Производството на мед во Македонија не е на посакуваното ниво, нема доволно количини за задоволување на основните потреби, а потфрла и квалитетот. Како што беше речено на научниот собир на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ), пчеларството треба да се земе предвид многу сериозно со оглед на неговата економска, стопанска важност. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, за подобрување на состојбата во пчеларството кај нас, неопходно е користење контролиран и селектиран репроматеријал, матици и роеви, организирано системско засадување медоносни растенија, едногодишни и повеќегодишни кои цветаат во…
повеќе...Tag: земјоделство
Инвеститори од Дубаи ќе извезуваат јаболко од Ресен
Инвеститори од Дубаи ќе градат откупно-дистрибутивен центар и ладилник за јаболка во Ресен, со првична инвестиција од пет милиони евра, која ќе овозможи 100 директни вработувања. Бизнисмените од компаниите „Шафа констракшн“ која се занимава со изградба на пристаништа и „Дипи ворлд“, најголем оператор на пристаништа во светот, ја официјализираа инвестицијата во Македонија по средбата со премиерот Никола Груевски во Владата. Заинтересирани се за инвестиции и во други делови во земјоделството, сточарството, недвижностите и не исклучуваат вкупните инвестиции во Македонија да достигнат 20 милиони евра. „Покрај со јаболка, планираме работа и…
повеќе...Министерот Димовски и евроамбасадорот Орав во посета на Платежната агенција
Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски и Амбасадорот на Европската комисија во Република Македонија денеска ја посетија Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, каде одржаа состанок со директорот на Платежната агенција, Тони Димовски. Професионални, добро екипирани служби, квалитетни проекти и иницијативи од страна на фармерите кои речиси не веруваат дека може да добијат пари од ЕУ, се препораките од евроамбасадорот Аиво Орав за што поголемо искористување на ИПАРД фондовите. „Парите од ЕУ се повеќе теоретски зашто нема земја во ЕУ или држава кандидат за членство која може да…
повеќе...СДСМ Дебарца: Наместо трибина со земјоделците Коњановски одржа партиска трибина
Во врска со трибината на заменик министерот за земјоделие Зоран Коњановски одржана во Дебарца, ОО на СДСМ Дебарца испрати реакција во која стои: „Според соопштението од локалната самоуправа Дебарца заменикот министер за земјоделие, Зоран Коњановски во големата сала во општина Дебарца требаше да одржи трибина со земјоделците за земјоделските задруги. Меѓутоа, од лиферуваното соопштение за настанот очигледно е дека таква трибина не се одржа, барем не со земјоделците од општина Дебарца, кои повеќе не веруваат во шарените лаги на оваа самонаречена “земјоделска” Влада. За волја на вистината трибина сепак се одржа,…
повеќе...Обновено известување за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Се известуваат граѓаните дека на објавениот ЈАВЕН ПОВИК за доставување на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 ха и над 10 ха за регионот Охрид, во ставот 2 точката се брише, се става запирка и се додаваат зборовите „но за земјиште на кое е подигнат долгогодишен насад со старост најмалку од 3 години“. Во ставот 3 алинеа 2 зборовите „и оранжерии“ се бришат исто така се бришат и алинеа 3 алинеа 4 и алинеите 5 и 6. Овие измени се однесуваат на Јавниот…
повеќе...Заменик министерот за земјоделие Зоран Коњановски одржа трибина во Дебрца
Вечерва во просториите на Општина Дебрца се одржа трибина во присуство на заменик министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски. Темата на трибината беше новиот закон за земјоделски задруги и укрупнување на земјоделските парцели. Заменик министерот Коњановски пред присутните го образложи новиот закон и функционирањето на задругите. Имено тој истакна дека со овој закон земјоделците ќе имаат поголеми придобивки од страна на државата, а исто така полесно ќе се дојде до пласман на производите. Менаџерот на задругите ќе добива плата од страна на државата во првите 5 години и…
повеќе...Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски ќе одржи трибина во Дебарца
Во просториите на Општина Дебарца во с.Белчишта утре во 16:30 часот ќе се одржи трибина од страна на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски. Тој ќе овозможи запознавање на граѓаните од областа на земјоделството и земјоделските задруги. Од Општина Дебарца известуваат дека сите заинтересирани граѓани може да присуствуваат на трибината.
повеќе...Известување за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Од Локалната самоуправа ги известуваат граѓаните дека е објавен ЈАВЕН ПОВИК за доставување на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 10 ха и над 10 ха за регионот Охрид. Рокот за доставување на понуди е до 15.12.2013 година. За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до ПЕ на МЗШВ-Охрид, до Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во Скопје на телефонот 02/3134477 или до општинската Канцеларија за административна и стучна поддршка на развојот на земјоделието на телефон 046/230-175.
повеќе...ИПА фондовите можност за подобрување на состојбата на Ромите
Македонија во последните осум години направи многу за Ромите, но сепак останува уште да се работи за нивна целосна инклузија во општеството. Ова е еден од заклучоците на конференцијата „ИПА фондови за Роми“ и „8.Ромски економски форум“ што денеска се одржува во Скопје во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка, општина Шуто Оризари и Ромскиот деловен информативен центар. Целта на конференцијата, која има регионален карактер, е зголемување на социо-економската вклученост на Ромите во државата и оценување на можностите за генерирање на средства за таа намена од ИПА фондовите 2014…
повеќе...Министерот Димовски учествуваше на „Фестивалот на младо вино“
Љубителите на доброто вино имаа уникатна можност да присуствуваат на првото отворање на бочвите со вино од годинашната берба и да го дегустираат младото вино од 2013-та. Пред министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, бизнис заедницата и останатите почитувачи на виното, винарската визба „Тиквеш“ ги претстави вината произведени од новата реколта на грозје. Целта на Фестивалот на младо вино, кој годинава се одржува по четврти пат, е да се оцени потенцијалот на младите вина, но и да се подигне винската култура во земјава. „Организирањето на вакви манифестации претставува вистинска можност за…
повеќе...