Владата и УКИМ договорија одложување на измените на Законот за високото образование

На претходно барање на Универзитетскиот Сенат при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, денес (петок, 06.02.2015 година) се оствари средба помеѓу претставници на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во чија што делегација беа и претставници на Професорскиот и на Студентскиот пленум, и претставници на Владата на Република Македонија предводени од претседателот на Владата, г-дин Никола Груевски, министерот за образование и наука, г-дин Абдилаќим Адеми и заменик министерот за образование и наука, г-дин Спиро Ристовски. Средбата е дел од иницираниот дијалог помеѓу Владата и универзитетите за унапредување на квалитетот во високото образование.…

повеќе...

Ѓорѓиев: Задолжителни психолошки и психијатриски прегледи за носење службено оружје

Преку законски измени Владата ќе го унапредува системот за превенција од насилство, во делот на постапување со службено оружје од страна на службени лица. Доколку за одредено лице е констатирано или има започнато постапка за кривично дело или прекршок со елементи на насилство оружјето со кое располага во рамки на службата привремено да му биде одземено и времено да се распореди на работно место за кое не е предвидено ракување со оружје. Како што информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев со измените, кои ги усвоила Владата на последната…

повеќе...

Претседателот Иванов ги потпиша законите од образованието

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов врз основа на сите извршени анализи и консултации во изминатиот период, како и од констатациите произлезени од бројните средби со најдобрите студенти од сите универзитети во Република Македонија што редовно се одржуваа изминатите шест години, денеска ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, што Собранието на Република Македонија ги донесе на седницата одржана на 14 јануари 2015 година. Како што соопшти Кабинетот на Иванов, заедничка констатација од сите овие средби беше дека Република Македонија има неспорна потреба од успешна трансформација…

повеќе...

Усвоен пакетот закони за образованието

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт го изгласа во второ читање целиот пакет закони за основно, средно и високо образование. Комисијата разгледа околу 130 амандмани и ги одби сите. Најголемиот дел се однесуваа на предложените измени на Законот за високо образование. Расправата во Комисијата почна вчера во 10 часот и со повеќе паузи заврши неколку часа по полноќ. Извор: Нет Прес

повеќе...

Донесен законот за изменување и дополнување на законот за акцизите

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на ден 17.12.2014 година го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите. Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во Службен Весник на Република Македонија бр. 188 од 19.12.2014 година, а ќе се применува од 1 јануари 2015 година. Со измените и дополнувањата на овој закон, акцизата на цигари од 1 јануари 2015 година ќе изнесува 1,353 ден. по парче и 9% од малопродажната цена. Ако комбинираната акциза е под износот од 1,553 ден. по парче се применува…

повеќе...

Предлог – законот за безбедност во сообраќајот го мина владиниот филтер

На денешната отворена седница Владата го прифати Предлог-законот за безбедност во сообраќајот. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска рече дека се прават напори за една посериозна реформа во делот на сообраќајот. Голем дел од законот е усогласен со европски директиви, коишто постојано се менуваат. „Законот беше на јавна дебата односно ставен на ЕНЕР 78 дена односно од 2 октомври па се до пред два дена. Прифативме дел од сугестиите што пристигаа до нас формално или неформално. Еве на пример велосипедистите излегоа со некои предлози кои им беа прифатени“, рече Јанкулоска.…

повеќе...

Груевски: Измените на Законот за акцизи ќе им помогнат на луѓето со ретки болести

Одвојувањето од продажбата на секоја кутија цигари за лекување на лицата со ретки болести ќе им помогне на многумина коишто не можат да обезбедат лекови, кои се екстремно скапи, оцени денеска премиерот Никола Груевски, појаснувајќи ги последните промени на Законот за акцизи. Рече дека долго се размислувало да се најде решение и начин за помош на лицата кои се соочуваат со ретки болести, проблеми за кои често слушал на трибини и на средби со граѓани. „Досега луѓето се снаоѓаа на различни начини. Ретките болести, нивното лекување и одржување е проблем…

повеќе...

Објавен законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки

Од Царинската Управа информираат дека во Службен весник број 180 од 05.12.2014 година е објавен Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки. Со овој закон се уредени условите и постапката за издавање на одобрение и лиценца за вршење на работи на застапување пред царинските органи заради спроведување на дејствија и формалности пропишани со царинските прописи, условите и постапката за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, начинот на кој се спроведува контролата над работата на овластените царински застапници и лиценцираните застапници, како и видот на евиденциите кои…

повеќе...

Новиот ЗКП – пресвртница во целокупниот кривично-правен систем во Република Македонија

„Стапувањето на сила на новиот Закон за кривична постапка е пресвртница во целокупниот кривично-правен систем на Република Македонија. Истиот треба да претставува поголема гаранција за почитувањето на правата на граѓаните, а од друга страна и нова современа алатка за поголема ефикасност за органите на прогонот.“ Ова, меѓу другото, го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на отворањето на Регионална конференција на тема – “Реформи во полицијата во рамки на кривично-правниот систем и нивно спроведување“ што во организација на мисијата на ОБСЕ во РМ и МВР на РМ се одржува…

повеќе...

Донесен правилник за изменување и дополнување на правилникот за спроведување на Законот за акцизите

Врз основа на член 58 од Законот за акцизите („Службен весник на РМ“ број 32/01 … 167/2014), министерот за финансии донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за спроведување на законот за акцизите. Овој правилник е објавен во Службен Весник на Република Македонија бр. 172 од 21.11.2014 година и истиот ќе стапи на сила на ден 22.11.2014 година. Најважни измени кои се извршени со овој Правилник се следниве: -Се пропишува утврдување на енергетската вредност на нафтен кокс за што ќе се користи потврда за квалитет издаден од институција која…

повеќе...