Македонија и Унгарија имаат простор за продлабочување на соработката во земјоделството

Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари денеска имаше работен состанок со државниот секретар за економска дипломатија на Унгарија Левенте Маѓар. На средбата во МЗШВ соговорниците истакнаа дека двете земји имаат простор и интерес за соработка за сите области во земјоделството. Потврда за тоа е и досегашното искуство, кое може да биде дополнето и со изработка на кафилерија. Токму за реализација на таков проект во Македонија, во моментов има интерес од една унгарската фирма. „Ние мора да направиме и ќе направиме кафилерија, што е обврска на…

повеќе...

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 22.9% во однос на истиот период од претходната година. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 41.6%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 34.0%. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските и фуражните растенија, овошјето, добитокот, млекото и рибата, а намалување е забележано кај: зеленчукот, алкохолните пијалаци, живината и јајцата…

повеќе...

ДЗС: Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е намален, а кај аутпутот е зголемен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во март 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 8,1%, а кај аутпутот е зголемен за 5,2%. Во март 2015 година, во споредба со март 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 91,4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101,0. Во делот аутпут, во март 2015 година, во споредба со март 2014 година, индексот на…

повеќе...

Индекси на цените во земјоделството, февруари 2015

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во февруари 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 8.4%, а кај аутпутот е зголемен за 5.9%. Во февруари 2015 година, во споредба со февруари 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 91.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.9. Во делот аутпут, во февруари 2015 година, во споредба со февруари 2014 година, индексот на…

повеќе...

Јавен повик од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Р.Е Охрид

Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој го објави ЈАВНИОТ ПОВИК бр.01/2015. Со оваа програма се обезбедува финансиска подршка за Млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност за Инвестиција за модернизација на земјоделски стопанства. Целта на оваа мерка е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди утврдени со законите од областа на земјоделството. Мерка 112 – Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност Оваа мерка е се поактуелна за млади фармери кои сакаат да отпочнат бизнис во земјоделството преку…

повеќе...

Министерот Цветков на конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промени“ во Охрид

Претставници на асоцијациите на земјоделски задруги од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Словенија учествуваат на регионалната конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промени“ што во организација Асоцијацијата на земјоделски задруги на Република Македонија од денеска се одржува во Охрид. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков во обраќањето пред учесниците на собирот ги претстави сите мерки што државата ги презема во однос на задругарството, меѓу кои финансирањето на апликациите за набавка на земјоделска опрема, обезбедување обуки за задружните произведувачи, ангажирањето менаџери за помош…

повеќе...

Индекси на цените во земјоделството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 8.3%, а кај аутпутот намалувањето е за 2.2%. Во јануари 2015 година, во споредба со јануари 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 91.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.6. Во делот аутпут, во јануари 2015 година, во споредба со јануари 2014 година, индексот на…

повеќе...

Оглас за раководни лица во Министерството за земјоделство

Владата преку оглас бара нови раководни лица за четири сегменти во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Пријавените ќе имаат еднакви шанси, а ќе бидат ангажирани најспособните и најсоодветните кои ќе придонесат за понатамошен развој. Според огласот се бараат раководни позиции за сегментите регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, за лозарство, винарство и овоштарство, за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели и раководно лице во Телото за управување со средства од петтата компоненета ИПА (ИПАРД). – Ова се многу битни позиции…

повеќе...

Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во декември 2014 година изнесува 1 556 320 илјади денари што претставува намалување за 26.9 % во споредба со декември 2013 година. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 35.8%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 3.9%. Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, фуражните растенија, алкохолните пијалаци, млекото и млечните производи, додека намалување се забележува кај: индустриските, градинарските растенија,…

повеќе...

Земјоделци – Истекува рокот за регистрација и пријавување за паушално оданочување со персонален данок

Од УЈП ги потсетуваст граѓаните кои се занимаваат со земјоделство како основна или дополнителна дејност и кои оствариле приход до 1.300.000 денари во 2014 година, дека истекува рокот за користење на можноста да се регистрираат и пријават во УЈП за паушално оданочување со персонален данок. Постапка за регистрација на земјоделците и пријавување за паушално оданочување Доколку досега не сте регистрирани во Управата за јавни приходи како даночен обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, потребно е, најдоцна до 31 јануари 2015 година, до Управата за јавни приходи да поднесете: Пријава…

повеќе...