Агенцијата за храна и ветеринарство го одбележа Светскиот ден на здравјето

Болестите поврзани со консумирање небезбедна храна претставуваат еден од најзначајните актуелни јавни здравствени проблеми на глобално ниво, а мотото на овогодинешниот Светски ден на здравјето е „За безбедна храна, од нива до трпеза”. Според препораките на Светската здравствена организација (СЗО), Светскиот ден на здравјето 2015 е посветен на безбедноста на храната. „Радува фактот дека и оваа година Република Македонија активно се вклучува во кампањата за одбележување на Светскиот ден на здравјето. За нас, но и за сите останати вклучени и одговорни чинители во синџирот на безбедноста на храната, годинашното мото…

повеќе...

Арсовска Томовска на Светскиот инаугуративен форум за развој и здравје на жените во Њујорк

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, учествуваше на првиот Светски инаугуративен форум за развој и здравје на жените, кој на 11 и 12 февруари се одржа во Њујорк. Таа имаше свое обраќање на воведната сесија, како еден од главните говорници на форумот, меѓу кои беа генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун, министерот за здравство на Руската Федерација, Вероника Сквортсова, како и високи претставници од меѓународни организации. „Владата на Република Македонија континуирано усвојува програми кои содржат активности кои се однесуваат на благосостојбата на жените. Промовирањето на…

повеќе...

Арсовска Томовска на Светскиот инаугуративен форум за развој и здравје на жените во Њујорк

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес и утре ќе учествува на првиот Светски инаугуративен форум за развој и здравје на жените, кој се одржува во Њујорк. Таа ќе има свое обраќање на форумот како главен говорник и излагач на третата пленарна сесија на темата „Животен стил, медиуми и здравјето на жената“. На отворањето на Светскиот форум ќе се обрати и генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун. Инаку, настанот се одржува во седиштето на Обединетите Нации и е во заедничка организација помеѓу Меѓународната научна фондација при Кралската…

повеќе...

Нови напредни обуки за македонските лекари во врвни светски клиники

Напредни фокусирани обуки на македонски лекари во 50-те врвни универзитетски клиники според Шангајската листа во областа на медицината, предвидува новиот проект на Министерството за здравство. Како што информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров, фокусот на овој нов проект кој претставува и нов пристап во делот на едукација на македонските лекари ќе се однесува на пет области од медицината и тоа ортопедија и трауматологија, офталмологија, дигестивна хирургија, неврологија и неврохирургија и неонатологија. Според проектот, во секоја од овие пет области ќе бидат испратени на едукација по тројца доктори…

повеќе...

Флаер со препораки за заштита на здравјето во поплавените подрачја

Во моментот нема појава на заразни заболувања во сите поплавени региони во државата. Во моментов, водата за пиење не е безбедна во Штип, Пробиштип, Неготино, како и во селските подрачја каде поради заматување и физичко-хемиска неисправност, по препорака на центрите за јавно здравје е забранета од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Граѓаните во поплавените подрачја се снабдени со спакувана вода, а има и донации. Во местата каде е забранета водата за пиење има цистерни за вода за пиење. Исто така, флаери со препораки за населението во поплавените подрачја…

повеќе...

Во повеќе села во регионот не се користи дезинфекциско средство во водоводите

Центарот за Јавно Здравје Охрид континуирано ја следи состојбата со квалитетот на вода во регионите на Охрид, Струга и Дебар. Особено е потенцирана контролата и мобилноста на екипите на ЦЈЗ, со почетокот на обилните врнежи од дожд и снег кои деновиве го зафатија регионот на Охрид и Струга. „Првичните анализи на примероците на вода кои се анализирани во хемиската и микробиолошката анализа на Центар за јавно здравје Охрид, на први и втори февруари, покажаа дека состојбата со квалитетот на вода во градскиот водовод во Охрид ги задоволува законските стандарди за…

повеќе...

Лекарите – специјалисти ќе добијат покачување на платата за 25 отсто

Министерот за здравство, Никола Тодоров, најави дека до февруари идната година ќе бидат зголемени платите на лекарите -специјалисти вработени во скопските клиники, за околу 25 отсто. Парите биле заштедени од одредени набавки, а претходно, како што рече, оделе во нечии џебови. „Со последната набавка во која се набавени двата најскапи лекови, беа заштедени околу 6 милиони евра. Како резултат на овие заштеди, Владата и Министерството за здравство донесоа одлука да се зголемат платите на сецијалистите вработени во клиниките во Скопје, и тоа за 24,92 проценти“, истакна Тодоров. Извор: Нет Прес

повеќе...

Едукација на децата од ЈОУГД „Јасна Ристеска“ за орално здравје

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на детето, денес во градинката Јасна Ристеска се реализираше почетната фаза од проектот за здрави заби и грижа за оралното здравје. Во соработка со ординацијата д-р. Сашо Стоев, ординацијата Денториа, Лакалут и поддржано од Лајонс клуб од Охрид беше извршена теоретска и практична едукација на дечињата за одржување на оралното здравје, правилно четкање на запчињата, а беа извршени и стоматолошки прегледи на дечињата од 4 – 6 годишна возраст. Активноста продолжува со континуирано следење на здравјето на забите. Следната фаза ќе биде на…

повеќе...

Здравјето на животните и безбедноста на храната – Приоритет за Агенцијата за храна и ветеринарство

Од 18 до 20 ноември 2014 година во Охрид, во соработка со Светската Организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ), Агенцијата за храна и ветеринарство беше домаќин на Регионалниот Семинар за националните контакт точки за ветеринарни препарати. Семинарот го отвори директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски кој пред претставниците на 32 земји од регионот и од Европската Унија, 8 предавачи од светски рамки и претставници од седиштето на Светската Организација за здравствена заштита на животните од Париз, и регионалните канцеларии во Софија и Брисел го истакна заначењето…

повеќе...

Дебата за евро-атлантските предизвици на Македонија по Самитот на НАТО во Велс

Одржувањето тркалезни маси за евро-аталанстките интеграции од исклучително значење за секое развиено демократско општество бидејќи се разговара за теми битни како за државата, за академската заедница и за граѓаните, нагласи министерот за одбрана Зоран Јолевски на денешната научно-стручна тркалезна маса „Евро-атлантските предизвици на Република Македонија: проблеми, политичка реалност, идни решенија и можности по самитот на НАТО во Велика Британија 2014 “. Научно-стручната тркалезна маса, рече Јолевски, е одлична можност да се разменат мислења што по последниот Самит на НАТО. „МО и ГШ на АРМ имаат стратегија за тоа како да…

повеќе...