Пациентите најзадоволни од услугите во Крушево, Кичево и Македонски Брод

Во Јавните здравствените установи во Курушево, Кичево, Македонски Брод и општата болница Кичево пациенти се целосно задоволни од достапноста, стручноста и љубезноста на лекарите како и од медицинскиот персонал, покажуваат резултатите од истражувањето за задоволството на пациентите во ЈЗУ спроведено минатиот месец. Како што информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров овие резултати покажуваат дека пациентите се генерално задоволни од односот на целокупниот кадар во установите како и дека има високо ниво на хоспитална култура. „Од стручноста на лекарите најмалку се задоволни односно 45 проценти пациентите од здравствениот…

повеќе...

Тодоров: Безбедни, квалитетни и достапни лекови е нашата цел

Обезбедување квалитетни, безбедни и евтини лекови, и поголема достапност до сите граѓани, се дел од целите на чие остварување заеднички работат Министерството за здравство и Агенцијата за лекови, истакна денеска министерот за здравство Никола Тодоров. Тој обраќајќи се на Симпозиумот на Агенцијата за лекови и медицински помагала на Република Македонија, рече дека за таа цел се донесени законски измени за допрецизирање на одредени области од фармацевтската дејност. Законските измени, посочи, се фокусирани на одредбите за интервентен увоз, промет со лекови преку интернет, времетраењето на одобрение за регистрација на хомеопатските и…

повеќе...

Драма на ОРЛ – Дете вдишало зрно грав, докторите едвај го спасиле

Пет годишно девојче од Сарај, вчера вдишала зрно грав и за кратко време почнала да се гуши. Според информациите на „Здравстви 24“ помодрено и во животозагрозувачка состојба било донесено на Клиниката за Уво нос и грло. На Клиниката веднаш бил мобилизиран тимот за ендоскопија. Девојчето итно било внесено во сала каде според лекарите секунди биле во прашање за спасување на детскиот живот. „Детето беше помодрено и во животозагрозувачка состојба. Самата интервенција се состои во тоа што со метална шипка се влегува во белите дробови и самата интервенција е од висок…

повеќе...

Утре ќе се изврши авионско запрашување против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство утре, сабота на 16-ти мај ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци ( аеросолна адултицидна дезинсекција ). Запрашувањето ќе започне во 05 часот и ќе трае до 8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од с. Подмоље до населба Св. Наум и на територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци…

повеќе...

Ново софтверско решение за остварување на правата од здравствено осигурување за хонорарци

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во соработка со Министерство за здравство, Министерството за финансии и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија усогласи постапка за остварување на права од здравствено осигурување на хонорарците. За таа цел, Фондот направи измени во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, склучи Анекс на договор со ФПИОМ за електронска размена на податоци и изработи софтвер за електронска обработка и пресметка на времетрањето на здравственото осигурување. Согласно измените, осигуреникот правото од здравствено осигурување ќе го…

повеќе...

Нов циклус организиран скрининг за рано откривање рак на грлото на матката

Министерството за здравство годинава продолжува со организиран скрининг за рано откривање карцином на грлото на матката во рамки на кој жените на возраст од 24 до 35 години треба да се јават на бесплатен преглед со ПАП тест кај својот матичен гинеколог со цел рано откривање на малигно заболување кога можноста за спасување или продолжување на животот е голема. Д-р Јованка Костовска информираше дека од 2012 година е почнат организиран скрининг за рано откривање на карцином на грлото на матката со тригодишен интервал, кога се опфатени жените на возраст од…

повеќе...

Отворен Центар за палијативна нега на пациенти во Охрид

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во рамките на работната посета на Охрид го отвори првиот Центар за палијативна грижа на пациенти, што ќе функционира во рамките на Општата болница во градот. „Станува збор за оддел во кој ќе се третираат терминално болни пациенти. Овој проект го започнавме поради трендот на стареење на населението во земјата и оттаму се поголемата потреба за вакви центри, во кои ќе се води нега на пациенти кои се проблем за домашна нега“, истакна тој. Во почеток во болницата во Охрид Центарот за палијативна нега…

повеќе...

Клинички патеки за третман на лица со малигни заболувања

Министерството за здравство од денеска на својата веб-страница ги постави 32. клинички патеки за третман на лица со малигни заболувања, изработени од стручни лица членови на тумор-бордовите од повеќе области на медицината, кои ќе бидат отворени за коментари од пошироката јавност до понеделник по што ќе бидат објевени во Службен весник и ќе стапат на сила и задолжително ќе се применуваат насекаде во земјава. Изгортвените клинички патеки се за третман на малигни заболувања кои најчесто се појавуваат како што се карцином на дојка, на бели дробови, меланом, карцином на кожа,…

повеќе...

Одржана манифестацијата „Живеј здраво, живеј безбедно“

Во организација на Општина Охрид, Црвен Крст, Одделението за превенција при СВР Охрид и основните училишта, денеска на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, по повод Меѓународниот ден на здравјето и во рамките на проектот „Превенција од зависности“ се одржа манифестацијата „Живеј здраво, живеј безбедно“. Со овој настан Охрид се вклучи во глобалните кампањи за подигнување на јавната свест за заштита на здравјето и превенција од зависности. „Ја користам оваа манифестација, да Ве повикам да упатиме и заедничка порака дека мораме да ги искористиме сите сопствени и општествени ресурси и постојано…

повеќе...

Отворени денови на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во сите 30 подрачни служби

Фондот за здравствено осигурување на Македонијав воведува нова пракса на отворени денови за осигурениците и нивните идеи, предлози и прашања. Денеска во Струмица, директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и директорот Орхан Рамадани во рамките на работната посета на подрачнатаслужба на Фондот во Струмица, директно ги информираа осигурениците дека вратите на ФЗОМ се отоворени за сите нивни дилеми и потреби кои се во надлежмност на ФЗОМ.  Директорот Стефаноски информираше дека од оваа недела (четврток, 09 април 2015 година) отворените денови на ФЗОМ ќе се организираат секој…

повеќе...