Владата го продолжи рокот за земјоделски субвенции до 20 октомври

Владата на денешната седница одлучи рокот за поднесување апликации за добивање земјоделски субвенции да биде продолжен до 20 октомври годинава. Субвенциите се однесуваат за поледелство, сточарство и аквакултура. Ова денеска го изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев кој истакна дека во овој рок сите земјоделци ќе можат да ги поднесат своите апликации, да поднесат документација врз основа на која,  како што рече, ќе добијат средства кои оправдано ги заслужиле со својот вложен труд. Тој образложи дека оваа одлука е донесена по поголем број теренски посети кои ги извршиле специјализирани владини тимови,…

повеќе...

Дебрца е едно од најдобрите подрачја за сточарско производство

Денеска во просториите на општина Дебрца во с.Белчишта се одржа работилница на тема „Технологија на одгледување на буша говеда и воведување на органско производство на фарма со буша говеда“. Оваа работилница е дел од проектот „Заштита на автохтоната раса на говеда буша“, кој го спроведува Здружението на граѓани „Чекор напред“, во соработка со Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ). Истиот започна да се реализира во месец март 2013, а ќе трае до месец мај 2014 година. Целта на проектот е заштита на автохоната раса на говеда…

повеќе...

На 2 септември завршува заштитната мерка за условен увоз на пченица од странство

Пазарот се стабилизира, се надминува предизвикот, и се создаваат услови за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица од странство, и таа ќе се престане да важи на 2 септември годинава, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Оваа одлука е донесена, објасни Ѓорѓиев, откако е оценето дека сериозно е стабилизиран пазарот со пченица. „Домашното производство е околу 95 отсто откупено со што се создадоа услови за повлекување на заштитната мерка“, изјави Ѓорѓиев. Тој информира дека Владата била информирана и дека финишираат процесите за стабилизација и на пазарот на…

повеќе...

Земјоделците до 20 септември можат да аплицираат за субвенции

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, на прес-конференција истакна дека на вчерашната седница Владата на Република Македонија ја разгледуваше состојбата во областа на земјоделието и земјоделските субвенции, при што врз основа на барање на земјоделските здруженија и на земјоделците беа донесени три одлуки кои се во нивен интерес и ги подобруваат можностите и условите за искористување на земјоделските субвенции кои земјоделците ги добиваат од страна на државата. Прво, Владата донесе одлука за продолжување на рокот за аплицирање за добивање на земјоделски субвенции од Програмата за субвенции за 2013…

повеќе...

Министерот Димовски учествува на Меѓународниот саем за земјоделство и храна во Словенија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчo Димовски го посети саемот за земјоделство во Горна Радгона, Словенија. По повод отворањето на Агра – 51 Меѓународен саем за земјоделство и храна, министрите за земјоделство кои беа присутни на саемот беа поздравени од НЕ Аленка Братушек, Претседател на Владата на Република Словенија. НЕ Аленка Братушек го отвори саемот и им посака добредојде на министрите за земјоделство и изрази надеж за продолжување на соработката во областа на земјоделството.

повеќе...

Доста беше туризам, време е за земјоделие

Замре „лудилото“ наречено туризам. Со наближувањето на почетокот на учебната година, заминаа туристите, викендашите, сите оние кои секоја година прават гужва во Охрид особено една недела пред и по Илинден. Голем број од нашите сограѓани беа зафатени со туризам, а штом се послободни, време е да се зафатат и со земјоделските работи. WebOhrid

повеќе...

Подготвителни активности за претстојната откупна сезона на винското грозје

Во рамки на подготвителните активности за претстојната откупна сезона на винското грозје, министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржаа работна средба со претставницитe на винскиот сектор од Република Македонија. На средбата беа опфатени повеќе теми поврзани со досегашниот откуп на вискоквалитетните сорти на винско грозје, претстојниот откуп на винското грозје и организираноста на сите инволвирани страни во процесот на откупот, при што претставниците на винскиот сектор беа информирани за очекувањата и барањата на лозаропроизводителите, кои беа презентирани на последната средба со лозаропроизводителите, со посебен акцент на барањето…

повеќе...

Зголемена цената на компирите, а намалена кај доматите

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во јули 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај компирите, кромидот и тиквичките. Најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, дињите, црешите и вишните. Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во јули 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај компирите, кромидот и тиквичките. Најголемо намалување се забележува кај црвените домати, зелката, лубениците и дињите.

повеќе...

ИПАРД: Продолжен рок за поднесување барања

Се продолжува рокот за поднесување барања за користење средства одпрограмата ИПАРД 2007-2013. Заинтересираните ќе можат да аплицираат до 30 септември. Целта е да се овозможи ефикасно искористување средства од оваа програма, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Финансиските средства од програмата се наменети за инвестиции наземјоделски стопанства, за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности. Потребната документација за подготовка и поднесување…

повеќе...

Приоритет е функционирањето на пазарот на пченица, не се исклучува можноста за интервентен откуп

Во овој момент одлука за интервентен откуп на пченица нема од страна на Владата на Република Македонија, но тоа не го исклучуваме како опција согласно приликите кои што ќе се случуваат. Владата остава производителите и откупувачите сами да се договорат околу откупот на пченицата. Ова денеска го изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев одговарајќи на новинарски прашања во врска со изјавата на претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров. „Во моментов ориентирани сме на дополнително стимулирање за функционирање на пазарниот инструментариум и постигнување решенија помеѓу двете страни кои се наоѓаат на…

повеќе...