиумите почнуваат да важат правилата од Изборниот законик донесен во ноември 2015 година. Според независната пратеничка Роза Топузовска-Каревска, ако во целост се имплементира Изборниот законик, тој е добра можност за регулирање на медиумите во предизборниот период. „Во оваа ситуација и во овој период, Изборниот законик е добра можност за регулација, затоа што таму има и правила и казни. Уште повеќе што тој е изгласан со консензус од…

повеќе...

Усвоени измените на Законот за угостителската дејност

На пленарната седница на Собранието на Република Македонија одржана вчера по предлог на пратениците Александар Николоски и Сашо Василевски беа усвоени измените на законот за угостителската дејност со кој се решава деценискиот проблем на станоиздавачите во Охрид и останатите туристички места. Имено, во 2008 година направена е измена на законот во која се предвидува дека на физичките лица во еден објект што се под заеднички покрив, може да се издаде само едно одобрение за вршење на оваа дејност. Со примената на оваа одредба се наиде на реален проблем кај голем…

повеќе...

Два дена за платено политичко рекламирање

Со последните измени на Изборниот законик што ги усвои Собранието на Република Македонија, почетокот на забраната за емитување платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) се поместува од 27 февруари 2016 година. Имајќи предвид дека Законот за изменување на Изборниот законик влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ број 35 од 24 февруари 2016 година, емитувањето платено политичко рекламирање е дозволено до 24.00 часот на 26 февруари 2016 година. Агенцијата очекува дека евентуалното емитување на платено политичко рекламирање ќе…

повеќе...

Измени на Законот за градење: Надградба на куќи само со одобрение од општина

Секој граѓанин во Македонија ќе може да ја надгради својата куќа до максимална висина од 10 метри и 20 сантиметри и во случај ако надградбата на објектот не е предвиден во планската документација. Ваквата измена е предвидена во измените на Законот за градење што Собранието ги донесе на вчерашната седница, а за кои денеска информираше министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Како што појасни Мисајловски оваа мерка се однесува за куќи што се веќе изградени со одобрение за градење или се легализирани со Законoт за легализација на бесправно изградените…

повеќе...

Испит за дозвола за огнено оружје за кандидати обучувани од правното лице ДООЕЛ „Бејбунар“ од Охрид

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, а кои се однесуваат на полагањето на стручен испит за безбедно ракување со оружје, Министерството за внатрешни работи информира дека Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко занаење за правилно утотреба, чување и одржување на оружјето на 24.02.2016 во 14 часот во просториите на Испитниот центар “Asseco-see“ (на ул.Христо Смирненски бр.30 Скопје) ќе одржи спроведување на теорискиот дел од стручниот испит. На овој испит ќе бидат кандидатите од Охрид кои се оспособиле во правното лице ДООЕЛ „Бејбунар“…

повеќе...

Ванхауте: Сите партии доставија нови амандмани за законот за медиуми

Работните групи на политичките партии за реформи во медиумите денеска ќе се обидат да се доближат по овие прашања. Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред почетокот на средбата во Клубот на пратеници рече дека се надева на напредок. „Сите партии доставија нови амандмани и денеска ќе разговараме за тоа. Јас мислам дека е добро што сите се согласија на средбата и што сите доставија амандмани“ – рече белгискиот олеснувач. Ванхауте додаде дека некои од амандманите се за членови од законот кои досега не биле предмет на разговор. Последна средба на работните…

повеќе...

ЗПММ: Доколку не се повлече одлуката, од утре комплетен БОЈКОТ на македонската музика

Доколку не се повлече спорното барање за стопирање на емитување на музика на членовите кои се под заштита на ЗАМП, од Здружението на приватните медиуми на РМ (ЗПММ) најавуваат дека ќе ги повикаат сите свои членови на комплетен бојкот на македонската музика. „Ние едноставно немаме друг избор и оваа одлука се наметнува сама по себе. Само за ислустрација, според одлуката донесена од Законодавецот, радио станиците од 01.01.2015 година, ќе треба да емитуваат 50% македонска музика. Во вакви услови, тоа е едноставно невозможно и затоа ние веќе побаравме од истиот законодавец…

повеќе...

Охридскиот пратеник Тунтев поднесе предлог за измени во Законот за заштита од пушењето

Пратеникот од СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, како овластен предлагач, во Собранието на Република Македонија поднесе предлог Закон за измени во Законот за заштита од пушењето, со кој се предвидува одредено олабавување на постоечките строги и ригирозни законски одредби. „Со бројните измени и дополнувања на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се’ построги правила кои, особено во однос на угостителските објекти, се премногу ограничувачки, како за пушачите – корисници на угостителските услуги, така и за вршителите на угостителската дејност. Актуелното законско решение ја влоши економската состојба во сферата на…

повеќе...