ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба

По повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати честитка во која стои: „ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерната борба. Овој ден не потсетува на решителноста и одлучноста и пожртвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава. Симбол на непокор, патриотизам и правда. Денес им оддаваме почит на шесте великани кои ги удрија темелите на македонската револуционерна борба, кои преку Илинденското востание, а потоа и НОБ и 8 септември, израснаа…

повеќе...

Одиграно 11 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 11 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Скопје  1:1  Академија Пандев Победа  1:0  Вардар Работнички  2:0  Пелистер Шкендија  4:1  Шкупи Силекс  0:0  Ренова На врвот од табелата останува Шкендија со 28 бодови. На листата на стрелци води Ферхан Хасани со 9 постигнати голови, пред Бесарт Ибраими со 7 голови, Фелипе и Кире Маркоски со по 5 постигнати голови. #  Прва МФЛ 2017/18   Натпревари   Победи   Нерешени   Порази   Голови   Бодови   1.  Шкендија  11  9  1  1  34:13  28  2.  Вардар  9  6  1  2  16:8  19  3.…

повеќе...

Убавица на четири тркала

Најчесто автомобилите ги нарекуваат „убавец на четири тркала“. Но, и покрај тоа што станува збор за „Спарк“, нашиот сограѓанин решил својот автомобил да го направи убавица со тоа што му ставил трепки на неговите предни фарови. WebOhrid

повеќе...

Фени Индустри поуспешен од АВ Охрид

Во рамките од третото коло од Првата Македонска кошаркарска лига, тимот на Фени Индустри беше поуспешен од АВ Охрид. На трикратниот шампион во домашното првенство му беа потребни пет дополнителни минути игра за да го совлада противникот во третиот натпревар за оваа сезона. „Галебите“ речиси ја имаа победата в рака, но во финишот останаа без концентрација, домаќинот тоа знаеше како да го искористи за да се избори за продолжение во кое за пет минути постигна двојно повеќе поени од гостинскиот состав. Фени Индустри – АВ Охрид 92-82 (18-22, 24-9, 14-20, 18-23,…

повеќе...

Три финалисти за филмската награда „Лукс“

Европскиот парламент и годинава традиционално ќе ја додели наградата „Лукс“ за најдобар европски филм во кој се ставаат на предизвик нашите предрасуди и се покренуваат прашања за европскиот идентитет. Овогодишни финалисти се: „Sámi Blood“, „Western“ и „BPM (Beats per minute)“, филмови со силни ликови кои се борат за својот идентитет. „Sámi Blood“ е филм на шведската режисерка Аманда Кернел, во кој станува збор за 14-годишната девојка Лап, којашто сонувајќи за еден поинаков живот, ја напушта својата заедница, но притоа се соочува со расизам; „Western“ во режија на Германката Валеска Гризебах,…

повеќе...

Јаховиќ со два нови голови

Јаховиќ повторно стрелец на два голови. Денес, во рамките од турската Супер лига, Гозтепе на домашен терен играше против Аланијаспор. Јаховиќ го отвори резултатот во 41 минута, со што Гозтепе водеше на полувреме со 1:0. Во второто полувреме гостите изедначија на 1:1 во 66 минута. Гозтепе повторно дојде во водство во 72 минута, а Јаховиќ зголеми и на 3:1 во 74 минута. Кога се чинеше дека се е решено, домашните некако се опуштија особено во одбраната и примија два голови во 87 и во 90+2 со што натпреварот заврши без…

повеќе...

Регистрирани три нови случаи на мали сипаници во земјава

Во текот на изминатата недела (14.10 – 20.10.2017) регистрирани се три нови случаи на мали сипаници во Р. Македонија, со што вкупниот број на заболени, заклучно со 20.10.2017 изнесува 17 случаи. Од вкупниот број на заболени, во однос на местото на живеење, 10 лица живеат во нас. Маџари-Кванташка депонија, две лица се од Чаир, а по едно лице е регистрирано во с. Сопиште, нас. Шуто Оризари и с. Кондово. Едно од пријавените заболени деца е странски државјанин (Липљан, Косово). Едно лице од новопријавените во последната недела е со место на…

повеќе...

ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата „Од децата – за децата“

Под мотото „ОД ДЕЦАТА – ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид училиштето „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта (16-22 октомври). Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности прибраа различни прехрамбени производи и средства за хигиена. Производите беа подигнати од страна на волонтерите на општинскиот Црвен крст каде понатака би ги спакувале во соодветни картонски кутии кои ќе им бидат поделени на децата од социјално најзагрозените семејства. Ваквите акции го подигнуваат нивото на свест кај…

повеќе...

Пакет мерки за безбедносна заштита на граѓаните на ЕУ

Европската комисија предложи пакет оперативни и практични мерки за борба против тероризмот, кои треба да се спроведат во текот на следните 16 месеци за подобра заштита на граѓаните на Европската Унија, со крајна цел обезбедување ефективна и вистинска безбедносна унија. Овие мерки ќе им помогнат на земјите-членки да ги адресираат слабостите изложени од терористичките напади и ќе делуваат на подобрувањето на безбедноста. Пакетот мерки вклучува: Поддршка на земјите членки во заштита на јавните простори; Затворање на просторот во кој терористите можат да работат, со ограничување на пристапот до експлозивни прекурзори…

повеќе...

Трајкоски: Oпштина Дебрца ја предаваме со позитивно салдо од 879.269 денари

Општина Дебрца го направи својот избор и согласно тоа секогаш треба да се почитува волјата на жителите на Општина Дебрца. Впрочем тоа ми преставувало главно мото во изминативе 4.5 години, вели во известување до новинарите досегашниот градоначалник на Дебрца, Игор Трајкоски. Трајкоски, на новиот градоначалник на Општина Дебрца, Зоран Ногачески му го честита мандатот и му посакува успех во реализацијата на проектите поврзани со Општина Дебрца. „Напоменувам дека во мојот мандат општината имаше најголем прогрес па оттука се надевам дека и половичната негова реализација на она што го спроведовме додека бевме…

повеќе...