Со поддршка на Министерството за земјоделство, Општина Охрид ќе го развива руралниот туризам

Можноста за развој на руралниот туризам  во општина Охрид беше една од темите на разговор на денешната средба остварена помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски. Министерот изрази силна волја за поддршка на развојот на руралниот туризам  во делот на изградба на патната инфраструктура што е од големо значење за општина Охрид. „Ние како министерство со општина Охрид во делот на развој на туризмот не би можеле да имаме конкретна соработка, но во делот на руралниот туризам, во делот на селскиот туризам   и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески најави изградба на откупен центар во Охрид

Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески после денешната средба со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димоски најави изградба на откупен центар за овошје. „Една од темите на која беше разговарано се однесуваше на можноста за отворање на откупен центар и ладилник во с. Лакочереј за кој веќе Секторот за урбанизам и просторно планирање при Локалната самоуправа пристапи кон изработка на планска документација за пренамена  на земјиштето на тој дел врз основа на кое што подоцна ќе следат постапки за договарање со странски инвеститор.Во изминатиов период имавме голем број…

повеќе...

Димовски: Условениот увоз на пченица и брашно останува на сила до стабилизација на пазарот

Мерката за условен увоз за пченица и брашно останува на сила до предвидениот рок до 31 декември годинава, односно се до стабилизирање на пазарот и редовниот откуп на македонска пченица и нема да претрпи никакви измени, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Појасни дека реципрочни мерки за македонските домати и вино од страна на Србија, која се најде најпогодена од мерката, и покрај најавите нема да има, пред се поради, како што рече, брзата реакција од македонска страна и цврстите аргументи за нејзиното воведување. „Мерката не се…

повеќе...

Работилница за поефикасно остварување на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Во согласност со Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година, во организација на Секторот за туризам и локален екомски развој и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, денес се одржа едукативно информативната работилница со што заинтересираните граѓани, земјоделци и приватни стопанственици и пошироката јавност, како и претседателите на месните заедници на селата во Општина Охрид беа запознаени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој. Упатства за корисници, национални програми, новите измени…

повеќе...

Работилница за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Се известуваат сите заинтересирани граѓани, земјоделци и приватни стопанственици, хотелиери и пошироката јавност дека на 19 Јули (Петок) со почеток во 11:00 часот во Големата Сала на Општина Охрид ќе се одржи едукативно информативна работилница за можностите за искористување на средствата од ИПАРД програмата како и за средствата од Агенцијата за рурален развој во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, а во соработка со Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година.…

повеќе...

Сахара Груп ќе инвестира во Џумајлија

Сахара Груп во следните три години ќе инвестира во агрокомбинатот Џумајлија околу 211 милиони евра, ќе вработи над 2000 лица и ќе изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда.  „Оваа инвестиција за нас е можност да се развиваме во сегмент што го владееме одлично. Млечната индустрија има можности за развој единствено ако се вложат средства. Без инвестиции ниеден бизнис не е оддржлив, а посебно не сегментот на земјоделството каде тие се повеќе од потребни. Нашите намери во оваа земја се искрени, а со…

повеќе...

Можноста за повторен упис на винарниците во Винскиот регистар е од корист и за лозарите и за винарниците

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, на прес-конференција истакна дека Владата на Република Македонија на минатата седница го усвои Предлог законот за измени и дополнување на Законот за вино, чија суштина се состои од предвидување на можноста за повторен упис во Регистарот на вино за оние малку винарници кои биле избришани од него заради неисполнување на роковите за подмирување на обврските кон лозарите, а кои во меѓувреме ги исполниле истите тие обврски. Регистарот на производители на вино беше воспоставен со цел да бидат регулирани и ставени во правна рамка…

повеќе...

Исплатeни 338 милиони денари субвенции за земјоделците

Министерството за финансии денеска исплати 338 милиони денари на 9.055 земјоделци за повеќе мерки. Како што се наведува во соопштението, за продадени градинарски култури во преработувачките капацитети исплатени се 44,2 милиони денари на 1.541 земјоделец. За градинарско производство исплатени се 26,9 милиони денари на 1.347 лица. За контролирани услови на домати и пиперки исплатени се 9,4 милиони денари на 68 земјодлеци. За житни култури со семенски материјал исплатени се 41,5 милиони денари на 615 земјодлеци. За оризова арпа исплатени се 11,2 милиони денари на 643 земјоделци, додека за мерката одгледување…

повеќе...

Презентирани новите измени и начинот на користење на ИПАРД програмата

Во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, а во соработка со Секторот за управување со ИПАРД програмата во Република Македонија, вчера во Големата сала на Општина Охрид со почеток во 19:00 часот, согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година се одржа инфо ден со што заинтересираните граѓани, земјоделци и приватни стопанственици и пошироката јавност беа запознаени со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средства од програмата. Новите измени во ИПАРД Програмата…

повеќе...

Договорена откупната цена на пченицата

Мелничарите и производителите на пченица, на средба во Свети Николе, на која присуствуваше и министерот Љупчо Димовски ја договорија откупната цена за годинашната пченица. До 76 хл тежина, цената ќе биде 13 денари, од 76 до 78 хл тежина цената ќе изнесува 14 денари и над 78 хл тежина цената ќе изнесува 15 денари. Двете страни, како што соопштија по состанокот, се задоволни од договореното. Согласно разговорите, преработувачите треба на видно место да ја објават конечната цена по која ќе го откупуваат лебното жито. Ова е шеста средба на мелничарите…

повеќе...