Денот на независноста неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 8-ми септември (вторник), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на независноста.

повеќе...

Топло добредојде за првачињата во модел училиштето „Братство-Единство“ Охрид

Со мултиетничка програма, која ја подготвија ученици и наставници од ОУ „Братство – Единство“, Охрид се одбележа почетокот на новата учебна година и се изврши прием на првачињата во Централната зграда на ОУ „Братство Единство“ и во зградата Лескајца. Топло добредојде во училиштето и среќен почеток во образованието на првачињата им посака директорот на училиштето, Муамер  Доко. „Денес училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година, а со него и почетокот на новите училишни авантури. Денес, за прв пат ќе седнете во училишните клупи, од каде во наредните години ќе црпите…

повеќе...

Голема Богородица – неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (“Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 28 август 2015 година (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им ја честита Голема Богородица.

повеќе...

Денот на Републиката неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 2-ри август 2015 година (недела), Ден на Републиката, односно 3-ти август 2015 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на Републиката.

повеќе...

Петок, првиот ден на Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани

Петок, 17-ти јули е неработен ден за сите граѓани на Македонија по повод првиот ден на Рамазан Бајрам, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од исламска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

повеќе...

Нападнати матуранти затоа што го истакнале македонското знаме

Вчера околу 22,30 часот во Скопје на бул.„Александар Македонски“, пред хотел „Континентал“, од страна на повеќе лица, физички биле нападнати А.У.(19) матурант и М.А.(22). Причина за физичкиот напад е поради истакнување на македонско знаме во холот на хотелот. Притоа, М.А. бил удрен со тупаница од што се здобил со црвенило и оток, а А.У. бил удрен со шише во пределот на главата и се здобил со расекотина на челото. Потоа, околу 02,15 часот на 26.05.2015 година, дошол Т.А.(41)- родител на матурантот за да ги земе децата по завршување на прославата. Според…

повеќе...

Идентификувано и лицето што го кинеше македонското знаме

Благодарение на снимките кои со наредба од надлежниот Јавен обвинител беа прибавени од медиумите што ги следеа бруталните и насилни протести, Министерството успеа да идентификува 18 лица кои со бекатон плчки, метални шипки, шишиња и други предмети, повредија 38 полициски службеници. Освен сниммките од медиуми, вандалското однесување е документирано и преку безбедносниот видеонадзор и во форма на кривична пријава и посебни извештаи доставено до надлежниот Јавен обвинител. Во кривичната пријава поднесена до Јавниот обвинител точно е наведено дејствието на секое идентификувано лице, доставен фото албум од неговото учество во нападите…

повеќе...

ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Денот на Европа

Покрај другите училишта во општина Охрид и ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во одбележувањето на Денот на Европа. Училиштето ја претставуваше Хрватска, а вредните ученици покрај материјалите кои ги изработија се претставија со закуска во која можеа да уживаат посетителите. „Во прекрасна атмосфера и добра организација покрај настапот на нашите хористи и дел од оркестарот, учениците кои беа на штандот со насмевки го споделуваа наученото за оваа држава.“– велат од училиштето.

повеќе...

Уште два продолжени викенди овој месец

До крајот на месец мај не очекуваат уште два празнични викенди. Уште еден продолжен викенд нè очекува кон крајот на мај. Имено, празникот „Свети Кирил и Методиј” се паѓа во недела, па затоа следниот ден (понеделник) ќе биде неработен за сите граѓани на земјава. По три дена работа, православните граѓани добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај – Духовден.

повеќе...

Богојавление – Водици неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 19-ти јануари (понеделни), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Богојавление (Водици).

повеќе...