Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,80%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 18.09.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит во однос…
повеќе...Author: Vasko
ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Господине Ногачески изминативе години лично вие сте подигале дневници за патувања
Во врска со соопштението од ОО СДСМ Дебрца, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, во која стои: „Ногачески, човекот кој повторно тони во сопствените лаги, и сам си плете мрежа, повторно и повторно ја замајува јавноста. Доколку Господине Ногачески, зборувате и обвинувате за нешто што не е вистина како што тврдите, изминативе години додека Општина Дебрца ја водеше Трајкоски, лично Вие сте подигале дневници за патувања во земјата и доколку имавте доблест и грижа за Општина Дебрца, зошто не се откажавте од дневниците кои Вие лично ги подигавте од касата на…
повеќе...СДСМ Дебрца: Трајкоски успеа трошоците за службени патувања да ги зголеми за 25 пати!
ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Трајкоски не само што на големо трошел општински пари за гозби и ручеци, туку во изминативе четири и нешто години многу милувал да патува на општинска сметка. Завршните сметки покажуваат дека во 2013 година за дневници за патувања во земјата потрошени се 122.000 денари, во 2014 година потрошени се 178.800 денари, во 2015 година потрошени се 200.400 денари, во 2016 година потрошени се 178.920 денари. За споредба, за време на претходната локална власт, во 2012 година потрошени се само 8.000…
повеќе...Светски ден на живеалиштата
Обединетите нации го назначија првиот понеделник од октомври како Светски ден на живеалиштата, за да ја прикажат состојбата на нашите градови, како и основното право на соодветно засолниште за сите. Исто така, го потсетува светот дека сите ние имаме моќ и одговорност да ја оформиме иднината на нашите градови. Секоја година, Светскиот ден на живеалиштата зазема нова тема за промовирање на политики за одржлив развој кои обезбедуваат соодветно засолниште за сите. Темата за 2017 година е „Политики за домување: Достапни домови“. Овие теми често промовираат една од главните области на кои што…
повеќе...Меѓународен ден на ненасилство
Меѓународниот ден на ненасилство се одбележува на 2 октомври, роденденот на Махатма Ганди, лидерот на движењето за независност на Индија и пионер на филозофијата и стратегијата на ненасилство. Според резолуција на Генералното собрание A/RES/61/271 од 15 јуни 2007 година, со која беше формирана комеморацијата, Меѓународниот ден е прилика да се „пренесе пораката на ненасилство, вклучување преку едукација и подигање на јавната свест“. Резолуцијата го потврдува „универзалното значење на принципот на не-насилството“ и желбата „да се обезбеди култура на мир, толеранција, разбирање и ненасилство“. Претставувајќи ја резолуцијата на Генералното собрание на…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ изненадени од јавно искажаните коментари на Константин Георгиевски, носител на советничката листа на СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „ВМРО-ДПМНЕ со изненаденост ја прими информацијата за јавно искажаните коментари на Фејсбук профилот во соптвеност на Константин Георгиевски, носител на советничката листа на СДС, каде што тој не одбира зборови со кои јавно се изразува на највулгарен начин. Дотолку повеќе што граѓаните покрај на медиумите, сами ги читаа овие вулгарности на неговиот профил. Ја повикуваме СДС јавно да се огради од неговите испади и да им се извини на граѓаните за ваквите најблаго кажано – испади на носителот на нивната…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: СДС обвинува за расипничко однесување, а колку „домаќински“ се однесуваше самата, никогаш не е касно да се дознае
Во врска со соопштението од ОО СДСМ Дебрца, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца, во која стои: „СДС обвинува за расипничко однесување, а колку „домаќински“ се однесуваше со општинскиот буџет самата, јавноста никогаш не е касно да дознае. Имено кога СДС зборува за трошење нека си ги погледне картиците од 2006 и 2007 година, каде имаат потрошено за гозби и ручеци неверојатни суми на средства и кога би се направила компарација помеѓу овие години и сега кога трошоците за живот се драстично зголемени во однос на 2006 и 2007, ќе се…
повеќе...СДСМ Дебрца: Зошто Трајкоски на граѓаните не им каже колку пари трошел за гозби и ручеци!?
ОО СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Ако имаше малку доблест, а ја нема, Трајкоски ќе им кажеше на граѓаните на Дебрца колку пари од Буџетот на општината трошел за гозби и ручеци. А, очигледно е дека човекот баш многу милувал да се гоштева и затоа на општинска сметка се јадело и пиело без мерка. А и зошто не? Туѓите пари најлесно се трошат. Ако државата / општината го плаќа цехот, за цената не се прашува. Од завршните сметки на општината се гледа дека во изминативе четири…
повеќе...Меѓународен ден на постарите лица
На 14 декември 1990 година Генералното собрание на Обединетите нации (со резолуцијата 45/106) го назначи 1 октомври за Меѓународен ден на постарите лица. Тоа беше проследено и со иницијативи како беше Виенскиот меѓународен акционен план на стареењето – кој беше усвоен од страна на Светското Собрание на стареењето во 1982 година, и усвоено една година подоцна од страна на Генералното собрание на ОН. Во 1991 година, Генералното собрание (со резолуцијата 46/91) ги усвои начелата на ОН за старите лица. Во 2002 година, Второто Светско Собрание на стареењето го усвои Мадридскиот…
повеќе...Реализирана хуманитарната спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“
Градскиот плоштад во Охрид денес пулсираше во ритамот на хуманоста, спортот, дружењето, здравјето и знаењето. Бројни посетители и учесници од сите возрасти, беа дел од хуманитарната спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, која во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со Стоматолошкиот центар д-р Баткоски, се реализираше на Градскиот плоштад во Охрид и уживаа во разновидните спортско-рекреативни, здравствено-едукативни и културно-забавни содржини. Главната трка го означи стартот на оваа акција, за потоа младите да го изразат својот спортски дух натпреварувајќи се во фудбал, баскет, бадминтон, пикадо, шах, прецизно возење велосипед,…
повеќе...