Полицијата трага по непознат сторител кој физички нападнал стружанец

Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на засега непознат сторител, кој синоќа околу 22 часот пред угостителски објект во Струга извршил физички напад врз В.Ј. (32) од Струга. Физичкиот напад е случен пред угостителски објект на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга каде, засега непознатиот, пристигнал со патнички автомобил и од кафе барот го повикал В.Ј. надвор да поразговараат. Тука, во еден момент од меѓусебната комуникација, засега непознатиот сторител, физички го нападнал В.Ј. задавајќи му два удари со тупаници во пределот на главата по што, со брзање избегал со…

повеќе...

Кривична за жители од Горенци и Требеништа кај кои е пронајдено нелегално оружје

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(36) од охридското село Горенци како и против Н.С.(54) од селото Требеништа. На 20-ти минатиот месец, по писмена наредба од Судија на претходна постапка, полициските оперативци извршија претрес во домот на С.Т. во селото Горенци. Притоа, пронајдоа 3 пушки, 127 куршуми различен калибар, 3 празни кожни реденици за муниција и 2 прибори за чистење на оружје. Тој, оружјето и муницијата ги поседувал нелегално односно немал…

повеќе...

Вардар поразен со високи 0:6 од Реал Сосиедад

Вардар го претрпе и третиот пораз во групната фаза од Лигата на Европа. Вечерва Реал Сосиедад славеше триумф над „црвено-црните“ со убедливи 0:6. Противникот беше подобар, поискусен од нашиот тим, и сосема заслужено треба да им се честита на овој триумф. Момците на Чедомир Јаневски шансата за првите бодови ќе мора да ја чекаат на некој од следните натпревари во ова натпреварување. Уште по првиот дел Вардар имаше негатива од три гола. Реал Сосиедад успеа да дојде до убедливо водство. Три гола во мрежата на Гачевски, во прв дел со…

повеќе...

Апел за помош за жртвите на трговија со луѓе

По повод Денот на Европската Унија за борба против трговијата со луѓе, кој се одбележа на 18 октомври, европратениците упатија апел до земјите од ЕУ за подобро спроведување на постојните закони и зголемување на поддршката за жртвите. Според извештајот на Европската комисија, помеѓу 2013 и 2014 година, земјите од ЕУ пријавиле 15.846 жртви на трговија со луѓе, од кои 76% се жени и девојчиња, но се претпоставува дека вистинскиот број на жртви е далеку поголем. Статистиката вели дека две од три (67%) регистрирани жртви биле тргувани за сексуална експлоатација, 21%…

повеќе...

Две сонца изгреаа над Охрид

Охрид го огреаа две изгрејсонца. Утрово, над планината Галичица можевме да видиме две изгрејсонца. Едното беше она вистинското, додека пак другото беше атмосферска оптика, односно прекршување на зраците при што беше формирано лажно Сонце и мало виножито. Пред да изгрее вистинското Сонце, повеќе светеше она лажното! WebOhrid

повеќе...

АВ Охрид претрпе пораз од Ловќен во АБА 2 лигата

Екипата на АВ Охрид го одигра вториот натпревар во АБА 2 лигата, при што го забележа и вториот пораз оваа сезона. Охриѓани гостуваа против тимот на Ловќен 1947 Цетиње. Домаќинот беше супериорен во текот на целиот натпревар, првата четвртина ја доби со 24-17, втората со 23-20, третата со 24-17 и четвртата со 23-18, за вкупен резултат од 94-72. „Можам да бидам задоволен со резултатот. Ова е прва победа, но не премногу добра, поради екипата од Охрид која цело време играше зонска одбрана што не ни даде шанса да се разиграме.…

повеќе...

Свечено одбележан патрониот празник на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Денес OУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид, свечено го одбележа 18ти октомври, Патрониот празник на училиштето. Претставници од училиштето оддадоа почит кон патронот, а беше положено и свежо цвеќе. Беше даден и Историски осврт за ликот и делото на Ванчо Питошески. Имаше и свечен коктел со различна гастрономска понуда подготвен и послужен од страна на учениците под менторство на стручните професори. Во рамките на одбележувањето на празникот беше одржана презентација на наградените трудови на учениците од одржаните натпревари, организирање спортски игри како и хуманитарна акција.

повеќе...

Во Охрид регистрирани 43 случаи поврзани со семејно насилство во првите 9 месеци од 2017

Во првите девет месеци од оваа година, на подрачјето на Охрид, регистрирани се вкупно 43 казнени дела поврзани со семејното насилство од кои: 14 дела „телесна повреда при вршење семејно насилство“, 27 дела „загрозување на сигурноста“ и две казнени дела „противправно лишување од слобода“. Овие казнени дела се извршени од 43 сторители против кои се поднесени вкупно 41 кривична пријава. Регистрирани се вкупно 44 жртви на семејното насилство од кои најголемиот број се женски лица (сопруги, партнерки, мајки, баби). Во помал број случаи жртви се мажи (сопрузи, партнери). Од вкупно…

повеќе...

Ученици и наставници од Холандија во посета на охридската Гимназија

Од 3 до 9 октомври 25 ученици од средното училиште од Апелдорн, Холандија заедно со нивните професори престојуваа во Охрид во посета на охридската гимназија. Посетата е во рамките на проектот за размена на ученици меѓу двете училишта, а во реализација на професорите од нашето училиште Вера Јовческа и Даниела Спироска. Соработката меѓу училиштата постои од 2014 година, првично како заедничка работа на проекти, за сега на иницијатива на училиштето од Апелдорн да премине на повисоко ниво. Гостите беа сместени кај своите пријатели, ученици од втора година, со кои веќе…

повеќе...

Кривична пријава за две лица кои изготвиле лажни испратници за дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измамување на купувачи”, продолжено казнено дело ,,фалсификување или уништување на деловни книги”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(46) од струшкото село Велешта како и против С.П. (53) од Вевчани за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на оваа година, пријавениот Е.Ќ. во својство на директор на правениот субјект „Лира 2016“ ДООЕЛ Струга, нелегално набавил 32 метри просторни дрвна маса и со употреба на погодно средство им ги отстранил ознаките. Тој, од второпријавениот С.П. вработен референт…

повеќе...