Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 6.4%, а кај аутпутот е намален за 6.7%. Во декември 2014 година, во споредба со декември 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 93.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.6. Во делот аутпут, во декември 2014 година, во споредба со декември 2013 година, индексот на…
повеќе...Tag: земјоделство
Наскоро бесцаринска трговија со Турција и за земјоделско-прехранбени производи
Економските и трговските односи меѓу Македонија и Турција беа главни теми на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Беким Незири и неговиот турски колега Нихат Зејбекчи, кој престојува во земјава во рамките на работната посета на премиерот Ахмет Давутоглу. На средбата министерот Зејбекчи предложи да се прошири Договорот за слободна трговија меѓу двете земји потпишан во 1999 година и да има бесцаринска трговија не само за индустриски, туку и за земјоделско-прехранбени производи. „Со ЕУ нашата земја има царинска унија, но без либерализација во земјоделскиот сектор. Затоа,…
повеќе...Окрупнување на земјиштето за подобро земјоделство
Фрагментацијата на земјиштето и големиот број просторно раздвоени парцели се уште е една од клучните слабости на македонското земјоделство. Го лимитира обемот на производството, ги зголемува трошоците и оневозможува примена на современи агротехнички мерки. Тоа, пак, се одразува врз генералната продуктивност, економичноста, приходите и конкурентноста, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на денешната работилница за консолидација на земјиштето. Според Цветков, промената на постојната состојба е комплициран и долготраен процес за чие надминување или ублажување, покрај функционирањето на пазарот, соодветна улога треба да одиграат и структурните политики на…
повеќе...Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 2.6% на годишно ниво. Во октомври 2014, во споредба со септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6.3%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0.7%. Во октомври 2014, во споредба со октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се…
повеќе...Индекси на цените во земјоделството
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3.8%, а кај аутпутот е зголемен за 5.5%. Во ноември 2014 година, во споредба со ноември 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 96.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.6. Во делот аутпут, во ноември 2014 година, во споредба со ноември 2013 година, индексот на…
повеќе...Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во октомври 2014 година изнесува 1 104 918 илјади денари што претставува зголемување за 3.9% во споредба со октомври 2013 година. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена 16.5%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 11.2%. Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, градинарските растенија, грозјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото и рибата, а додека намалување се забележува кај…
повеќе...Обуки за регистрација и паушално оданочување на земјоделците
Четврток, 04.12.2014 – Петок, 26.12.2014, Муртино, Долна Белица, Панчарево, Радовиш, Кукуречани, Горно Лакочереј, Бучин, Долно Лакочереј, Митрашинци, Скопје, Липково, Долно Оризари, Вардино, Делогожда, Обршани, Лозово… Период: Од 4 до 26 Декември 2014 година Локација: Муртино, Долна Белица, Панчарево, Радовиш, Кукуречани, Горно Лакочереј, Бучин, Долно Лакочереј, Митрашинци, Скопје, Липково, Долно Оризари, Вардино, Делогожда, Обршани, Лозово, Гевгелија, Банско, Гостивар, Подмочани, Ранковце, Росоман, Единаковци, Ропотово, Радолишта, Чашка, Будинарци, Крива Паланка, Просениково, Младо Нагоричане, Свети Николе, Пробиштип, Робово, Грнчари, Виница, Неготино, с.Пирава- Валандово, Ратево, Сопотница, Ложани, Владимирово, Куманово и Крани. Организатор: Управа за јавни…
повеќе...Доставени сите материјали за извозот на земјоделските производи во Русија
Македонската Влада ги достави сите потребни информации до Руската Федерација во врска со извозот на земјоделски производи во оваа земја. Целокупниот предмет беше комплетиран и во понеделникот преку Министерството за надворешни работи и македонската Амбасада во Москва е предаден на федералната служба за фитосанитарен и ветеринарен надзор на Руската Федерација во соодветна процедура. Ова го соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, кој рече дека Владата во изминатата недела задолжила поголем број институции да извршат увид за проверка на фактичката состојба во врска со извозот на земјоделски производи во Руската Федерација.…
повеќе...Индекси на цените во земјоделството
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4.0%, а кај аутпутот е зголемен за 9.1%. Во октомври 2014 година, во споредба со октомври 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.5. Во делот аутпут, во октомври 2014 година, во споредба со октомври 2013 година, индексот на…
повеќе...Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември 2014 година изнесува 1 430 755 илјади денари што претставува зголемување за 7.8% во споредба со септември 2013 година. Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 5.9%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 10.6%. Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, фуражните растенија, грозјето, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување се забележува кај…
повеќе...