Воведено ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси

Од денес се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за периодот од 22.07.2015 година до 05.08.2015 година во термин од 7:00 часот наутро до 17:00 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја). Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Во периодот од 17:00 часот попладне до 7:00 часот наутро…

повеќе...

Усвоени измените на Законот за туристичка дејност предложени од пратениците Николоски и Василевски, со кои се регулира дејноста на кајчарите

Како резултат на интензивните контакти со граѓаните, како и координацијата со локалнатасамоуправа, Министерството за економија и Пазарниот инспекторат, се дојде до зaклучок дека еден од најпрепознатливите белези на Охридското езеро како и на останатите две природни езера во Македонија, водениот превоз од мал обем со чамци тн. кајчиња не е соодветно законски регулиран. Заради ова оние кои вршат превоз се соочуваат со сериозни проблеми при вршењето на таа дејност. Со цел да се надмине оваа состојба, а и да се задржи и унапреди оваа туристичка понуда пратениците Александар Николоски и…

повеќе...

Владата ги прифати измените на Законот за азил, ќе се носат по скратена постапка

Владата на синоќешната седница ги прифати измените на Законот за азил и привремена заштита со кој се предвидува мигрант што ќе ја помине границата да добие потврда дека во земјава може да остане најмногу 72 часа по што ќе мора да ја напушти Македонија или да побара азил. Законот ќе се носи по скратена постапка. „Согласно усвоените законски решенија странец на граничен премин или во внатрешноста на земјата пред овластен полициски службеник може усно или писмено да искаже намера за поднесување барање за признавање на правото на азил. По искажување…

повеќе...

Нов закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост

Во Службен весник на Република Македонија бр. 88 од 28.05.2015 година објавен е новиот Закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост. Структурата на истиот е изработена врз основа на новата регулатива на ЕУ бр. 608/2013, при што постои значителна разлика во врска со постојниот Закон за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, кој е базиран на старата Регулатива на ЕУ бр. 1383/2003. Со денот на влегувањето во сила на овој Закон престанува да важи Законот за царински мерки за заштита на…

повеќе...

Ќе се подобрува практичната применливост на Законот за електричен и електронски отпад

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаирии амбасадорот на Унгарија во Р. Македонија, Н.Е. Јожеф Бенце се обратија на отворањето наконференцијата на тема„Закон за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема – како до успешна практична примена“ која се одржа со цел да ги лоцира отворените прашања од аспект на практичната применливост на регулативата и да даде насоки за нејзина натамошна успешна имплементација. Во своето излагање министерот Изаири ја нагласи потребата од дискутирање на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична…

повеќе...

За мајките продолжено породилно, а работниците ќе може да си го откупат стажот

На вчерашното обраќање пред прилепчани, премиерот Никола Груевски најави Откуп на стаж за работниците од пропаднатите фирми и продолжено породилно отсуство, објави „Курир“. Владата планира зголемување на платеното породилно отсуство од работа од сегашните 12 на 15 месеци, што значи, дополнителни три месеци за мајките кои ќе родат втори, трето или повеќе деца со цел да се овозможи мајката да има подолг период за грижа и развој на децата. „Затоа СДСМ не може со креираните и монтираните снимки да го сруши ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што народот гледа. Гледа дека оваа политичка…

повеќе...

Груевски: Законот за волонтери ќе го реши статусот на неколку илјади луѓе

Законот за волонтери навистина ќе им помогне на неколку илјади луѓе што долг период работат на различни основи во јавните и државните институции, оцени премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на 12 нови наслови од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“. Според него, тие имаат стекнато големо искуство, некои од нив и поголемо од оние што се редовни вработени на неопределено…

повеќе...

УЈП ги објави насоките и калкулаторот за пресметка и уплата на придонеси на приходи од договори за дело, авторски договори и други договори

Управата за јавни приходи ги објави Насоките за пресметка и уплата на придонеси на приходи од договори за дело, авторски договори и други договори (види линк http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/500) кои се усогласени со најновите измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и во кои може да се најдат повеќе информации за тоа кој е обврзник за плаќање и обврзник за поднесување на пресметка и за уплата на придонесите, основица и стапки за пресметка на придонесите, важни напомени за правните лица – исплатувачи на надоместоци по договори, рокови за поднесување на…

повеќе...

Усвоен предлог законот за одложување на примената на последните измени на Законот за високото образование

Согласно постигнатиот договор од одржаната иницијална средба на 6-ти февруари помеѓу претставниците на Владата на Република Македонија и универзитетскиот Сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, до Собранието на Република Македонија беше доставен предлог законот за одложување на примената на последните измени на Законот за високото образование за една година, односно дел од нив и за две години, како и едногодишно, односно двегодишно одложување на примената на одредбите од Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишно, основно и средно образование. Предлогот беше усвоен на…

повеќе...

Како и каде може да се управува со беспилотно летало на македонското небо?

Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 20.01.2015 година донесе Уредба за условите под кои воздухоплов без екипаж може да лета во македонскиот воздушен простор (Службен весник на Република Македонија бр13/2015), со која се пропишуваат условите кои е потребно да ги исполнуваат операторот на воздухоплов без екипаж, како и самиот воздухоплов без екипаж. Имено, беспилотните летала, повеќе не ќе можат да летаат на македонското небо без преходно добиена дозвола и да бидат пријавени во Агенцијата за цивилно воздухопловство и давателот на услуги за воздухопловна навигација. Познатите дронови, ќе можат…

повеќе...